Продажен агент во "Mладинска Книга"

  • Креатор на темата Креатор на темата Beck's
  • Време на започнување Време на започнување
B

Beck's

Гостин
Значи видов на најдиработа дека ова фирма бара продажен агент и ме интересираше дали некој знае искуства со ова фирма или со овој вид на професија.

Дали вреди да се проба?
 
Бара трчање многу... и задолжително е возачка да имаш.
И на процент е, на почетокот нема многу да заработуваш.
 
Не знам тоа.
Ама знам дека доаѓаат кај мене едно два три пати годишно. Обично се постари луѓе, кои носат торба со некои книги и каталог. Оставаат телефон.
Младинска Книга е проверен издавач (од Љубљана), кој издаваше квалитетни изданија уште во СФРЈ. Квалитет, али скапо.
Проблем е со ваквиот продукт што се помалку се продава, особено во Македонија. Многу малку луѓе купуваат скапи квалитетни, изданија, од типот на енциклопедии и слично (тоа им е главната дејност на МК). Македонецот обично неќе да купи ништо, што може да го даунлодира на интернет. Сеа кај вас Албанците, може има друг менталитет за ова, мада нешто ми кажува дека дури помалку купувачи ќе имаш кај твоите, одколку кај гнасните каури.
 
Овај, книгите се само на Македонски јазик?
не сум сигурен, ама мислам дека ги прават и во албански верзии

едит: море сеа коа ќе ми текне, знам еден преведувач за Албански, кој пред неколку години преведуваше една енциклопедија за МК. Значи МК најверојатно ги имаат верзиите на книгите и на Албански јазик.
 
Aко си заинтересиран за комерцијалист, батали вакви сомнителни фирми.

Гледај да влезеш во Алкалоид, Скопска Пивара, Прилепска Пивара, Макпрогрес.

И комуникативен треба да си, ако си намќор џабе, ич не се труди.
 
Абе не дека сум интересиран стриктно за комерцијалист, едноставно не сум вработен моментално па реков да излезе нешто да не седам за џабе. Ама ја прочитав темата на arheolog и не ја фалеа фирмава. Тешко стана и работа да наоѓаш у пм
 
Абе не дека сум интересиран за комерцијалист, едноставно не сум вработен моментално па реков да излезе нешто да не седам за џабе. Ама ја прочитав темата на arheolog и не ја фалеа фирмава. Тешко стана и работа да наоѓаш у пм
Види, не е лошо да пробаш врска да фатиш во некоја од погоре набројаните фирми. Бидејќи за влез таму, друг начин нема.

Е сега, ако неможеш да најдеш врска за влез во тие фирми, претпоставувам млад си па и не е лошо да се обидеш и во оваа фирма.
Ако не друго некое искуство ќе стекнеш, плус и онака дома седиш џабе.
 
Абе не дека сум интересиран стриктно за комерцијалист, едноставно не сум вработен моментално па реков да излезе нешто да не седам за џабе. Ама ја прочитав темата на arheolog и не ја фалеа фирмава. Тешко стана и работа да наоѓаш у пм
Абе реално да збориме, ако имаш на ум (врски?) каде би се продавало меѓу Албанците ова, онда можеш некој напредок да направиш, а инаку меѓу Македонците, веќе имаат покриено, како што гледам, терен.

У суштина, се зафаќаш за ваква работа, ако однапред имаш идеја/можност каде да ги продаваш овие книги.
 
Реално гледано кој би купил книга денеска од 5-6000 ден
 
Реално гледано кој би купил книга денеска од 5-6000 ден
Мислам дека даваат и на рати. Јас така си ја купив енциклопедијата “Сите чуда на светот“ 2600 мислам беше, на 4 пати ја платив, ми идеа уплатниците дома по пошта и си ги уплаќав :)
 
Бара трчање многу... и задолжително е возачка да имаш.
И на процент е, на почетокот нема многу да заработуваш.

Како да работиш у Орифлејм ли? Ако продадеш, добро. Ако не, на здравје шетање...:cautious:
 
Реално гледано кој би купил книга денеска од 5-6000 ден
Гледај по школи наставници,професори,по факултетите можеби,кај новинари и слично.Можеби повеќето од нив не заработуваат некоја голема пара,ама на рати да ти платат имаат.

Сега не знам за кај албанците како е,ама за кај македонците покриен е теренот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom