Лесно е од страна да се соли памет, ама ќе ти кажам: прибери си го детето додека не ја разболат од нервоза.
Што живот е тоа? Млада, здрава, права, работи и парите и ги земаат?!?!?
Анчо, не живееме у 19. век!
Мојата прабаба била различна вера со прадедо ми и му рекла: ќе се земеме, ако ја прифатиш мојата вера. Ако не, шетај!
Пази, тоа се случува пред 100 години во македонско село!!!
У 21. век една жена не смее да си дозволи да ја третираат како робинка.
Зетот каков лангидар! Маж, да чека жена му да го издржува?! Маж може секаде да работи. Ќе растовара цемент ако треба. Дете има, невеста има, он седи дома?!
Пак ќе ти кажам: прибери си го детето дома. Кај има за вас, и за неа и за детенцето ќе има.