Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
И те како се разбираме
Темата е „Забрана за деца на јавни места„ со тоа авторот на темата сака да каже деца во подрум да се чуваат, без обзир дали се добро воспитани или се неранимајковци. Јас со тоа апсолутно не се согласувам! Ако некој смета во кино, музеј, библиотека има одговорни за тоа да го опоменат па и да ја напушти просторијата дал родител со дете или возрасен (има и такви бетер се од деца) ама не да се скрати правото на секое дете да присуствува таму. Под забрана се подразбира, кино-дете-стоп! итн...Забрана за пушачи е забрана за секој пушач, нема тука ама јас само една ќе запалам вечерва...
Пак ќе речам, на кој му сметаат деца како деца, нека игра шах во старачки дом.
Ја се чудам како воопшто некој може да отвори ваква тема, па и уште да се дискутира за тоа дали на ДЕЦА, абе еееј ДЕЦА, да им се забрани со закон да присуствуваат н ајавни места
Небаре ова кучиња се , и се тоа само заради исполнување нечии хирови, од типот, им сметало што трча детето по маси бе
НЕ знам дали е трагично или комично.
Пред пар дена седам на кафе у 9ка и имаше братче и сестричка, мушково ептен аздисуваше и цело време ја закачаше малата. не дека ми сметаше али си помислив у себе на мое место да беше Пуматаможам да замислам као ке превртуваше очи и ке вртеше глава
--- надополнето: 17 април 2013 во 23:47 ---
немој да се чудиш ... к'д т'д ке дојде овој тренд и кај нас. ке биде чудно исто ко на нас пушачите што не преебаа али проголтавме нема више пушење кај стигнеме, така и за ова![]()
Глупости... Земни глупости на разгалени, а демек образовани пост-тинејџери....
тие се пички смрдени гнасни некапениOвие што се демек на страна на децата и се прават мајки Терези, во првата таква прилика да можат би избркале некое дете ако им прави галама и им вика...така да нека не глумат лудило многу и нека го прифатат очигледното.
Од кај да почнам. Отпозади
Прашањето дали имаш деца, не е оти некој многу му е гајле дали имаш или не, туку дека ако имаш нема да бидеш волку наострен кон овој таканаречен "проблем", бидејќи ќе знаеш дека е сосема нормална реакција за 5 годишно дете, она што тебе ти смета.
Јасно е ко бел ден дека немаш, и дека си тинејџер можеби.
Споредбата со кошарка не ти е добра.
Во суштина споредбата е дека сакаш да збориш и паметуваш за секс, а никад не си имал, само си глеал на телевизија. Секако дека откако ќе имаш секс, ќе ти се сменат ставовите.
Понатаму глеам си побарал да се смени насловот, и во ред е тоа, бидејќи во спротитно се остава впечаток дека се бара закон да ВАС кутрите ве заштити од како што велите крекањата и нападите на петгодишни и помали деца, насекаде низ градов, на сите културно-уметнички настани и јави места.
Извини, до сега немав појма дека децата се опасни.
Повеќе добивам впечаток дека страшно е да пуштам дете у парк да шета коа ќе видам разни животињи (читај кучиња) трчаат без маски, се лигават и вршат измет, таму кај што децата си играат.
Ама тоа не ви смета вам нелиВо 21 век треба да се заштита животните, а децата се неконтролирана опасност.
Значи, ако сакаш да кажеш дека има родители кои не се трудат околу своите деца да ги научат на културно однесување, да можат д аимаат контрола врз дадени ситуации, како некои од набројаните, тоа е во ред. И никој нема да има против. Ама братче тезата ј апоставивте како што ја претставив погоре, и како што гледаш има еден куп бурни реакции.![]()
Јас обично не пишувам по овие подфоруми и не ги знам луѓето со кои ставови се. Да видов дека Vanlok уствари друго пишува наназад, на темава, ама сега
У ствари мојот пост е дефинитивно повеќе насочен кон отварачот на темава. Тоа го видов и последните неколку поста пред мојот
Vanlok ок сме, не си ти уствари од таа страна на паричката.
