Книги кои НЕ би ги препорачале

L

Luki Junior

Гостин
Правеш неколку грешки у чекори.. Или не ги правеш, а само си ја вртеш водата накај твојта вада.... Приказната шо ја расправаваш за одземената нива, ја расправаш оти ја знаеш приказната вонка од книгата. Рамката на рассудувајне не ти е самата книга, а општествено политичките прилики у болшевичко-социјалистичкото уредувајне. И не ја гледаш книгата како лична саможртва на Павка Корчагин шо искрено верува и е задоен од тај систем, а ја гледаш како социјалистичка реализам пропаганда шо замачкува очи на простите маси, и активно проповеда.

Додека другата е фикција, у фиктивен свет, со фиктивни карактери, и филозофско учение творба на авторката. Без разлика колку е генијална, интелегентна, добра аргументација, начитана и наоружана со факти и идеи, не може да предвиде шо може да се случе на општеството ако му се стават рамки и стеги какви шо е опишала (или теоретски, други стеги, норми, рамки и идеи). И сега авторката (исто како и ного други филозофи од сите времиина) си го задават тај луксуз, дозволуват си до детали да предвидуват резултатите у општеството, ако се стават ниините идеи у пракса. Заради таа теориска замагленост и замелушеност са умирале милиони и милиони.

И двете книги патат од истата болест, за разлика шо теоријата за првата не е напишана од Островски, а од други филозофи. У втората книга, теоријата и приказната е напишана од исти човек. Првата книга ја опишува реалното исполнувајне на теоријата низ очите на Островски (да не се лажеме Павка Корчагин = Николај Островски).
За втората книга, не сме доживеале да го видеме со сопствени очи. Ако го доживееме тава време, тогај ќе ја имаме општествената рамка да рассудуваме шо и како е проблематично на таа теорија.

И двете книги имат добри поенти, само шо требе човек да знае да ги блокира стилизираните филозофски лајна, за да може да допре до јадрото на основните идеи и учења.

пс. Ако очекуваш нето вредност од книги, заебал си се јако. :D:D:D

ппс. Дадејте други книги бе да му се невиде.... :icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr:
 
С

Спасе супата

Гостин
Не бе супер е вака да тераме инает за книги. Подобро за книги него за политика.
Според википедија книгата почнал да ја пишува во 1930 година, а ја објавиле во 32 година. Значи од револуцијата се поминати повеќе од 10 години, тиранијата веќе можела да се види. Само за споредба Мајсторот и Маргарита истотака во тоа време е почната да се пишува (објавена е подоцна од познати причини). Значи твоето објаснување дека не можеле да се видат рамките и стегите на тоа опшествено уредување паѓа во вода. Булгаков ги согледа глупостите и создаде генијално дело кое е врв во книжевноста и што уште долго нема да биде надминато. Значи возможно било човек разумно да ги согледа работите, да не забегува во пропаганди и да не пишува славопојки на коминтерната.
Жалосно е што ете денес некои наивни деца наместо да читаат вистинска литература читаат ѓубре.:sneaky:
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Мојата борба - Адолф Хитлер.
Уствари препорачувам да се прочита, оти така може да увидете што мислел и што напишал еден шизофрен, налудничав лажго. Не препорачувам на луѓе да забегаат по неговите мисли.
 

~Miss Tete~

Грофица
Член од
6 септември 2009
Мислења
25
Поени од реакции
17
4 Блондинки - Кендас Бушнел (Значи книгата толку ме разочара што не прочитав ниту една повеќе од наведениот автор, ниту темата ниту приказната ме привлекоа да читам и едвај ја дочитав до крај. Сега не се ни сеќавам што беше тоа што го прочитав. ) (n)
 
Член од
23 ноември 2013
Мислења
12
Поени од реакции
38
Коа бев мал ми примив награда од еден натпревар и наградава беше книгата "Ангус, танги и бацување со стискање". Само по насловот осетив дека ќе биде фатална. Си реков да и дадам шанса, но едвај стигнав до 20та страна. Книгава е уствари за "проблемите" на некоја си 14-годишна, разгалена тинејџерка.
"Ако чичко ми влезе во собата додека другарките ми се тука, ќе се убијам", "Многу сум грда", "Многу сум дебела", "Сакам танга"...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom