Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Сам кажа... Да беше здрав.

Но не беше... и, џабе.. не вреди да му го земе местото на некој кој цел живот му го посветил на Интер.

Мене Роналдо ми беше еден од најомилените играчи. Денот кога дојде во Интер, се радував како мало дете (мало дете и бев) :) Но, после првата сезона.. остана во место. Тоа е проблемот.
 
А

Адриано

Гостин
Најрадосен за Интер сум бил кога се случи овоа!
http://youtube.com/watch?v=YXncvXh3ALU
тато ден денеска тврди дека сум го удрил таванот со глава!:vozbud:
а кога не елиминираше милан од лига на шампиони 2003-2004
солзи ми потекоа оти ич не го заслужија тоа!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
се глеа дека си почетник!
Не размислуваш многу овдека се води разговор за играчи кои одиграле над 300 утакмици за Интер и срцето го дале за тимот како Занети,Меаца,Факети .... а не за некој клошар кој за пари ке си ја продаде мајката!!
Точно е дека сум почетник, ама на форумов. Се регистрирав пред 2-3 недели. Инаку колку што видов сум 12 години постар од тебе, што значи кога сум почнал да навивам за Интер ти не си бил влезен ни во урбанистички план. Затоа размисли малку пред да дисквалификуваш некого. Сите имаме право на свое мислење.

Факт е дека Роналдо беше вистинска ѕвезда каква што Интер (кој имал едно чудо ѕвезди) никогаш немал. Уште паметам каква еуфорија владееше по Роналдо во целиот фудбалски свет и колку беа горди навивачите на Интер што го имаат во тимот. Кога Роналдо играше за Интер, и тоа како играше со срце. Погледни го само клипот на you tube од финалето на купот на УЕФА против Лацио и ќе ти стане јасно.

[MEDIA]http://www.youtube.com/watch?v=j5R7clxNfDI[/MEDIA]

Фудбалот е денес пред се бизнис. Незнам дали била поголема желбата на Роналдо да замине или интересот на Интер да го продаде. Во секој случај, тоа е нормално денес. И самиот Морати изјави неколку пати по заминувањето на Роналдо дека тој му е еден од најдрагите фудбалери кои играле за Интер и дека би сакал еден ден да го види пак во дресот на Интер.

Зборот ми е, кога дискутираме за фудбалерите треба да ги гледаме пред се нивните фудбалски квалитети. Каков карактер имале и дали им биле парите најважни нити можеме со сигурност да знаеме нити има некоја важност. Дури и да е така, на крај памет не ми паѓа да му замерувам на човек кој изразнал во тешка беда и сиромаштија.

Ај, доволно е, да не замарам повеќе. Почетник сум не се разбирам многу...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Дури пред Роналдо би го ставил и Ибрахимович, кој е дури и подобар од деновите кога дебелкото беше најјак
Димитар, на повеќе фудбалски теми гледам дека имаме слични размислувања ама на ова имаме крајно спротивни. Го ценам Златан кој е страшен напаѓач и сигурно еден од најдобрите кој играле за Интер, ама моето мислење (не мора да сум во право, нормално) е дека во деновите кога дебелкото беше најјак немаше жив напаѓач на светов кој му беше дури и близу. Мислам дека Златан и да продолжи вака да игра никогаш нема да биде подобар од Феноменот во неговите најдобри времиња. Ќе одигра многу повеќе и ќе освои многу повеќе титули, и сигурно ќе стане поголема легенда на клубот, затоа што титулите и успесите се најважни. Ама играчки, фудбалски, и тој и сите останати напаѓачи се далеку зад Роналдо.
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Како прво.
Тоа што Роналдо му го донесе на Интер,не можат ни 1000 играчи како Ибра,Занети,Факети (заради рима последниов бог да го прости).
Дури и Морати сам признал.
Како второ да не беше тој Роналдо и неговиот гол против Лацио куп УЕФА,ја сеуште ке навивав за јубентус.
Роналдо е Роналдо.
Остајте вие сеа,што сте еуфорични поради игрите на Ибра...Роналдо на времето беше...10000 “Ибри“.
(го цитирам Точкест) Тенкјукамаген.
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Димитар, на повеќе фудбалски теми гледам дека имаме слични размислувања ама на ова имаме крајно спротивни. Го ценам Златан кој е страшен напаѓач и сигурно еден од најдобрите кој играле за Интер, ама моето мислење (не мора да сум во право, нормално) е дека во деновите кога дебелкото беше најјак немаше жив напаѓач на светов кој му беше дури и близу. Мислам дека Златан и да продолжи вака да игра никогаш нема да биде подобар од Феноменот во неговите најдобри времиња. Ќе одигра многу повеќе и ќе освои многу повеќе титули, и сигурно ќе стане поголема легенда на клубот, затоа што титулите и успесите се најважни. Ама играчки, фудбалски, и тој и сите останати напаѓачи се далеку зад Роналдо.
Па, никако, нема лутење. Секоја дискусија е добра за форумов. Секое различно мислење е дел од форумов. Тоа е и целта. Не како на темата за Милан: некој ќе пише Кака е најдобар... и следуваат 20 поста: да така е...некој ќе пише: Дида е месечар и пак истите 20: така ееее..

Да се вратиме на Интер :)
Значи Роналдо... дел од најдобрите 11 на Интер. Имав еден пост каде што пишав што значеше Роналдо за Интер. Пост со кој го величав до немајкаде. За жал поновите незнаат дека некако се изгубија неколку месеци од форумов :( и некако илјадници квалитетни постови заминаа во неповрат...

Роналдо му донесе најмногу слава на Интер. Му донесе навивачи. Илјадници фанови кои сеуште навиваат за Интер. Спонзори кои сеуште се верни на Интер. Трансфер од Барселона за кој се зборуваше и по неколку месеци. Роналдо ќе блесне во Интер. И вистина блесна. Стана феномен. Иако на првиот натпревар Рекоба му ја зеде славата... но, сепак Роналдо се покажа во најдобро светло таа сезона. Блесна, убиваше на сите натпревари. Ретко беше да се најде таков фудбалер со таква убавина во играта, и со таков шут. Имам гледано МНОГУ од тие натпревари и знам кој и што беше Роналдо.
Нешто за тоа имам пишано тука. Се сеќавам колку го споредуваа со Пеле. Не мислам на играта... мислам на кариерата. Младото момче од 17 години кое фати место во репрезентацијата на Бразил, и по кое се тепаа сите европски гиганти. Сите велеа: кога овој анонимец ќе наполни 23-4 години, ќе биде чудо. Нема да има тим што ќе може да го запре, не поединец... тим!..
Но, згасна со повредата. Само после 1 сезона. Сепак, премногу е малку за да се го ставиме во најдобриот тим на Интер. После враќањето ... (по 2 години), не беше оној стариот. Беше бавен, се заморуваше после 1 дуел... тром. Тогаш мораше да замине од Интер. Или тој или Купер. Купер го мразеше... а Морати во Купер виде спасител. Со тим кој е половина од денешниот Интер имаше сјајни сезони (на кои им фалеше завршница). Морати покрај се... реши да го пушти Роналдо. Извлече добра цена од кој друг ако не Реал. Тимот кој тоа време не купуваше таленти, купуваше ѕвезди.

Ок, можеби тоа со Златан ми беше претерано, дека моментално е подобар од Роналдо (што беше), но како што кажа ти, ќе биде... успесите се оние кои се бројат нели? Роналдо имаше успех што му го врати сјајот на Интер.

И, значи, и покрај што ми е еден од најомилените фудбалери кои заиграле за Интер, сепак според мене, не можеш со една изиграна сезона да го ставиш во иста кошница со играчи кои ЖИВОТОТ му го посветиле на Интер:

Zenga 12 години,
Javier Zanetti - 12 години,
Giuseppe Bergomi 19 години,
Tarciso Burgnich 12 години,
Giacinto Facchetti 18 години,
Gabriele Oriali 13 години,
Mario Corso 16 години,
Luis Suarez 9 години,
Sandro Mazzola 16 години,
Giuseppe Meazza 23 години

Сепак, мое мислење...

п.с. Првиот дрес што го имав од Интер, беше... со Роналдо :)
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.976
Поени од реакции
5.592
Роналдо беше легенда и уште е ..Само човекот што си нема среќа со повредите!!Искрено, навивам за Јуве, после се израдував кога слушнав дека Ибра ќе иди од Ајакс во Јуве, точно, но се разочарав кога ги видов бледите игри во Јувентус, пред се во Лигата на Шампионите, поточно на мечот со Вердер, каде што направи минимум 13 офсајди што и Филипо Инзаги можи да му подзавиди за тоа, ама искрено мислам дека и јас да влезев таму поубава утакмица ќе одиграв за Јуве..Додека пак на Ибра не му се допадна играта, или не му се погоди играта не знам..Со Трезеге двајцата се високи а Капело практикуваше игра нетипична за италијанците, со накревања да се искористи височината на Трезеге и Ибрахимович(со Трезеге испадна во ред,ама со Ибра не ми штимаше нешто)!!Но, големо НО, тука ја направија грешката и Капело и сите..Не си ја увидоа грешката и продолжија, а Ибра дали немаше шанса, немаше простор или едноставно не му се погоди средината не можеше да ја најди својата форма..Тука ја гледам причината на заминувањето на Ибра во Интер, а не финансиската!!Сега, продолжувам..Иди Ибра во Интер, и сосема спротивставеност,дава голови, втор стрелец е во калчото, ама уште повеќе тој е лепак на одбраната средината и нападот на Интер!Сакам да кажам дека на секој може да не му се погоди средината во која игра и затоа ја менува..Ист примерот е и со Пирло и Сидорф..Ја топлеа клупата од Интер, а сега парче прават, и тие да не се заедно со Кака во Милан ќе замини Серија Б!!А Роналдо е легенда не само на Интер, не само на Барселона, не само на Милан..Роналдо е легенда за сите
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Одличен пост Димитер но сепак и кога се врати беше добар во 2001 10 натпревари и 7 гола иако беше резерва замисли на Вентола а Купер да ве потсетам што му правеше го пушташе да се загрева цел меч и на крај не го пушташе да влезе тоа се случуваше многу пати.Роналдо не го напушти Интер заради пари како што велат некој Морати беше заљубен во него секоја желба ке му ја исполнеше сакаше да смени средина иако го чекавме 3 години скоро.Ибра нема што да споредувам не го потценувам Ибра но за мене класи се во прашање.

наст гол
Serie A 2001/2002 INTER 10 7
Serie A 2000/2001 INTER 0 0
Serie A 1999/2000 INTER 7 3
Serie A 1998/1999 INTER 19 14
Serie A 1997/1998 INTER 32 25
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Да, се согласувам со тоа дека често фали вистинска дискусија на форумов. На повеќе теми може да се видат серија постови од типот: “Интер е најјак“... “Како да не, Милан е најјак...“Што разбирате бе вие, Јуве е закон“... и така до недоглед. Тоа не е дискусија и не ќе ми сметаше ако не ги потиснуваше вистинските постови кои се губат од видик. Затоа треба да се практикува почесто бришење на вакви и слични глупости.

Разбирливо ми е твоето гледање на работите, сепак играчите кои долго време играат за еден клуб оставаат големи траги, односно добиваат епитет на легенди. Сепак, за мене е најважно што еден фудбалер направил за тимот додека бил дел од него. А Роналдо направи многу, како што и ти кажа. Мислам дека за својот краток престој во Интер направи повеќе од многу играчи кои играле многу подолго од него. Не би можел да ставам друг напаѓач пред него. Којзнае, да не се случеше повредата можеби се ќе беше поинаку. Иако ваквите избори се неблагодарни, пред се затоа што од минатото имаме само статистика и податоци а повеќето играчи не сме ги виделе на дело, па тешко е да се споредува. Секоја генерација си има свои фаворити.

Од останатите фудбалери на Интер во идеалниот тим би го ставил без никакво двоумење Хавиер Занети, а можеби и Алваро Рекоба. Сепак ова е малку субјективно затоа што овие двајца долго време ми беа омилени играчи.

Уште една работа ми паѓа на памет: денешниот Интер е супер-силен и е на исто ниво со најдобрите европски екипи. Во некоја замислена ситуација, денешниот Интер + стариот Роналдо би бил незапирлива машинерија. Роналдо и Ибрахимович во шпицот. Кај сакаш подобро од тоа :)

:inter::inter::inter::inter::inter:
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Inter u srce te nosam
Прочитај 2 поста погоре. Не е целта на форумов да оставиме некое кратко коментарче. Добро е да се развива дискусија. Но да биде квалитетна, да вреди, да ти го ценат тоа... Да почнам од твојот јузер. Ок, ги мразиш Милан, но, поробај да поддржуваш некој друг (Интер) повеќе одколку што мразиш. Така е подобро... верувај ми...

И да не одам целосно офтопик... да се надоврзам на Морати во врска со неговата изјава за академијата. Конечно Интер направи школа која вреди. Години наназад најголем проблем за Интер беше толку тоа што немаше квалитетни млади фудбалери излезени од нивната школа. Затоа, пред околу 10 години Морати вложи многу повеќе на школите низ Италија, како и низ целиот свет. Работеа со деца од 5-6 години. Сега сите тие имаат 15-6 години, и за неколку години ќе доаѓаат пополека во првиот тим на Интер.

Под водство на Манчини многу од малку постарите веќе и дебитираа во А тимот на Интер.

1. Aiman Napoli (19-12-2007, Reggina - Inter, Купот на Италија)
2. Ivan Fatic (19-12-2007, Reggina - Inter, Купот на Италија)
3. Mario Balotelli (16-12-2007, Cagliari - Inter, Серие А)
4. Gabriele Puccio (12-12-2007, PSV Eindhoven - Inter, Лига на шампиони)
5. Francesco Bolzoni (01-02-2007, Inter - Sampdoria, Купот на Италија)
6. Simone Fautario (17-01-2007, Inter - Empoli, Купот на Италија)
7. Sebastian Ribas (17-01-2007, Inter - Empoli, Купот на Италија)
8. Ludovic Biabiany (17-01-2007, Inter - Empoli, Купот на Италија)
9. Attila Filkor (09-11-2006, Messina - Inter, Купот на Италија)
10. Ibrahim Maaroufi (25-10-2006, Inter - Livorno, Серие А)
11. Leonardo Bonucci (14-05-2006, Cagliari - Inter, Серие А)
12. Ilario Aloe (14-05-2006, Cagliari - Inter, Серие А)
13. Domenico Germinale (14-05-2006, Cagliari - Inter, Серие А)
14. Goran Slavkovski (07-05-2006, Inter - Siena, Серие А)
15. Daniel Maa Boumsong (30-11-2005, Parma - Inter, Купот на Италија)
16. Matteo Momentè (30-11-2005, Parma - Inter, Купот на Италија)
17. Fabrizio Biava (15-06-2005, Inter - Roma, Купот на Италија)
18. Marco Andreolli (29-05-2005, Inter - Reggina, Серие А)
19. Tijani Belaid (29-05-2005, Inter - Reggina, Серие А)
20. Hernan Dellafiore (07-12-2004, Inter - Anderlecht, Лига на шампиони)
21. Dino Marino (21-11-2004, Inter - Bologna, Купот на Италија)
22. Riccardo Meggiorini (14-11-2004, Cagliari - Inter, Серие А)


FORZA INTER
 

Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
luge tuka nikoj ne gi osporuva kvalitetite na juda tuka negovata posvetenost na klubot i recoba ne ja dobil zasluzenata sansa no nikogas ne se zakanuval so zaminuvanje duri i bez dozvola na morati nejkese da potpise za italijanski klub. zatoa debeliot ne zasluzuva mesto vo ovaa formacija. duri i oba oba i bobo imaat poveke napraveno za inter
 

Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
еспект за тебе и Интер,али со едно мора и самиот да се согласиш...

За Интер и ГОСПОД да игра , пак нема титула да освојат.Секад имале боље тим од Милан а увек позади нив на табела.Така ќе биде и оваа година немај гајле за тоа...
__________________
ја само се крстам кога некој ке ми каже дека навива за Интер
не дека не го сакам клубот туку дека ми е жал што нема да дочекаат титула
hahahahahahah molam kazavte nesto :pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:

Како на пример?
kako na primer mene me parsuvas ili imperator ?

kako na primer ne se zakanuvaat deka nema da zaigraat za inter ako ne im se dozvoli da si odat, ili pak davaat izjavi deka inter e samo vtor klub vo milano pa ako sakas bobo bese vo inter i davas golovi koga inter bea najkatastrofa i sam gi nosese niz celo prvenstvo
 

Marso

Io sono INTERISTA!
Член од
22 јануари 2006
Мислења
1.456
Поени од реакции
311
Како прво.

Како второ да не беше тој Роналдо и неговиот гол против Лацио куп УЕФА,ја сеуште ке навивав за јубентус.
Роналдо е Роналдо.
Остајте вие сеа,што сте еуфорични поради игрите на Ибра...Роналдо на времето беше...10000 “Ибри“.
(го цитирам Точкест) Тенкјукамаген.
E toa e toa!! i jas isto, jas pocnav voopsto da gledam fudbal koga Ronaldo dojde vo Inter! Tatko mi mi go kupi prviot fudbalski dres ! I nikogas nema da go zaboravam toj den! Uste go pamtam celosno! RONALDO 10!! I od togas ne znam za drug tim osven INTER !!! FORZA INTER!!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom