Книги кои НЕ би ги препорачале

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
„Татарска пустина“ од Дино Буцати. Не затоа што книгата не е добра, туку поради алегоријата за човековите стремежи, за очекувањето на некое чудо што ќе ти го измени животот. И се` залудно. Ако се борите со слаб имунитет или со моменти на безнадежност - бегајте подалеку од оваа книга.
Не заебавај, тоа е ремек дело на светската книжевност, мал бисер кој го ценат вистинските љубители.Ретко кој знае за Дино Буцати и кој е тој.
Он-топик, подалеку од Паоло Куељо и неговите клонови, Ог Мандиновци и компанија.Читајте вистинска литература.
 
С

сашенко

Гостин
Да,сама ја оценив,затоа што темава е книги кои НИЕ не би ги препорачале,ако не се лажам! Објаснив зашто и како,можеби нејзините книги се премногу проѕирни за мој вкус,уште од самиот почеток знаев кој ке биде убиецот,така да-не,не ја препорачувам Убиство во Ориент Експрес,но тоа е само МОЕ мислење,нели?
А за книгите за перење мозок,не би коментирала.

Абе остај тоа не би ја препорачала, ја прочитав дека тоа била нејзината најлоша книга :eek:.И ја не би препорачал многу книги ама неможам со една две прочитани книги (од автор кој не ми се допаѓа) да кажам туку така еј оваа книга му е најлоша...
 
Член од
30 август 2011
Мислења
14
Поени од реакции
13
Не би навлагала подлабоко во ова,очиледно не сакаш да разбереш или па не можеш!
 
С

сашенко

Гостин
Не би навлагала подлабоко во ова,очиледно не сакаш да разбереш или па не можеш!
Едно е да не препорачаш книга зошто не ти се допаѓа, а друго е да оцениш некоја книга како најлошото нешто што искочило од тој автор а ти и немаш прочитано ништо друго од тој автор :confused:
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Да,сама ја оценив,затоа што темава е книги кои НИЕ не би ги препорачале,ако не се лажам! Објаснив зашто и како,можеби нејзините книги се премногу проѕирни за мој вкус,уште од самиот почеток знаев кој ке биде убиецот,така да-не,не ја препорачувам Убиство во Ориент Експрес,но тоа е само МОЕ мислење,нели?
А за книгите за перење мозок,не би коментирала.
Добро како може некој за Ориент Експрес да рече дека знаел кој е убиецот? Као прво, немаше еден убиец туку цел вагон. И тебе ова ти текна на почетокот? Па и да ти текнало, не те занима зошто би го убиле човекот? Како го убиле? Како ќе ги откријат??
И јас имам предвидувано книги од Агата Кристи. Една ја имам предвидено уште од петтата страна. Ама ова се деси откако прочитав дваесет нејзини книги. И никако не би му рекла на некој "Еј немој да ја читаш книгата, убиецот се предвидува од првата страна." И да го предвидиш убиецот, пак е интересно. И да го предвидиш убиецот, не значи дека и Петко и Станко ќе го предвидат.
Over and out.
 
Член од
14 мај 2011
Мислења
374
Поени од реакции
388
Не заебавај, тоа е ремек дело на светската книжевност, мал бисер кој го ценат вистинските љубители.Ретко кој знае за Дино Буцати и кој е тој.
Он-топик, подалеку од Паоло Куељо и неговите клонови, Ог Мандиновци и компанија.Читајте вистинска литература.
Не го оспорив квалитетот на делото на Дино Буцати. Освен првата реченица од мојата порака, остатокот беше „... Не затоа што книгата не е добра, туку поради алегоријата за човековите стремежи, за очекувањето на некое чудо што ќе ти го измени животот. И се` залудно. Ако се борите со слаб имунитет или со моменти на безнадежност - бегајте подалеку од оваа книга.“

Некои читатели оваа забелешка би ја разбрале како комплимент и предизвик да ја прочитаат книгата затоа што е коментар за нејзината моќ. Во тој поглед, признавам дека можеби бев оф-топик. А за другото, секој си сфаќа како „му фаќа“ во моментот :)

За Куелјо го делам мислењето, но тоа не е важно, нели...
 
ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.822
Поени од реакции
7.143
Инсомнија од Димитрие Дурацовски. Се пуштив на компјутер само за да го напишам ова, да го понесам бесот за книгата што ми потроши некое време, на друго место. Книгата е замислена како еден постмодернистички експеримент, цитатна е со дневници на писатели, нивни слики, за филмови и слично, без разлика што зборува за квалитетни писатели ( Бруно Шулц, Борхес, Гомбровиц ), што постигнува? Како се поврзуваат нивнитие цитати со меѓутекстот на Дурацовски? Едноличен, досаден. Коментира дневни случувања, но на моменти ми делуваше ко мало, зовриено дете. Цитатите не оформуваат никаква естетска целина, на моменти може да се продре во некаква смисла на цитатите. На душман не би му ја препорачал. Го сметам делово за неуспешен постмодернистички експеримент. Не пишав сите аспекти зашто не ми се допаѓа, но жал ми е што имам прочитано некои есеи за книгава полни со хвалоспеви.
 
С

Спасе супата

Гостин
Затоа што е социјал реализам. Подосадно од тоа нема. И плус е пропаганда на пропадната идеологија.

Него ти мене сумлив си ми. Треба некој да те воспита и науче на либертаријански вредности.
 
L

Luki Junior

Гостин
Затоа што е социјал реализам. Подосадно од тоа нема. И плус е пропаганда на пропадната идеологија.
Него ти мене сумлив си ми. Треба некој да те воспита и науче на либертаријански вредности.
Прочитај ја и Родени од Бурата.... За да биде комплетна сликата...
Спасе Спасе, Западо па ти го пере мозоко.
Павка Корчагин ти е суперхерој на Социјалистичката Револуција... Од сиромашна фамилија, со неверојатни другари како Серјожка Брусжак, брат Артјом, и разбира се Жухрај полит-комесар со тенденции за нинџа. Од мали нозе неверник, бунтовник, ама тешката работа го исправа на правио пат. Прво ложе котли, вода, мие чинии. Па станува електричар, и идат лошите Фрицове... Револуционер, визионер, малко необразован, ама надокнадува со ентузијазам и вдахновение.
Превзема сопствена иницијатива, јуриша на Белогардејците низ степите, одзима од богатите кулаци и дава на младите советски комсомолци. Граде теснолинејка на минус 50 за да можат грацките комунисти да си топлат дебелите газове у руската зима. За на крај да го среде тифус, да остане парализиран заради војнички рани, и слеп... Ама не се откажува и ја напишува книгата Родени од Бурата, посветена на Генерал Котовски (Кој од криминалец е станал генерал на Црвената Армија и член на Високата Команда, и дел од Секретаријато...)

И гледаш како жртвата на еден мал човек, допринесува за општонародното добро на чело со Ленин, Сталин, Троцки и компанија.

Заедно победуват буржуи, богаташи, евреи, руската зима, тифус, реумата, неподвижноста, слепилото... Револуционер у права смисла... Не како Змејко и шо се крие по штабове на УМС и јаде гомна по форуми.

Спасе, Спасе, требе да препознаваш генијалност на пишанио збор, а не да трубеш некакви фалсифицирани и излитени западноевропски пролибертаријански вредности.... ;)
 
Е Луки, Луки со таква прокомунистическа и просовјетска проганда не се станува екстравагантен и екстраординарен селак, разбираш. Сликата може да биде комплетна само ако ја прочиташ Atlas Shrugged од Ајн Ранд.
Кажува им на таквите револуционери кои се кријат по комбинати и задруги шо се случува кога ќе ги подгрбават креативните луѓе и ќе ја газат нивната пропулзивна сила која на своите рамена го влече светот. Кажува ти какво се случува кога селаците ќе го злоупотребат законот за да вршат насилство врз клучните луѓе за напредокот. Иноваторите и успешните директори исчезнуваат (штрајкуваат) за многу кратко време, бинисите пропаѓаат, а на овие другите најверојатно ќе им остане да се тешат со социјал реализам и носталгични спомени на некакви си револуции.
 
Спасе прасе, не ми е сон да станам екстравагантен и неверојатен сељак. Едноставно сам роден таков... Јас ти викам да ја прочиташ „Родени од бурата“, за да може да го разбереш подобро „Како се калеше челикот“. Ти ми правеш паралели со книги напишани од авторки задоени со суров капитализам, објективизам, човеци шо никојпат не са ја искусиле на свој грб тежината на револуцијата за социјална еднаквост, руската зима, степските борби со кулаците, суровоста на белогардејците, камшико на закрепостувачите, вечната сиромаштија и внатрешна борба за правда и социјална еднаквост.
Островски не создава сопствен свет. Островски го доловува на суров начин свето пред неговите очи. Крвав, тежок, студен, а топол од револуцијата, од другарите, од љубовта кон татковината.
У Атлас имаш фиктивен свет, свет создаден за да може логиката и идеите да прават смисла. И се случуват нештата шо ги имаш напишано. У имагинарен свет. И целото време у таа фикција имаш скриена форма на презентација на објективизамо шо сама си го е создадела.

Дијаметрално спротивни нешта.... Еден вика групата е движечката целина, со лична саможртва, додека она покажува среден прст на групата и вика кур ми е двор ми е дај да си се средам.

Како и да е, основната идеја ми е, и едната и другата книга са проповеднички на еден начин. Чии проповеди са поблагородни, достојни за следејне, по-правилни, подобри, или поефективни за следејне?
На кратко, не знам, и не сам у позиција да судам. Ама сам доволно свесен да не ја следам ни едната, ни другата. Човечката мисла е зафркнана работа, и не би сакал мојта да ја загадувам со следбеништво и софизам. :pipi:
 
С

Спасе супата

Гостин
Како и да е, основната идеја ми е, и едната и другата книга са проповеднички на еден начин. Чии проповеди са поблагородни, достојни за следејне, по-правилни, подобри, или поефективни за следејне?
На кратко, не знам, и не сам у позиција да судам.
Ќе ти помогнам да одлучиш. Проповедите на челикот се на хартија и во теорија можеби хубави. Храброст, малиот човек против суровоста на камшикот. Во реалност се многу многу опасни. Како е било можеш да прашаш некој разумен постар човек што видел барем дел од тоа.
Значи во реалност Спасе (името е хипотетическо) има нива која ја стекнал со долги години тешка и макотрпна работа и шштедење. И ја работе. Арно ама еден ден му доваѓа полковник Котовски и му вика тази нива е од сите (еднаквост нели). Официјално на тај процес му се даваат имиња како петолетка или перестроика. Значи нивата не е твоја туку од сите е и станува дел од селската земјоделска задруга. И Спасе од велепоседник станува аргат на својата нива. Аргатува, а плодовите одат кај генералите, секретарите, комитетот и другите битни фаци кои јадат најквалиетно овошје, пијат наи-качествено вино и не прават ништо освен штета, додека Спасе во меѓувреме се маче, аргатува на нивата и не може да сврзе крај со крај, а и гладува на моменти бидејќи родот од нивата му е одземан преку задругата. Истотака Спасе не смее да зуцне оти знае дека комшијата шо малку накриво го погледнал директорот на задругата завршил едно 10 години на ’’превоспитување’’ како државен непријател.
Затоа не постои сила на овој свет која ќе ме натера да го читам Островски и сличните на него.И готово. Нивното време го видовме и заврши.
Што се однесува до спротивностите да во право си. Едната книга (кумуњарската пропаганда) има можеби малку подобар стил и лоши идеи, а софизам е следењето такви мисли. Moreover стилот не е до толку добар па затоа не е значајна ни заради стилот. Спротивноста е и во тоа што атласот има можеби послаб стил, но има подобра поента. Што значи нето ефектот на атласот е подобар.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom