♛ Monte-Carlo Rolex Masters ♛ | 14 - 21 април, 2013 |

Победник на ♛ Monte-Carlo Rolex Masters ♛ ?

  • Новак Ѓоковиќ

    Гласови: 11 30,6%
  • Енди Мареј

    Гласови: 5 13,9%
  • Рафаел Надал

    Гласови: 18 50,0%
  • Томаш Бердих

    Гласови: 1 2,8%
  • Хуан Мартин Дел Потро

    Гласови: 1 2,8%
  • Некој од останатите тенисери..

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    36
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 март 2010
Мислења
17.050
Поени од реакции
16.584
1gmxj4.jpg
Првиот Мастерс турнир на земјена подлога традиционално веќе подолго време се игра на терените во Монте Карло, каде овој турнир датира од 1897 година, но дури после 1989 година се приклучува во делот на Мастерс турнирите, каде сеуште го држи тоа место, што не верувам дека во блиска иднина ќе се сменат работите.

monte-carlo.JPG
Турнирот е најава за Европската турнеа која ќе ја имаат тенисерите, а е предигра за тоа што следува на Роланд Гарос, вториот Гренд Слем во годината.

На овој турнир вистински владател е Рафаел Надал со 8 титули во низа, и оваа година ќе има шанса да ја брани титулата освоена од минатата, а шансите да ја освои се големи, ако се знае фактот дека Новак Ѓоковиќ и не така спремен ќе се појави на овој турнир, до пред некое време под знак прашање беше неговиот настап на овој турнир, бидејќи во 1/4 финалето од Дејвис купот заработи и не така наивна повреда.

nadal.JPG

На турнирот ќе недостасува Федерер, кој одлучи да се одмори некое време, сепак годините си го прават своето и не можи да одигра на неколку јаки турнири.
Исто така на овој турнир ќе го нема ниту Ферер, кој се пожали на повреда, но за тоа тука ќе се Мареј, Бердих, Цонга, Дел Потро, Типсаревиќ, Гаске и уште неколку познати имиња во тенисот, од самиот врв. Па така нема да недостасуваат интересни мечеви, да се надеваме дека после долго време турнирот ќе добие нов шампион.

Мастерсот започнува на 14ти Април во понеделник, ден предтоа се одржуваат квалификациите, а ждребот за главниот дел од турнирот е во сабота.


Главни носители на турнирот:
1. Новак Ѓоковиќ
2. Енди Мареј
3. Рафаел Надал
4. Томаш Бердих
5. Хуан Мартин Дел Потро
6. Џо Вилфред Цонга
7. Ришард Гаске
8. Јанко Типсаревиќ

Награден фонд на турнирот:
€2,750,000

Телевизија која ќе го пренесува турнирот:
Спорт Клуб/Спорт Клуб + (финалето ќе оди на вториот нивни канал)

Официјален сајт:
http://www.monte-carlorolexmasters.com/

Ждреб:
http://www.monte-carlorolexmasters.com/Share/Event-Draws.aspx?Year=2013&Draw=ms

Поставена е и анкета на темата..
Нека има добра дискусија, провокациите да се помалку!
 
Ех, не сум второпостирач,баш у склоп на темава дадов коментар. :D Инаку го избришав тоа чао, да не испадне вообразен коментарот.
Сериозно мислам дека Надал и 9ти пат по ред ќе ја освои титулата, имаше доволно време за одмор по Мастерсот во Индијан Велс, а сите знаеме дека оваа земја во Монако највеќе му одговара на Рафа, и самиот го има изјавено тоа. Од друга страна Новак имаше повреда, гарант ќе му влијае тоа на психата, а згора на тоа во последно време и не игра како што треба. Во серија е од 3 порази против Рафа на земја, лани ги изгуби сите три финалиња на земја, па оттука не гледам дека некој ќе го загрози и годинава. Нормално треба да имаме во предвид дека Надал беше повреден долго време и дека и кај него е можно да се осетат некакви последици, но верувам дека ова е надминато од негова страна, со оглед на резултатите во последно време. Ферер исто така не игра, еден од најдобрите земјаши во моментов, Федерер исто не игра, Мареј не го ни сметам за сериозна закана.
 
Како се движат коефициентите? Иначе типувам на Рафа и заради неговата самодоверба, би сакала победите да му бидат убедливи.

Рафа почна со тренинзи. :D

559887_10151452400741026_503986713_n.jpg
 
Lepota da gledas tenis na zemja, uf odvaj cekam da pocne. I fala bogu toa preforsiraniot murray da se izgubi malku od scenata.
 
540134_578692095475108_1542998342_n.jpg


Ноле на тренинг во Монте Карло, сепак најверојатно повредата нема да го принуди на ниту едно присуство и нормално... сите очекуваме финале Надал - Ѓоковиќ, а за епилогот на истото да не зборуваме. :P
 
Ја у 3то коло на Станислас против Енди ставам куќа,да си земам летниковац и парно :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom