Гледам да се држам настрана од беспредметни дискусии, ама треба сите да запомните нешто, без разлика чиј фан сте. Во спортот не можеш да доминираш цела вечност, природата на нештата е таква. Ние сме среќни што живееме во ера кога на терен сме гледале тројца врвни тенисери, иднината ќе покаже дали некогаш ќе се повторат вакви времиња со вака силни играчи.
Федерер беше симбол за Вимблдон, но дојде тој момент кога почна да губи. Старост, повреди, нови конкуренти, нов начин на игра и тоа е тоа. Надал е тоа за земјата. Истото е и со него, победува од 17 години нешто што е ретко замисливо и него порано од сите други го фатија повредите. Нејсе. Ќе биде поразуван уште многу пати.
Ѓоковиќ е на врвот и ќе мине време додека не го симне некој од таму. Ќе направи тој уште некој рекорд. Иднината ќе покаже кој. И секако и Ѓоковиќ ќе почне да паѓа, зашто од врвот патот оди само надолу. Затоа не треба многу самобендисанот, цинизам или потсмевање со овие луѓе. Бидете благодарни што живеете во време кога тие играат. Кој не го разбира тоа, не го ни сметам за тениски фан. Тоа ти се посебни шарлатани кои уништуваат дискусии и го симнуваат нивото на класа спорт како што е овој.