А море ко полицаец си еј.
Ај болдот за темата прво. Кога споменав кучиња и јавен парк пишав дека мене повеќе ми сметаат тие работи што трчаат секакви раси без маски, вршат измет кај стигнат, а после моето дете треба да игра на тое места, или не дај боже на некое од кучињата да му текне да нападне.
Тоа не е упатено до тебе, туку како многу поголем проблем според мене, на кој треба да му се обрне внимание отколку на тоа дали некое дете плачело у ресторан.
Ти кажав у реду е, смири се, прочитав наназад што си пишал, и отприлика не е којзнае колку спротивно на моето мислење. Те цитирав тебе, а може требаше без цитат да с еобратам на темава само. У реду е.
Оти продолжуваш сеа со објаснувања што и како јас носам заклучок, и притоа се темелиш на својата субјективност.
Последниот болд. Си даваш за право да ми ја кажуваш мојата вина на темаваИнтересно. Ти му доаѓаш као некој супервизор на темава изглеа
Мислам доста е за запознавање, нема потреба понатаму од лични дискусии и билдање ега.
Цревниот болд. И да напоменам иако си цитиран и се обраќам до тебе,се обраќам до сите.
Кој рекол на темава дека треба да се толерира таков сељак?
Прво што е сељачкото?
Претпоставувам дека тоа би требало да биде моментот коа детето се шета по маси, овој да не реагира и да го остави да чачка по другите маси?
Или нешто слично.
За ова ли закон ќе носиш и посебни ресторани кои ќе имаат специјалци кои ќе реагираат на секое шетање по маси на детето?
Би сакал да ги образложиш поконкретно кои ситуации во ресторанот ти сметаат ако има деца, кои постапки на родителите, и кој е степенот до кој децата би се толерирале во нивните испади, и кој е степенот за родителите пак до каде нема потреба да реагираат.
Често пати наидувам на ситуација кога на луѓето им годи кога некое детенце ќе дојде на нивната маса, и тие го закачкаат.
Јас за себе ќе кажам дека не ми смета кога доаѓаат деца на моја маса, напротив. И коа трчаат низ ресторанот ми е симпатична глетка.
Секојпат родителите ќе станат ќе се обидат да ги приберат, но секојпат наидуваат на реакции остајте ги деца се.
Затоа ме интересира така попластично што е тоа што смета од постапкит ена децата, а што од родителите. Што ќе браниме со евентуален закон, и од што ќе се заштитиш со ексклузивност каде нема деца?
Никој не мора да ни се придружи.![]()
Не знаеех оти собираш човеци за да штрајкуват против деца на јавни места, па очекуваш некој да ти се придруже...
Шо е нареден чекор, здружение на група граѓани, граѓанско движење, политичка партија, национално движење, интернационала?
Нештата шо ги говорете са некакви мали и неважни.
Секој човек шо има малку самопочит и свест нема да ги носе сопствените деца на неадекватни места. Нема потреба од забрани и слични други ограничувајна и глупости.
пс. Никак не бива да споредуваш куче и дете. Џукелата си е џукела, детето е човек.
Никој ништо нема да ти забране, а најмалку јас па да ти забранам нешто.....
Никој ништо нема да ти забране, а најмалку јас па да ти забранам нешто.
Само ти кажувам оти кутрето си е кутре, детето е дете.
Кутрето ќе си остане кутре, а детето има шанса да стане човек.
Не знам како е ситуацијата у Скопје, 2 пати годишно одам натам.
Иначе добри 90% од народо са „сељачишта“ шо упорно тврдат оти не са. Ако беа, немаше да ги има глупостите шо се дешават насегде.
Иначе, знам оти ти е сеедно шо мислат сите, не само јас. Туку куче шо лае, не апе. 20 страни пишеш како ќе почнеш да бидеш некултурна сељанка, и никак да започнеш. Јас ти викам почни од утре... И нем да цмиздреш ако некој ти ја искара џукелата од кафич на клоци...![]()