Сингл, повеќе години?

  • Креатор на темата Креатор на темата Martin1987
  • Време на започнување Време на започнување
абе луѓе некако тоа со фризурата не ми држи вода...за пример си земам себе си, со коса женски апла скоро скоро и да немало, а без коса солидна бројка сум ќарил така да се изразам :) така да јас мислам дека тоа што кажа стајлингот, како се облекува тоа му е најбитно а и да на почне да биде опуштен околу женски, значи тренинг кај некој како Хич, ајде таквите тука сигурен сум ги има мал милион, што парче прават со женски кога не пишуваат на форумов :)
 
немој само да не ни ги собери форумџиките после шо прајме :pos:

ARE YOU SERIOUS :pos:
Да сериозен сум, има и луѓе кои што се на форумов само за да “ќарат“ нешто, така да ништо не ме чуди.
 
Да сериозен сум, има и луѓе кои што се на форумов само за да “ќарат“ нешто, така да ништо не ме чуди.
чекај која е логиката да пробаш да ќариш нешто од сожалување..според мене искрен си е типот и си бара помош...поголем дел од нас што сме скептици тоа е веќе друга работа
 
чекај која е логиката да пробаш да ќариш нешто од сожалување..според мене искрен си е типот и си бара помош...поголем дел од нас што сме скептици тоа е веќе друга работа
Реков можно е да е така, не дека е 100% така, не можам да предвидувам, не сум Баба Ванѓа. Јас се водам од себеси, никогаш не би ставил слика од себе и да пишувам лошо за себе, не дека сум јас ебач или не знам што али колку и да немам среќа кај женските нема да го направам тоа. Реално многу ретки се луѓето кои што јавно на форум ќе стават слика од себеси и ќе пишуваат како се грди и имаат лоша фризура, а уствари у ситуацијава типов воопшто не е грд, така да не гледам причина на тој начин да се сожалува себеси. Сепак од се срце му посакувам да си го среди проблемот бидејќи никој не заслужува да има таков проблем. (нормално ако е вистина)
 
Не знам дали спомнал некој претходно али има две опции во врска со типов:
1. Стварно да нема среќа кај девојките, и да е таков срамежлив како што се опишува
2. Да собира поени кај форумџиките и да се надева дека ќе ќари некоја постирајќи свои слики, кажувајќи ги своите недостатоци и маани и жалејќи се самиот себе
Според мене, пријателе ноу хард филингс, али мислам дека е втората опција.

ima 3ta opcija...da saka da proba so muski ali prvo da se opravda deka so zenski ne idelo...
 
Другар го имаш најлошиот пристап за фаќање цури евер.Ако сакаш да фатиш риба ќе мора да го смениш однесувањето од корен, заборави на мр.најс гај пристапот зашто во очите на девојката изгледаш како слаб и несигурен.Немора многу да менуваш само две работи.Прво мора да биднеш дрзоки да делуваш сигурен во себе и кога незнаеш што правиш,се утепаа од ебање сељачана со самоуверен поглед кон цурата виски во рака и трескање на разно разни глупости ама она е обземена од неговата сигурност и самодоверба што не ни приметува каквов пролив му излага од устата (ова кај пософистицирана риба не проаѓа).И второ никогаш не ја оставај цурата рамнодушна мора да ја натераш да почувствува некаква емоција спрема тебе ако треба и омраза нека е, омразата преминува во љубов рамнодушноста не ,битно да има некоја емоција за да утре кога ќе ја праша другарка и за тебе одговорот нема да и биде "Мех што знам...." него "ЗНАЕШ ШТО МИ НАПРАВИ ТИПОТ БЛАБЛАБЛАЛБАЛБАЛ !".Мора да се истакнеш со нешто за да те запомни да ја натераш да осети нешто за тебе а со пристапот кој го имаш тоа неможеш да го постигнеш.
 
Ја прочитав темава цела, има различни мислења, лажел, не' тролал, до фризурата било, не било до фризурата, самодоверба, вежбање, убав бил, сакал да го сожалуваме... Јас ќе си го кажам мислењето. (можеби лажеш али ако лажеш тогаш ќе ти се врати на твоја сметка откако веќе стави и слики... али јас не верувам дека лажеш, ти верувам). Просто и едноставно, ако сакаш да фатиш женска нема што да му ја мислиш, едноставно тропај глупости, не збори за сериозни теми (во никој случај), цело време заебавај се, труди се цело време да ја насмееш, ако треба дури и ти со сила смеј се, само она да почне да се смее, едноставно опушти се, ако не можеш, размисли само на ова, (гледам дека си по сериозниве теми, па ќе сфатиш), Светот е една комплексна средина, каде моментално парите го вртат светот, планетата Земја е една од планетите во овој огромен Сончев систем за наши размери, а па не да се размислува за во цела галксија, во тој огромен простор, ЕДНАШ СЕ ЖИВЕЕ, зошто ти да се изложуваш на вакви маки...:D Мислиш дека они знаат повеќе од тебе за све, дека многу му ја мислат...? Па ти со тоа мислење многу само се докопуваш во дупката на својата ситуација... :) И да, смени ја фризурата.
И ДА, бајаѓи сум помлад од тебе, али ова се сфаќа и не е нешто премногу посебно...:)
 
Богами ако те одбиле 50-60 како што рече сигурно има некој проблем.Според моите видувања и размислувања на оваа тема,не верувам дека е до надворешниот изглед,не е можно на ниедна од тие 50-60 да не си и бил симпатичен.Како што има секакви машки низ градов,толку исто ги има и од спротивниот пол.Гарантирам дека не е до изгледот туку проблемот е до пристапот кон девојката.Не можам да сватам само едно нешто,дали упорно цело време им приоѓаш со една иста фора?Не е можно,никој не е до толку глупичок да гледа дека нешто не пали и да не менува ништо во приоѓањето.Пробај да внесеш нешто ново,немој да бидеш изгубен во просторот и да гледаш ко муле.Женскиве не сакаат мамлази што не знаат да ги насмеат:)
Сакам да кажам,тргни со поголема самодоверба,изгледај самоуверено и покажи малце машкост,немој да отидеш до нејзе да кажеш 2 збора и после да се гледате дур се сврти и си отиде.:pipi: Опушти се,кажи нешто интересно,насмеј ја,направи ја да се заинтересира за тебе.Смешкај се,кажи и убави работи за неа а пред да излезеш вечерта дрмни некоја чашка повеќе,нека биде јазикот побрз од умот,не е на одмет.
Следи ги само инструкцииве и кога ќе ја уловиш цурата,да ме упознаеш.
Со господ напред!
 
Човеку....отиди на некоја кајгана собиранка,и таму ќе ги сретнеш сите love-гуру-а....Таму од прва рака ќе се запознаеш со тајните на удварањето,сексот,и другите останати јебачки техники.

Башка и ќе земеш некој совет од Стеф.
 
Мајсторче какви грди љочки дупат македонки, па ти да не можеш.... Лекот е само искачање, дружење, шетање, ширење познанства итн. Ако седиш дома нема ништо од девојка и дунда.
Иначе јас имам 19 ипол год, а сум во врска 2 ипол год. :)
 
Чисто информативно ме интересира дали има тука членови на форумов што се сингл повеќе од 2 години, и дали има некој/а што ќе го обори мојот рекорд во немање врска (10 години). Па повелете :)

(Нов сум на форумов, ама сепак мислам дека ова ќе е интересна тема за разговор бидејки гледам дека досега никој ја нема отворено оваа тема или слична како неа)

Еве овде имаш поголем избор на женски од секаква возраст зависи каква преферираш ;)
 
Чисто информативно ме интересира дали има тука членови на форумов што се сингл повеќе од 2 години, и дали има некој/а што ќе го обори мојот рекорд во немање врска (10 години). Па повелете :)

(Нов сум на форумов, ама сепак мислам дека ова ќе е интересна тема за разговор бидејки гледам дека досега никој ја нема отворено оваа тема или слична како неа)

Ако на овие твои 26 години неможеш да најдеш девојка или бар едновечерна авантура, тогаш обично постои некоја добра причина за тоа. Причината може да е психолошка, затоа што мислиш дека е грешно да имаш секс со жени. Понатака, ако имаш тежок психички проблем, на пример ако осеќаш дека неможеш да зборуваш со непознати луѓе или ако ти станува некомотно на јавни места, тогаш не се плаши да побараш професионална помош.

Не мора да си го трошиш времето на интернет форуми жалејќи се за сопствената несреќа. Батали го сожалувањето и потроши малку време во теретана. Надпросечно добрата форма на твоето тело ќе ти помогне далеку повеќе отколку што твоето кршливо его сака да верува.

Следна работа е да најдеш некое хоби со социјален аспект (не, овде не станува збор за приклучување кон Linux user група :)). Најди неколку пријатели, машки и женски и навикни се да зборуваш со луѓе. Потоа одлучи каква средина ти одговара. Дали ти се допаѓа местото каде што моментално живееш? На двете слики што ги остави си сликан во некоја пустелија. Ако живееш во некоја вукојебина, можеби самата околина е проблемот што ти пречи. Неможеш да се изразиш како што сакаш и самата околината е репресивна. Многу од твоите проблеми можеби се предизвикани од конзервативното опкружување.

Пронајди си ја субкултурата што те интересира и фокусирај се на нејзе. На овој начин ќе си го пронајдеш и сопствениот стил на облекување, иако тоа не е толку битно во моментов. Ако слушаш на пример, инди/рок музика, и често искачаш на свирки и незнаеш што да носиш, едноставно копирај го тоа што другите го носат. Ќе ти треба време да се навикнеш, но на крај ќе ти стане комотно и ќе си го најдеш стилот.

Сево ова звучи мошне плитко, и е, но тоа е едноставно начинот на кој стојат работите. На овој начин ќе сретнуваш жени чиј што живот има некаква поврзаност со твојот. Се друго во светов е рамно на пуста надеж. Ако си ниско циганче тешко дека ќе ебеш скандинавки, и ако твојот социјален круг не се преклопува со благороднички или кралски семејства, тешко дека ќе ебеш принцеза.
 

Ова важи само за Скопје и евентуално уште во два-три града во Македонија со судни маки.
За млади од провинција тешко дека ќе најдеш некои дечки и момички со арафатки, нерд цвикера и затегнати маичиња.
Затоа јас би му предложил универзална метаморфоза која што е апликативна од Куманово до Гевгелија.

БИДИ БУЧЕН!!!

Не е битно дали се работи за дискусија за ендемеските пеперутки во Галичица, бостонскиот маскр или наводнување на фолијата викај колку што можеш повеќе.
Ако соговорникот има подобар аргумент, надвикај го и него и аргументот.
Многу е кул пример кога бендот ќе ја засвири тек је 12 сати во 2013 да кренеш раце нагоре и запееш. Така ќе те приметат повеќе жени.
Што си мислиш дека во неолитот кој имал повеќе жени, тој што викал повеќе, бил агресивен или пак тој што тивко делкал коњчиња и бизони на карпите?


БИДИ ДРЗОК И БЕЗОБРАЗЕН!

Ете со твојот фин пристап си имал преку 50 корпи, значи дека нешто недостасува.
Застани и посматрај ја околината и види кој ги мота најзгодните жени.
Книжевен молец?
Доктор?
Лектор?
Атомски физичар?

Одговорот е дека тие можеби се во врска, но далеку од тоа дека нивните партнерки се згодни или пак гио менуваат на секои две недели.

Најзгодните жени ги мотаат дечки кои висат по цел ден во кладилница и кој има поголема квота му е главна тема на разговор, ситни криминалци, маалски тепачи или редари во кафиќи, со еден збор дрски и безобразни луѓе.


ОБЛЕКУВАЊЕ

Точно дека треба да ги промениш навиките на облекување, но далеку од тоа дека арафатка ќе ти брка работа.
Дечките кои вртаат женски најчесто се облекуваат кежуал, со тоа што треба да се гледа суптилно златен ланец и прстен но не многу упадно.
Таквата мода беше пред 20 години, сега најчесто се прави тоа суптилно.


ПОРОЦИ
Потребни ти се пороци.
Комар, алкохол, трева, било што. Жените сакаат да превоспитуваат дечки, изгледа дека тоа е нивниот мајчин инстикт.


ЗАКЛУЧОК

Мој заклучок е дека потребно е кога ќе запознаеш девојка да зборуваш гласно, смееш без врска, пцуење е потребно за се види дека си алфа мажјак, кревај раце кога ќе ти се погоди песната и кажи и со сигурност да се најдете утре некаде.
Не ја прашувај дали може да излези туку речи и утре те чекам во некој тајминг таму за кафе. Девојките сакаат самоуверени момци.
Пробај со овој пристап кај две девојки кои се облечени во најнова ТВ Пинк мода и кажи го резултатот.


Друга паметна работа што треба да ја направиш е да игнорираш колку што можеш совети од форумот, барем од машки членови кои имаат во просек по 20 години.
Голем дел од нив едвај кубурат со по една врска од средно, а добар дел се од нив сингл подолго време.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom