Верски вести III

Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Не знам дали е за смеење или за плачење.
Клик.
Тројца мажи депортирани од Саудиска Арабија - биле неодоливи за жените
Свет | 18. април 2013 - 13:48
Тројца мажи биле исфрлени од фестивал на култура во Саудиска Арабија бидејќи биле премногу секси и неодоливи за жените




442

Религиската полиција приморала тројца момци да го напуштат Фестивалот за култура и наследство во Ријад бидејќи биле премногу згодни.

Комисијата за промоција на добрите навики и превенција од пороци во Саудиска Арабија, депортирале мажи во Абу Даби за да „не се палат“ жени на нив. Тие на фестивалот биле дел од делегацијата на ОАЕ, објави Телеграф.
 
Член од
9 април 2013
Мислења
270
Поени од реакции
51
Скандал ја тресе СПЦ заради порно снимка на владиката и четири момчиња


19.04.2013 | 10:37
Василије Качавенда бил снимен во полов однос со четири момчиња.

Монахот Николај Стаматовиќ се обидел да ја продаде за 100.000 евра снимката на која 75-годишниот владика Василије Качавенда има сексуален однос со четири момчиња. Размената во Белград не успала бидејќи полицијата го запленила филмот и го уапсила Стаматовиќ.

Полицијата ја контактирал несудениот купец Бојан Јовановиќ, поранешен ѓакон во Српската православна црква. Сето тоа дошло до јавноста минатата седмици, но владиката и СПЦ не реагирале на обвиненијата.



Додека СПЦ и полицијата молчат, медиумите ги пренесуваат зборовите на адвокатот Душко Томиќ, кој со несудениот купец Јовановиќ бил во Белград на состанок со Стаматовиќ кој им го презентирал видеото. На вториот состанок, Стаматовиќ бил уапсен.

Томиќ, кој е познат по голем број на звучни случаи, вели дека има повеќе филмови со кои се уценува Качавенда: "Јас видов со свои очи и никој не може да ме разубеди дека тоа не е Качавенда". Еден дел од филмот бил снимен во дворот на владиката во Бијелине, а другиот во неговиот стан во Белград
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.464
Поплаки за зголемувањето на тонот во џамиите

Џамиите низ Скопје, посебно тие што се поблиску до центарот на градот од пред околу еден месец го зголемија звукот на звучниците така што повикот за утринската и пладневна молитва кој одекнува од џамиите во раните утрински часови и околу еден часот попладне се слуша речиси низ целиот град.

18.04.2013 19:00:39

Џамиите низ Скопје, посебно тие што се поблиску до центарот на градот од пред околу еден месец го зголемија звукот на звучниците така што повикот за утринската и пладневна молитва кој одекнува од џамиите во раните утрински часови и околу еден часот попладне се слуша речиси низ целиот град. Од исламскаат верска заедница не сакаат да коментираат зошто е тоа сторено, додека пак граѓаните поделени околу ставовите. Тие не се лутат и не се против верскиот обред, но им пречи тоа што екстремно гласниот повик ги буди дури во 5 и 30 часот наутро.
Поплаки за гласноста на џамииите стигнале и до комисјата за односи меѓу верските заедници. Директорката Валентина Божиновска не гледа причина зошто повикот за утринска молитва треба да биде толку гласен, ниту ќе привлече повеќе луѓе, ниту пак верниците ќе ги приближи до Бога.
Исламската верска заедница не сакаше да го коментира фактот што џамиите се погласно преку разгалас ги повикуваат верниците на молитва. Кратко објаснија дека верските објекти таму се со векови и затоа не гледале никаков проблем во утринскиот повик на Оџите.
 
M

Muranyi

Гостин
Европа во знакот на полумесечината

Оваа година,според проценките на аналитичарите,ќе биде изграден рекорден број на џамии ширум Европа.Џамии се градат во Грција,Шпанија,Германија,во Ирска во тек е изградба на еден од најголемите исламски верски храмови,во вредност од 64 милиони евра.Мега-џамија,наскоро ќе биде изградена и во Лиеж,Белгија,заедно со библиотека,кафетерии,продавници.

Наскоро и во Минхен ќе биде изграден џиновски верски комплекс,во вредност од околу 40 милиони евра.Дури и Грција,држава која веќе подолго време се наоѓа пред банкрот,со државни пари ќе ја гради првата официјална џамија во Атина,за која ќе одвои околу милион евра.И така,минариња растат како печурки на секој чекор,ширум Европа,во процесот наречен евроисламизација.

Islam news,повикувајќи се на дневниот печат "Етнос" известува дека владата во Атина има во план да изгради барем по една,а можеби и по две џамии за секој дел во градот.Во грчката престолнина,одеднаш можат да никнат дури 15 џамии.

Поранешната Капернаусмка црква во Хамбург ќе биде претворена во џамија.

Во Шкотска,епископната парохија св.Јован во Абердин своите верски објекти ќе ги дели со Муслиманите,кои ќе можат да се клањаат 5 пати дневно.

Во баскиска Портулагета,Шпанија,на 21.Март беше отворена нова џамија.Според некои анкети,секој 4. Баскиец е против изградба на џамии,а секој петти не би сакал да има Муслиман за комшија.Џамијата беше отворена и покрај силните негодувања и протести на локалното население.

Во Валенсија,на 29.Март,ахмадиската заедница отвори нова џамија.Духовниот водач на заедницата,Хазрат Мирзе Масрур Ахмет,вели дека,според неговите информации,во последните дваесет години бројот на Муслимани во Шпанија е удвостручен.Постои можност,Исламот повторно да завладее во Шпанија.

Во Франција и самите знаете,беше отворена првата џамија за сексуални малцинства,кои се молат во салата на Будистичката капела.

И додека во исламските земји се врши секојдневен терор врз Христијаните,во КСА е забрането Христијанството како религија заедно со христијанските симболи,за градење на христијански верски објекти не станува ни збор,на Муслиманите ширум Европа им се даваат секакви права,кои нормално дека ќе дојде денот кога на Европа ќе и биде испорачана сметката,а воопшто нема да биде мала.Ние Македонците сме сведок како течат тие процеси.

Превземено и подетална анализа тука:http://www.vaseljenska.com/vesti/evropa-u-znaku-polumeseca/
 
Член од
9 април 2013
Мислења
270
Поени од реакции
51
Фото: Вака ќе изгледа црквата СВ. Константин и Еленаhttp://denesen.mk/web/2013/04/19/foto-vaka-ce-izgleda-crkvata-sveti-konstantin-i-elena/

На улица Македонија во Скопје веќе се наѕира изградбата на православниот храм Св. Константин и Елена. Се очекува изградбата на овој храм да трае најмногу една година.

Црквата се гради под покровителство на МПЦ и Фондацијата „Св. Цар Константин“ којa е основана од МПЦ. Дел од парите со кои се гради храмот беа обезбедени во јули минатата година на донаторски коктел на кој присуствуваа премиерот, Никола Груевски, владини функционери, политичари, претставници на бизнис секторот, како и поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан и голем број свештени лица.
 
Член од
17 април 2013
Мислења
12
Поени од реакции
6
http://mkd-news.com/truene-siluvane-detsa-tsrni-rituali-ova-se-najopasni-sekti-vo-svetot-video/

Чудно но нема ниту една исламска секта меѓу првите 10.

1.Црквата Муновци
Основана е од величествениот Сан Миунг Мун, кој тврди дека Исус Христос му се покажал кога имал 16 години и го пратил да биде нов Месија. Мун тврди дека ќе ги спаси само оние кои ќе му бидат верни седум години и кои ќе се венчаат за партнер кој тој ќе им го одбере.
2.Рајнешпурам

Бхагван Шри Рајнес не бил традиционален индиски гуру. Тој поседувал 93 Ролс Ројс. Во 1981 тој купил парче земја во Орегон каде неговите следбеници го изградиле градот Рајнешпурам, кој броел 2.500 жители. Подоцна следбениците отруле 750 луѓе за да го намали гласачкото тело и се кандидирале на локалните избори.
3.Божји деца
Сектата е основана во 1960 во Калифорнија од страна на свештеникот Дејвид Берг. Оваа организација броела повеќе од 4.000 членови. Поради либералната сексуална едукација, многумина го обвиниле за сексуално злоставување на деца, а биле познати и по честите оргии за да привлечат нови членови. Постојат и ден денес, под името „Фемили Интернешенел“.
4.Движење за обнова на 10-те божји заповеди
Четири поранешни свештеници, две поранешни монахињи и една поранешна проститутка проповедале дека крајот на светот ќе се случи на 31 декември 1999. година. Кога тоа не се случило, организирале голема веселба, наводно за доаѓањето на Девицата Марија на Земјата, на 17 март 2000 година, а кога ниту тоа не се случило, на местото на светилиштето се пронајдени голем број мртви тела. Мислеле дека се работи за масовно самоубиство, но востановено е дека се работи за масовно убиство. Сторителите никогаш не се пронајдени.

5.Аум Шинрикио
Јапонецот Асахара Шоко прво отворил школа за јога, откако го запознал Дилај Лама и почнал да ги учи следбениците на комбинација на будизам, хиндуизам и христијанство. Набрзо стекнал голем број следбеници, околу 50.000 и полека започнал да се подготвува за војна против Владата. На 20. март 1995 година пет членови на култот во токиската подземна желзница пуштиле опасен плин, а притоа загинале 12 луѓе, додека 5.500 завршиле во болница.
6.Црвен сончев храм

Основан е во Женева во 1984. година. Негови основачи се Џозеф Ди Мамбро и Лук Жоур кои тврделе дека крајот на светот е блиску и дека единствено ќерката на Ди Мамбро, Емануела може да ги спаси така што ќе ги одведе на планетата која се врти околу ѕвездата Сириус.
Во 1994. конечно биле сигурни дека крајот се ближи, па 53 членови по ред са самоубиле или биле убиени, зградата во која се собирале била запалена, а меѓу телата се пронајдени и телата на основачите.
7.Врата до рајот
Во седумдесетите години од минатиот век Маршал Еплвајт и Бони Нетлс верувале дека тие се всушност пророците и тргнале да проповедаат по Калифорнија и Орегон дека спасувањето од Апокалипсата доаѓа во облик на вселенски брод. Кога во 1997. година е најавено дека Халеовата комета ќе се приближи кон Земјата, членовите биле уверени дека станува збор за вселенски број и сите 39 членови извршиле самоубиство.

8.Гранка Давидова
Овој христијански култ го формирал Дејвид Кореш кој тврдел дека сите жени се негови духовни сопруги, вклучувајќи ги и малолетничките, па се сомневало дека во сектата се врши злоставување на деца. Кореш дошол до големо количество оружје што воопшто не му се допаднало на Одделението за алкохол, тутун и оружје. Сепак, тој не им допуштил влез на агентите и по 50 дена опсада повеќе од 80 членови загинале во пожар кој ја зафатил зградата во 1993. година.
9.Семејство Менсон

Чарлс Менсон целиот живот проповедал по затворите, а во 1967 година се преселил во Сан Франциско и околу себе собрал група на млади луѓе кои подоцна ги нарекол „Семејство“. За разлика од останатите организации, Семејството Менсон не се базирало на верата, иако Менсон бил заинтересиран за сатанизам и скинетологија. Сепак, основната идеја била елиминација на црната раса. Така Менсон го нарачал убиството на актерката Шерон Тејт и наследничката Абигаил Фолгер, а убијците напишале порака на ѕидот со нивната крв. Менсон денес служи доживотна казна.
10.Храм на луѓето
Џим Џонс го основал овој култ на темелите на социјалистичките идеи и набрзо собрал голем број на следбеници. Тој, потпомогнат од донациите ја изградил населбата Џонстаун во Гвајана, тогаш социјалистичка земја во Јужна Америка, каде набрзо се отселиле и тој и следбениците. Животот во заедницата бил мешавина од спартанско воспитување, страв и самопредизвикано понижување. Љубопитен да го види тамошниот начин на живот, конгресменот Лео Рајан одлетал во Џонстаун, каде подоцна е убиен од страна на луѓето на Џонс. Истиот ден, Џонс ги убедил луѓето да испијат пијалок со цијанид, по што загинале повеќе од 900 лица, влучувајќи 276 деца.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Ќе биде заклучена до утре, за да не ве банирам сите до еден. Ќе си играме играчки цела вечер овде, нема проблем. :coffee::свиркам:
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Чеченија и тероризмот

петок, 19 април 2013

Конфликтот во Чеченија од пред две децении на почетокот беше националистички, но брзо почна да добива исламистички карактер
Чеченија, една од неколку мали републики со мнозинско муслиманско население од рускиот Северен Кавказ, беше сцена на два крвави конфликти меѓу сепаратистички бунтовници и руската влада за последните две децении.

Во 1994, тогашниот руски претседател Борис Јелцин испрати 100 илјади руски војници во Чеченија да го фатат сепаратистичкиот лидер на регионот, Џохар Дудајев. Таа воена интервенција иницираше двегодишен конфликт во кој беа изгубени животи на неколку илјади руски трупи и десетици илјади чеченски цивили. Дудајев беше убиен во руски воздушен напад во април 1996.

Во 1999, наследникот на Јелцин, претседателот Владимир Путин, повторно воено интервенираше во Чеченија, откако исламистички милитанти направија вооружен упад во соседниот регион Дагестан. Конфликтот однесе најмалку 5.000 животи на руските трупи, и 25.000 до 50.000 цивили.

Иако чеченското бунтовништво на почетокот беше главно националистичко, брзо почна да добива исламистички карактер. Лидерот на бунтовничкото радикално крило, Шамил Басајев, работел заедно со џихадистички милитанти како Ибн-Катаб, од саудиска националност поврзан со ал-Каида на Осама бин Ладен, кој се борел против советските трупи во Авганистан во 1980-те и заминал да се бори во Чеченија кон средината на 1990-те. Басајев беше убиен во јули, 2006.

Во 2002, чеченски милитанти зазедоа театар во Москва и 129 заложници беа убиени кога безбедносните сили се обиделе да ги ослободат. Во 2004, милитанти лојални на Басајев зазедоа училиште во градот Беслан во Северна Осетија, друга република во рускиот Северен Кавказ. Повеќе од 330 лица, половина од нив деца, беа убиени во опсадата.

Исто така во 2004, во неколку бомбашки напади на московското метро беа убиени десетици лица, кои се смета дека биле изведени од самоубиствени бомбаши од Северен Кавказ.

На 24 август 2004, два руски авиони експлодираа во воздух симултано. Властите подоцна кажаа дека авионите биле соборени од бомби детонирани од две чеченски жени-самоубијци, а во септември Басајев ја презеде одговорноста за авионите.

Додека исламистичките бунтовници беа помалку активни во Чеченија во последно време, главно благодарение на цврстото раководство на про-московскиот лидер на Чеченија Рамзан Кадиров, тие продолжуваат да изведуваат напади целејќи на полицијата и други официјални лица во соседните републики на Северен Кавказ, вклучувајќи го Дагестан, Ингушетија и Кабардино-Балкарија.

Тие исто така нападнаа руски цели надвор од Северен Кавказ: во јануари 2011 исламистички милитант од Ингушетија изведе самоубиствен напад во московското Домодедово убивајќи 37 лица.
http://mk.voanews.com/content/chechnya/1644848.html
--- надополнето: 20 април 2013 во 01:22 ---
Датум: 19.04.2013, 16:35

Папскиот бонус ќе оди во хуманитарни цели

Папата Франциско, кој заговара „сиромашна црква за сиромашните“, со своите досегашни одлуки веќе ги освои срцата на многу верници, но и на многумина на светот што не се сметаат за верници. Тој уште еднаш покажа дека неговите зборови не се празни ветувања и одлучи да ги укине премиите, односно т.н. „папски бонус“ од околу 2.000 евра што вработените во Ватикан го добиваат по смртта на папата и при изборот на негов наследник, и парите да ги донира во хуманитарни цели, пренесуваат италијанските медиуми.

Според традицијата, вработените во Ватикан примаат еден додаток по смртта на папата и, втор, вонреден додаток, при изборот на негов наследник. Во април 2005 година секој вработен добил дополнителни илјада евра по смртта на Јован Павле Втори, а потоа и по 500 евра кога бил избран Бенедикт Шеснаесетти. Но кога во февруари годинава Бенедикт Шеснаесетти се откажа од папските должности, италијанскиот кардинал камерленго Тарцисио Бертоне им го скрати додатокот зашто папата не умре. Бенедикт Шеснаесетти во февруари изјави дека вработените во Ватикан напорно работеле прекувремено во времето на конгрегациите и конклавата, кои ги следеа повеќе од 6.000 медиумски работници во Рим. Иако оваа вест во светот сигурно ќе ја оценат како позитивна, прашање е дали со неа ќе се согласат и 4.000 вработени што ќе останат без бонус.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=799CCA92F8527942A0A11947C3B4377C
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.464
БиХ, Санџак, Косово и Македонија

Странските полиции сè поактивни против исламистичките радикали во регионот

Во тек се голем број активности за откривање на можните сторители на терористички акции кон странските претставништва во БиХ, Косово и во Македонија.

Сè почестите анонимни закани од неидентификувани исламистички групи од Балканот, особено од Босна и Херцеговина и од Санџак кон странски дипломатски претставници, воени и полициски претставници акредитирани во воените и полициски мисии во земјите на Западен Балкан, предизвикаа сериозна загриженост. Странските разузнавачи веднаш презедоа зголемени безбедносни мерки и голем број активности за откривање на можните сторители на терористички акции кон странските претставништва во БиХ, Косово и во Македонија.
Тие најмногу се сконцентрирани на БиХ, каде што експерти на ФБА, во соработка со домашните безбедносни служби, ја проверуваат буквално севкупната исламистичка структура останата по војната во БиХ, а сега инкорпорирана со статус на натурализирани Босанци, лица во мешовити бракови и вработени во многубројните исламски невладини организации. Овие организации не се активни само во БиХ, туку и во Санџак, Косово, и се во постојан обид својата активност да ја прошират и во Македонија.
Истражувањето засега е насочено спрема групи и поединци за кои досега има некакви безбедносни податоци дека во своето илегално дејствување имаат зацртано извршување терористички акти во време кога самите ќе решат. Под сомнеж се групите „Исламски воини“, „Исламска легија“, „Фаитах“, „Исламска младина“, „Шеве“ (создадена од иранска разузнавачка служба), „Хамас Турбе“...
Во кругот на најсомнителните вахабисти се Сеад Идиќ, Самир Исмаили, Исо Алајбеговиќ, Мехмет Тахири, Самир Ахметовиќ, Един Муруч и други. Нивните вербални закани, подвижноста низ целиот регион, способноста да организираат и вршат воена обука ги става високо на скалата на сомнителни лица.
Во овој контекст треба да се спомене заклучокот на Меѓународната кризна група (МКГ) донесен по одржаниот собир на салафитите во Тузла во февруари годинава, на кој присуствувале повеќе од 500 муслимани.
МКГ предупредува дека БиХ станува главна база за ширење на салафизмот кон Европа, кој во својата ИДЕОЛОШКА МАТРИЦА ТЕРОРИЗМОТ ГО СТАВА КАКО ОСНОВНО СРЕДСТВО ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ЦЕЛТА.
Безбедносните служби на БиХ го следат и лицето Харун Мехичевиќ, раководител на исламистичка група што дејствува во Мелбурн, Австралија, кој сега се наоѓа во Мостар. За него Австралиската федерална полиција (АФП) и Австралиската разузнавачка служба (АСИО) сметаат дека е познатиот исламски екстремист „Абу Талаха“.
Зоран Митевски
(Авторот е поранешен помошник-директор во Агенција за разузнавање на Република Македонија)
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Тирана ja гради една од најголемите џамии во Европа
Објавено: пред 10 часа

На свечен начин ставени се темелите на Големата џамија која се наоѓа во центарот на Тирана, на плоштадот пред парламентот. Таа ќе биде една од најголемите вакви верски објекти во Европа, со простор за молитва за 10.000 верници, јави МИА. Во обраќањето на големот број присутни премиерот Сали Бериша овој настан го оцени како историски.

- За Тирана и за Албанија 20 април, денот на раѓањето на Мухамет претставува голем и значаен ден зашто на овој ден ние ја почнуваме изградбата на најголемата џамија во главниот град и целата земја. Ова е голем настан зашто се одделуваме од предрасудите кои 20 години ја попречуваа изградбата на оваа џамија - изјави Бериша.

Одлука за изградба на џамијата во средината на септември лани донесе Претседателството на албанската муслиманска заедница, нарекувајќи ја истата историска. Џамијата се гради на земјиште во сопственост на заедницата кое со одлука на владата ѝ беше вратено во пролетта минатата година. Ќе биде површина од 2.570 квадратни метри. Проектот на „БИГ-Студио" беше избран како најдобар на конкурсот што го сроведе општина Тирана во мај 2011 година.
http://grid.mk/read/news/504862002/2597837/tirana-ja-gradi-edna-od-najgolemite-djamii-vo-evropa
 
M

Muranyi

Гостин
Како изгледа затвор за терористи во Саудиска Арабија: Секс забави, теретани и спа-центри (ФОТО)

Саудиска Арабија се надева дека ќе го сопре верскиот екстремизам на Ал каеда со тоа што на уапсените исламски терористи ќе им понуди „луксузна рехабилитација“ – вклучувајќи советување, спа-третмани и рекреација во луксузен рехабилитациски центар во Ријад.


Државата не штедела пари па така затворениците имаат затворен олимписки базен, сауна, теретана и дневен престој со телевизор.

Оние кои добро се однесуваат имаат право на дводневна пауза, а за оние што сакаат да бидат сами со своите жени достапни им се специјални „апартмани“, кои се наоѓаат во составот на комплексот.



Во пет центри во целата земја има место за 3.000 затвореници, а новиот објект во Ријад на затворениците им нуди „вкус на луксузот како мамец за ублажување на нивните убедувања“.
Сите центри го носат името на актуелниот министер за внатрешни работи, кој започнал сопствена владина програма за борба против Ал каеда по нападите на припадници на оваа група меѓу 2003 и 2006 година во кои беа убиени над 150 Саудијци и странски државјани.


За време на кампањата голем дел од припадниците на оваа милитантна група побегнале на југот и југоистокот на Јемен, каде мрежата во јануари 2009 ја основала „Ал каеда на Арапскиот полуостров“ – која САД ја опишуваат како нејзин најсмртоносен разгранок.
Луксузниот затворски комплекс во Ријад зазема простор колку десет фудбалски терени и е замислен за сместување на 228 затвореници на „девијантната група“, како што Саудиска Арабија ја нарекува Ал каеда.

Во секоја од вкупно 12-те згради може да се сместат 19 затвореници. Во текот на денот тие ќе присуствуваат на верски семинари, со цел да ги увидат грешките во сопственото однесување под влијание на погрешните идеи на џихадизмот.




 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Рудник за сол со сопствена џамија и железница за туристи
22 април 2013
удникот Кевра е вториот најголем рудник во светот, а во своите тунели долги 40 килметри крие осветлена џамија направена од камена сол, електрична железница и клиника за лечење астма. Рудникот бил откриен од војниците на Александар Македонски 320 години п.н.е., пренесува Daily Mail.


Кевра се наоѓа јужно од Исламабад, а годишно го посетуваат повеќе од 250 илјади посетители. Неговата експолатација започнала во 16 век.


Површинскиот тунел бил изграден од британската управа во 1872 година, а оттогаш рудникот расте. Железницата во овој рудник работи од 30-тите години на минатот век. Во минатото се користел за извлекување на сол, а денес ги вози туристите кои ги обиколуваат необичните структури од сол.


И денес рудникот е најголемиот извор на сол во Пакистан и произведува повеќе од 350 илјади тони годишно, доедка ископувањата се вршат на 18 различни работни нивоа.


За да не се разурне рудникот, се ископува само половина од пронајдената сол. Постојат седум дебели столбови со кумулативна дебелина од 150 метри и камења со 99 отсто чиста сол.


Тунелите светат со различни нијанси на бела или розова сол, а во еден дел е отворена и експериментална клиника за лечење астма која ги привлекува туристите од целиот свет. Клиниката има 12 кревети и рецепција украсена со светилки направени од сол.


Најголемиот рудник во светот е Сифто, рудник за сол во Онтарио, Канада.

http://kajgana.com/rudnik-za-sol-so-sopstvena-dzamija-i-zheleznica-za-turisti
--- надополнето: 22 април 2013 во 16:27 ---
Според Тамерлан Царнаев, Библијата е копија на Куранот
22. 04.2013 - 15:53:28

Починатиот осомничен за бомбашкиот напад во Бостон Тамерлан Царнаев, сметал дека Библијата е копија на Куранот.

Ова го истакнал 26-годишниот Чеченец пред три месеци, за време на расправата на религиозна тема со неговиот сосед, кој живеел во истата зграда во Ватертаун.

“Тој објаснуваше како Библијата всушност е копија на Куранот и како се користи од американската влада како изговор да превзема други земји“, појаснил соседот пред телевизискиот канал Си-Би-Ес.
http://www.netpress.com.mk/m/vest.asp?id=126902&kategorija=6
--- надополнето: 22 април 2013 во 16:28 ---
Папата Франсис на свештениците им кажа дека не се функционери
Објавено: 15:07, 22/04/2013
Папата Франсис денес порача дека од свештениците не очекува да бидат добри пастири, да не се однесуваат како функционери, туку да покажат смиреност и скромност, да го проповедаат евангелието и да „служат за спасување на изгубените“.

Папата во базиликата на Св. Петар во Рим, по повод првото поставување на функција на десет свештеници од Аргентина, Хрватска, Индија и Италија истакна дека од нив, но и од целото свештеништво очекува да бидат добри пастири.

-Не срамете се да бидете нежни кон старите, ниту уморни од милост– изјави тој.

Папата додаде дека свештениците треба повеќе да го читаат Светото писмо, тоа што ќе го прочитаат, добро да го разберат и да живеат според Библијата.
http://a1on.mk/wordpress/archives/140136
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
JESSICA RHODES: НОСЕВ ХИЏАБ ОД РАДОЗНАЛОСТ И ПРИМИВ ИСЛАМ

Искуството од еден ден носење хиџаб ја одведе 21 годишната Британка Jessica Rhodes во ислам. “Зедов учество во кампањата Светски ден на хиџабот кога му се одзвав на предизвикот да носам хиџаб месец дена”, вели Jessica Rhodes, која, како и многу други немуслиманки, се одзвала на повикот на муслиманските организации на спомнатиот Светски ден на хиџабот, бидејќи сакала да види како се чувствуваат муслиманките кои што носат хиџаб.

“Покрај тоа што ставив хиџаб ( марама, шамија) почнав да го читам и Кур’анот. Исто така, почнав да го истражувам исламот малку подобро и ги најдов во исламот одговорите на прашањата кои долго ги барав. Кога одлучив да прифатам ислам моите родители не беа среќни, но сепак ја прифатија мојата одлука. Моите пријатели различно реагираа, некои ме поддржаа а на другите не им беше драго што постанав муслиманка”.Jessica Rhodes со радост раскажува за својот нов живот.

За жал, Jessica, не го крие своето разочарување од муслиманите кои не и даваат поддршка. “ Понекогаш имам чувство дека поедини муслимани би сакале да го напуштам исламот и да му се вратам на паганизмот”, заклучува Jessica Rhodes.

Извор: http://www.islamika.org/index.php/islamski-sadraj/povratnici-u-islam/294-jessica-rhodes-nosila-hidzab-iz-radoznalosti-i-primila-islam-.html
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.464
Нема крај со грабежите

Пустош во црквата Св. Георгиј во Лазарополе

Нема крај на серијата грабежи по православните цркви во западна Македонија. Последна на листата е црквата Св. Георгиј во Лазарополе, еден од најубавите храмови во мијачкиот крај.


На интернет страницата на манастирот Свети Јован Бигорски пишува дека крадците успеале да украдат скоро се што било вредно во црквата - дел од престолните икони и другите ретки икони од XVI, XVIII и XIX век, цел горен ред од иконостасот, па дури и старата и неодамна реставрирана престолна резба. После кражбата во црквата е оставен пустош.
„Влезната врата е буквално распарчена, иконите се искорнати од ѕидовите и оваа жална слика е само еден тажен потсетник за нас дека едно непроценливо богатство што некогаш го красеше овој раскошен храм е неповратно заминато. За жал органите за безбедност се покажаа немоќни да влезат во трага на оваа организирана група или да направат што било за да ја запрат оваа серија на кражби која нè лишува од најсветото и највредното“, пишуваат свештените лица.
Осквернавен е најубавиот храм во мијачкиот крај, храм прочуен по својот редок и вреден иконостас, но и по доста богатата галерија на стари икони кои датираат од XVI до XVIII век. Црквата неодамна беше реставрирана.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Скандал ја тресе СПЦ заради порно снимка на владиката и четири момчиња


19.04.2013 | 10:37
Василије Качавенда бил снимен во полов однос со четири момчиња.

Монахот Николај Стаматовиќ се обидел да ја продаде за 100.000 евра снимката на која 75-годишниот владика Василије Качавенда има сексуален однос со четири момчиња. Размената во Белград не успала бидејќи полицијата го запленила филмот и го уапсила Стаматовиќ.

Полицијата ја контактирал несудениот купец Бојан Јовановиќ, поранешен ѓакон во Српската православна црква. Сето тоа дошло до јавноста минатата седмици, но владиката и СПЦ не реагирале на обвиненијата.



Додека СПЦ и полицијата молчат, медиумите ги пренесуваат зборовите на адвокатот Душко Томиќ, кој со несудениот купец Јовановиќ бил во Белград на состанок со Стаматовиќ кој им го презентирал видеото. На вториот состанок, Стаматовиќ бил уапсен.

Томиќ, кој е познат по голем број на звучни случаи, вели дека има повеќе филмови со кои се уценува Качавенда: "Јас видов со свои очи и никој не може да ме разубеди дека тоа не е Качавенда". Еден дел од филмот бил снимен во дворот на владиката во Бијелине, а другиот во неговиот стан во Белград
Еве контра-вест на оваа вест, па кој сака, нека расуди:
http://borbazaveru.info/content/view/5703/1/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom