Ова важи само за Скопје и евентуално уште во два-три града во Македонија со судни маки.
За млади од провинција тешко дека ќе најдеш некои дечки и момички со арафатки, нерд цвикера и затегнати маичиња.
Затоа јас би му предложил универзална метаморфоза која што е апликативна од Куманово до Гевгелија.
БИДИ БУЧЕН!!!
Не е битно дали се работи за дискусија за ендемеските пеперутки во Галичица, бостонскиот маскр или наводнување на фолијата викај колку што можеш повеќе.
Ако соговорникот има подобар аргумент, надвикај го и него и аргументот.
Многу е кул пример кога бендот ќе ја засвири тек је 12 сати во 2013 да кренеш раце нагоре и запееш. Така ќе те приметат повеќе жени.
Што си мислиш дека во неолитот кој имал повеќе жени, тој што викал повеќе, бил агресивен или пак тој што тивко делкал коњчиња и бизони на карпите?
БИДИ ДРЗОК И БЕЗОБРАЗЕН!
Ете со твојот фин пристап си имал преку 50 корпи, значи дека нешто недостасува.
Застани и посматрај ја околината и види кој ги мота најзгодните жени.
Книжевен молец?
Доктор?
Лектор?
Атомски физичар?
Одговорот е дека тие можеби се во врска, но далеку од тоа дека нивните партнерки се згодни или пак гио менуваат на секои две недели.
Најзгодните жени ги мотаат дечки кои висат по цел ден во кладилница и кој има поголема квота му е главна тема на разговор, ситни криминалци, маалски тепачи или редари во кафиќи, со еден збор дрски и безобразни луѓе.
ОБЛЕКУВАЊЕ
Точно дека треба да ги промениш навиките на облекување, но далеку од тоа дека арафатка ќе ти брка работа.
Дечките кои вртаат женски најчесто се облекуваат кежуал, со тоа што треба да се гледа суптилно златен ланец и прстен но не многу упадно.
Таквата мода беше пред 20 години, сега најчесто се прави тоа суптилно.
ПОРОЦИ
Потребни ти се пороци.
Комар, алкохол, трева, било што. Жените сакаат да превоспитуваат дечки, изгледа дека тоа е нивниот мајчин инстикт.
ЗАКЛУЧОК
Мој заклучок е дека потребно е кога ќе запознаеш девојка да зборуваш гласно, смееш без врска, пцуење е потребно за се види дека си алфа мажјак, кревај раце кога ќе ти се погоди песната и кажи и со сигурност да се најдете утре некаде.
Не ја прашувај дали може да излези туку речи и утре те чекам во некој тајминг таму за кафе. Девојките сакаат самоуверени момци.
Пробај со овој пристап кај две девојки кои се облечени во најнова ТВ Пинк мода и кажи го резултатот.
Друга паметна работа што треба да ја направиш е да игнорираш колку што можеш совети од форумот, барем од машки членови кои имаат во просек по 20 години.
Голем дел од нив едвај кубурат со по една врска од средно, а добар дел се од нив сингл подолго време.