- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 17.050
- Поени од реакции
- 16.584

На овој турнир вистински владател е Рафаел Надал со 8 титули во низа, и оваа година ќе има шанса да ја брани титулата освоена од минатата, а шансите да ја освои се големи, ако се знае фактот дека Новак Ѓоковиќ и не така спремен ќе се појави на овој турнир, до пред некое време под знак прашање беше неговиот настап на овој турнир, бидејќи во 1/4 финалето од Дејвис купот заработи и не така наивна повреда.
На турнирот ќе недостасува Федерер, кој одлучи да се одмори некое време, сепак годините си го прават своето и не можи да одигра на неколку јаки турнири.
Исто така на овој турнир ќе го нема ниту Ферер, кој се пожали на повреда, но за тоа тука ќе се Мареј, Бердих, Цонга, Дел Потро, Типсаревиќ, Гаске и уште неколку познати имиња во тенисот, од самиот врв. Па така нема да недостасуваат интересни мечеви, да се надеваме дека после долго време турнирот ќе добие нов шампион.
Мастерсот започнува на 14ти Април во понеделник, ден предтоа се одржуваат квалификациите, а ждребот за главниот дел од турнирот е во сабота.
Главни носители на турнирот:
1. Новак Ѓоковиќ
2. Енди Мареј
3. Рафаел Надал
4. Томаш Бердих
5. Хуан Мартин Дел Потро
6. Џо Вилфред Цонга
7. Ришард Гаске
8. Јанко Типсаревиќ
Награден фонд на турнирот:
€2,750,000
Телевизија која ќе го пренесува турнирот:
Спорт Клуб/Спорт Клуб + (финалето ќе оди на вториот нивни канал)
Официјален сајт:
http://www.monte-carlorolexmasters.com/
Ждреб:
http://www.monte-carlorolexmasters.com/Share/Event-Draws.aspx?Year=2013&Draw=ms
Поставена е и анкета на темата..
Нека има добра дискусија, провокациите да се помалку!