Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Една работа е твојата омраза што Роналдо премина во Милан, друга е вистинската приказна. Од финансиски, маркетиншки и од страна на Морати беше добра зделка. Сепак и покрај тоа што го облече дресот на ривалот, тоа не го прави помалку... Роналдо е 10пати е играчот отколку што беа беа Виери и Мартинс заедно.

Во голема заблуда си но, твој став е нема да ти форсирам мои погледи. Мартинс беше некомплетен играч, играч во развој. Играч кој покрај толку квалитетни напаѓачи немаше иднина во Интер. Мартинс сеуште може да се врати во Интер, впрочем сеуште поседуваме дел од него. Мартинс не беше калибар за Интер. Затоа и замина, д асе доизгради... не можеш да споредуваш потенцијална ѕвезда со ѕвезда која еве како што гледаш, освен што донесе трофеи и радост кај навивачите, донесе и нови навивачи, донесе нови лица, донесе насмевка кај сите интеристи.

Бобо е друга приказна. Бобо не беше човекот кој го спаси Интер. Вентола и Калон беа тие кои му се најдоа на Интер кога западна во една од најголемите кризи. Каде беше Бобо тогаш? Со девојката манекенка на одмор, на некоја плажа уживаше во кхм... повредата. Пола кариера беше повреден, пола се жалеше дека е повреден. Беше гол машина-имаше огромен потенцијал, но Бобо од времето на Атлетико не го видовме. Освен што знаеше да ја искористи својата робусност за да совладува противнички фудбалери, не знаеше ништо друго. Не знам колку кискови имал, не знам колку картони добил, не знам колку провокации направил, колку задоцнети тренинзи, луди забави и побелени влакна на косите на неразурите. Го мразам, многу.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Омразата кон одреден фудбалер и фудбалските квалитети на истиот се две различни работи и не треба да ги мешаме. Незнам зошто би мразел некој фудбалер на Интер затоа што заминал во Милан, кога очигледно политика и на двата клуба е да си разменуваат играчи. Тоа не е случај со повеќето големи ривалства во Европа ама е кога станува збор за Интер и Милан. Треба ли да го мразиме Пирло што не му бил доволно добар на Интер? Или Сидорф? Ако на двата клуба им одговараат ваквите комбинации незнам зошто јас би се палел сега на тоа и би фрлал со дрва и камења по играчите што го напуштиле Интер. А мора и да си признаеме дека Интер еден период имаше ужасна проценка и дозволи да си одат играчи кои потоа станаат ѕвезди. Роберто Карлос на пример.

Како тоа Мартинс направил повеќе од Роналдо не можам да разберам никако. Мартинс беше играч за натпревари со послабите екипи. Во дерби средбите ретко кога одигра, обично се губеше. Имаше натпревари против Милан и Јувентус кога нивните дефанзивци не му даваа да мрдне. Бобо Виери направи повеќе од Мартинс тоа е сигурно. Ама ги потроши сите кредити, долго време му се даваше шанса иако беше очигледно дека е далеку од стариот Виери. Дури и навивачите почнаа да го исвиркуваат, што не е фер затоа што сепак дал многу за Интер, ама толеранцијата секогаш си има некои граници.

Крајна линија, (и тука се надевам ќе ја завршам дискусијата за Роналдо ако не излезе нешто непредвидено :) ), е дека без разлика дали некој го мрази или не, ниеден друг напаѓач на Интер не бил ни блиску до квалитетите на Феноменот. Секоја споредба во однос на фудбалските квалитети за мене е смешна. За лојалноста кон клубот и за успесите на различни фудбалери, тоа може да се споредува и да се дискутира.
 
А

Адриано

Гостин
зошто го споредувате Роналдо со Виери...зошто не го споредите еве роналдо со меаца или со мацола па да правиме муабет!
и доста веќе го оправдувате дека бил повреден според мене Рекоба да не беше секоја сезона повреден ке даваше многу повеќе голови одколку дебелкото!имаше многу подобар удар од него и никогаш не дозволи публиката да го исвирка туку секогаш го давал срцето за Интер,Нажалост Интер за него даваше +1 место на клупата!

и ако може некој да најде статистика оти овака само ке врзуеме пост под пост за џабе!
знам имаше во вест пред бааги време за најдобар тандем за нападот во Италија! Виери и Рекоба беа 2 место пред нив беа Меаца со уште еден не се сеќавам баш кој ако може некој нека најде!
и еден факт што многу ме радува на форумов стигнавме до 200 страна со муабетов значи стварно или сме премногу болни по Интер или сме премногу болни по форумов!За вас незнам ама ја сум луд по двете!:vozbud:
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Интер засекогаш!

Ајде кој не го потрошил 100 GB download-от да симне нешто што вреди да го има во колекцијата.... Вреди и тоа како:

финале: Inter 3-1 Real Madrid 1964 Европски Куп (download 679Mb)
полуфинале: Inter 3-0 Liverpool 1965 Европски Куп (2min 18 sec)
првенство: Inter 4-0 Juventus (мислам 79та) (10 min 34sec)
првенство: Inter 2-1 Napoli (12 min 58sec)
првенство: Inter 2-0 Juventus (1-0 Matthaeus) (2-0 Battistini)
финале: Inter 2-0 Roma - Уефа Куп (2 min 04sec)
финале: Roma 1-0 Inter - Уефа Куп (прослава 2 min 04sec)
финале: Casino Salisburgo 0-1 Inter - Уефа Куп (2 min 33sec)
1/4 финале: Juventus 0-3 Inter - Копа Италија(1min 15sec)
Филм за Интер во сезоните 96/97 и 97/98 - 56min 51sec дел: 1, 2, 3
финале: Lazio 0-3 Inter- Уефа Куп 1во полувреме 21min 56sec
финале: Lazio 0-3 Inter - Уефа Куп 2ро полувреме 30min 28sec
првенство: Inter 2-1 Brescia (6min 6sec)
првенство: Juventus 1:0 Inter (5min 9sec)
првенство: Inter 1:0 Juventus - Џоркаеф(goal 1min 4sec)
Inter 3-1 Real Madrid Лига на шампиони (10min 51sec)
првенство: Roma 4:5 Inter (1min 31sec)
првенство: Juventus 1:3 Inter (22 min)
Inter 3-1 Rangers Лига на шампиони (2min)
првенство: Inter 1-0 Fiorentina (3min 41sec)
првенство: Sampdoria 2-2 Inter (4min 10sec)
првенство: Udinese 0-1 Inter (4min 33sec)
Историја на најголемото дерби: Интер-Милан (филм 1h 56 min)
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Имам торент со еден производ на Скајспорт.
Паца Интер 1908-2008. Седум двд-а, ама нема сидери. Иначе ги има сите овие, плус други ствари од историјата на клубот.
 
Marso

Io sono INTERISTA!
Член од
22 јануари 2006
Мислења
1.456
Поени од реакции
311
Maicon: I Want To Stay At Inter For Life
Inter full-back Douglas Maicon has ruled out the possibility of a move away from San Siro by declaring that he wants to stay at the club for life.

ЕЕЕЕ искрено вакви работи сакав да слушам!!!! Тој како и да е ќе си замине за едно 2-3 сезони најмогу :)
ама пак вреди да се слушне!!
 
достоен наследник на Занети:vozbud: и иден капитен ако продолжи овака!
и едно фала за Димитар половина од клиповите симнав ама за ниеден MB не зажалив:salut:
 
Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
Омразата кон одреден фудбалер и фудбалските квалитети на истиот се две различни работи и не треба да ги мешаме. Незнам зошто би мразел некој фудбалер на Интер затоа што заминал во Милан, кога очигледно политика и на двата клуба е да си разменуваат играчи. Тоа не е случај со повеќето големи ривалства во Европа ама е кога станува збор за Интер и Милан. Треба ли да го мразиме Пирло што не му бил доволно добар на Интер? Или Сидорф? Ако на двата клуба им одговараат ваквите комбинации незнам зошто јас би се палел сега на тоа и би фрлал со дрва и камења по играчите што го напуштиле Интер. А мора и да си признаеме дека Интер еден период имаше ужасна проценка и дозволи да си одат играчи кои потоа станаат ѕвезди. Роберто Карлос на пример.

Како тоа Мартинс направил повеќе од Роналдо не можам да разберам никако. Мартинс беше играч за натпревари со послабите екипи. Во дерби средбите ретко кога одигра, обично се губеше. Имаше натпревари против Милан и Јувентус кога нивните дефанзивци не му даваа да мрдне. Бобо Виери направи повеќе од Мартинс тоа е сигурно. Ама ги потроши сите кредити, долго време му се даваше шанса иако беше очигледно дека е далеку од стариот Виери. Дури и навивачите почнаа да го исвиркуваат, што не е фер затоа што сепак дал многу за Интер, ама толеранцијата секогаш си има некои граници.

Крајна линија, (и тука се надевам ќе ја завршам дискусијата за Роналдо ако не излезе нешто непредвидено :) ), е дека без разлика дали некој го мрази или не, ниеден друг напаѓач на Интер не бил ни блиску до квалитетите на Феноменот. Секоја споредба во однос на фудбалските квалитети за мене е смешна. За лојалноста кон клубот и за успесите на различни фудбалери, тоа може да се споредува и да се дискутира.
nikoj ne mu gi osporuva kvalitetite no dali zasluzuva da bide vo ista ekipa so zaneti bergomi meazza ........
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
nikoj ne mu gi osporuva kvalitetite no dali zasluzuva da bide vo ista ekipa so zaneti bergomi meazza ........
OK, работа на вкусови. Ти мислиш дека не може,веројатно затоа што играчите што ги наброи имаат огромен стаж во Интер, јас мислам дека може и мора, затоа што според квалитетот е далеку пред сите. Мислам дека и двете размислувања држат вода, зависи кој од каков агол гледа на работите и како размислува.

Не мислам да разубедувам некого, нити пак некој мене ќе ме разубеди по ова прашање, така да може да прејдеме на нова тема :) Важно е според мене да ги почитуваме оние кои го носеле дресот на Интер. Сите дале по нешто за тимот. Исто и за репрезентативците (малце оф-топик). Почитта кон играчите кои играат за тимовите за кои навиваме е една од лекциите кои во глобала, не ги имаме совладано.

P.S.
Димитар, фала за линковите. За жал имам интернет од само 3gb ама барем за оние помалите имам простор. И во иднина постирај ако налеташ на уште вакви клипови.

:inter::inter::inter::inter::inter:
 
sosema si vo pravo rabota na vkusovi. INTER PRED SE !!! INTER NAD SE !!

INTER !!!!!!!!!!! INTER !!!!!!!!! INTER !!!!!!!!! INTER !!!!!!!! INTER !!!!!!!!!!
 
gos

Wrong
Член од
8 ноември 2007
Мислења
719
Поени од реакции
56
ronaldo moze da go pocituvam a da go simpatiziram ne.iako go sakav zatoa sega navivam za inter.(moe misnje) za inter toj samo navivaci donesol nisto drugo.a ibra da i navivaci i scudetoo,ova godina cekam champions league
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Денеска пристигнале две т.е. три понуди во канцеларијата на д-р. Морати.

Едната од Реал за Ибра+Маикон 90м евра
другата, за Ибра и Маикон 90м евра, овојпат од Челзи. Така пишува кориере.
Сепак д-р Морати знае дека бараат двајца играчи кои моментално немаат цена.
Затоа на двете понуди... им стави по еден знак:

Ги прогласи и Ибра и Маикон за Антачабл и, дека моментално не постои цена која може да ги откупи од Интер!
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.975
Поени од реакции
5.590
Како слушнав, не се проблем парите, за нив тука е Абрамович:P..Ако ги продаде Интер за мајкон не знам, ама за Ибра ќе направи голема грешка..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom