Заборавив да ви пренесам уште неколку правила од кои некои нема да стапат на сила веднаш, но најдобро е сите да бидете информирани за повеќе да се ангажирате околу промените (кога ќе дојде време за нив) во вашите тимови.
ПРАВИЛО БР.1 - Доколку некој играч покаже неактивност (5 пати по ред не одговори на прашањата), неговиот тим ќе биде дисквалификуван. После четвртото неучество, играчот ќе биде предупреден со ping, доколку и после тоа не одговори на прашањата, ќе сметам дека истиот не сака да ја игра веќе играта, и му следува моментална дисквалификација по завршување на трката. Иако нема да му значи ништо, бодовите кои до тогаш ги освоил, му остануваат и истиот ќе се рангира во вкупниот поредок. Правилото стапува на сила веднаш!
ПРАВИЛО БР.2 - Секој тим кој има 107% помалку бодови од водечкиот на листата во генералниот пласман, ќе биде дисквалификуван од понатамошната игра. Иако нема да му значи ништо, бодовите кои до тогаш ги освоил, му остануваат и истиот ќе се рангира во вкупниот поредок. Правилото стапува на сила по трката бр.10!
По десеттата трка (а може и порано) ќе биде разгледана можноста за приклучување на нови играчи со нови тимови, кои ќе почнат од 0 поени, но само доколку некој од моменталните биде дисквалификуван.
ВИ БЛАГОДАРАМ!
--- надополнето: 18 април 2013 во 21:25 ---
Моите одговори:
1.Алонсо
2.Не
3.Не
4.Не
5.Да