ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Ако правиме муабет за истиот од 13ка,постар човек,така малце ќелав,што си прави со сите муабет,тој е најјак шофер :D.Кога ќе ја запука таа 13ката од сабајле,под 80 не ја пушта,ептен луд шофер е :pos:

Џоле :)
Најбољи чоек, семафор зелено свети, а тој ме чека да стигнам до бусот. И ми вика полека, не трчај :D
Единствен автобус што не ми избегал е баш13ка што баш он ја возел. Во средно сабајлечки ме чекаше ако каснев на автобуска :D
 
Кога збориме за луди шофери,никако не го заборавајте и Томе Ѕверка што вози 52 и 53.Нонстоп до него си има едно шипче на расклапање.за секој случај :D Има неколку пати шамарано деца кој му се имаат курчено у автобус.исто не застанува на станицата кај Коце Металец,туку подоле :D.Кога возеше дупла 52,на коцката пред рампата у Маџари мудата у врат ми идеа :D
 
Џоле :)
Најбољи чоек, семафор зелено свети, а тој ме чека да стигнам до бусот. И ми вика полека, не трчај :D
Единствен автобус што не ми избегал е баш13ка што баш он ја возел. Во средно сабајлечки ме чекаше ако каснев на автобуска :D
Да,закон е човекот,многу е фин.Секое сабајле ја вози таа 13-ка што е од 7:30,али како брзо вози алал да му е :D
 
Пред една недела имаше еден таков па морав да си ставам влажни марамици во носот :pos:
Хахахахаха......... јас па главата низ прозор си ја бутав :)
 
Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ в година планира да воведе дневна автобуска карта која би се купувала еднократно, а би важела во текот на 24 часа или, пак, само 90 минути, објави „Дневник“.
Корисниците со ова карта ќе може да сменат неколку автобуси, без да плаќаат нов билет. Ваква практика има во градовите во Западна Европа. Целта на овој тип наплата е да се исфрлат од употреба досегашните картички, да се намали готовината кај возачите, времето на стоење на постојките, и да се зголеми контролата врз прометот. Овие карти би се надополнувале по припејд-принцип, како мобилните телефони.

Дневниот билет за неколку возења би важел на градските и на приградските линии. Цената се уште не е утврдена, но според практиката во други земји, вообичаено билет за многукратно возење чини колку четири билети за едно, кое сега изнесува 35 денари.
 
Пред неколку години имаше обид за вакво нешто и брзо пропадна, така да мислам дека пак нема да им успее.
 
Ова е добро за некој од друг град кој само ден два е во Скопје и треба да посети повеќе локации. Сепак, сметам дека таа карта не треба да биде поскапа од 70-80 денари.
 
Ова е добро за некој од друг град кој само ден два е во Скопје и треба да посети повеќе локации. Сепак, сметам дека таа карта не треба да биде поскапа од 70-80 денари.
Е така, убаво кажано а притоа и некој кој ретко користи автобус а има потреба одреден ден да се шлепа наваму натаму.
 
Тоа што си пензионер во градски ти дава право да:
-Добиваш бесплатен превоз во одредени денови.

Не ти дава право:
-Да ми ја истриеш стогодишната мишка од ЦРНАВА маица. Хм, плус ми потпре 8 кила праз и кромид на мене? Епа супер, ја немаше да донесам парфем да знаев дека ќе ми стаиш Kromid&Gabanna оригинал.

-Да хистеришеш на глас 45 минути дека немало место за тебе да застанеш или седнеш. Чек брб да научам да лебдам па застани на моево место, ЈА ЌЕ ПОЛЕБДАМ. Имаш бесплатен превоз, НЕМАШ НИВА ОД 10 МЕТРИ КВАДРАТНИ НА СРЕД АВТОБУС.

-Да им се качуваш на луѓето на глава со проблеми од стилот "ШУБО СИ ЖВЕЕВМЕ ВО ВРЕМЕТО НА ТИТО КО ИМАШЕ СЕГДЕ ПРЕВОЗИ И ЈУГОСЛАВИЈА И ТИТО И БРАШНО И ЗЕЈТИН БЕСПЛАТНО ИМАШЕ И ВРЕМЕТО НА СДСМ И БРАНКО И ШОНЕНОРМАЛНИ СЕ ОВИЕ ОД ВМРО И ЛЕЛЕ ПОРАНО ТИТО ШУБО СИТЕ ИМАВМЕ ПАРИ А ЛЕЛЕ СЕГА ГЕНЕРАЦИИВЕ ДЕНЕШНАВА МЛАДИНА УЛАЈ СИТЕ НЕНОРМАЛНИ ДРОГАШИ КУЛТУРА ДА СЕ НЕМАЛО ТИТО ЛЕЛЕ ЖЕНА МУ ОД ТИТО ТИТО ТИТО БРАНКО СДСМ ТИТО ТИТО ТИТО".

+Општ совет за сите што се возат:
Автобусот има 3 факинг дела: почеток, средина и крај. Во средината не даваат 50 евра намачкани со нутела, а задниот дел и крајот немаат чума ни па кактуси наместо седишта. МОЖЕ И НАТАМУ ДА СЕ МРДНЕТЕ.

За ЈСП-цките работи - Кристијан Ристовски (fb.com/rokerot)

z7uwD.gif
 
За 90 минути? Па у ЈСП дур стигнеш од едно до друго место знае да фати и половина час.+ човек да има предавања, + измеѓу кафе или што и да е активност.... Зашо многукратна карта би важела за 90 минути? Човек три автобуси не може да смени за 90 минути ако сака уопште да се симне од автобус и да заврши некоја обврска којашо му е далеку од дома, а не па успат да се врати со автобус...:confused:
 
Во последно време повеќе ме иритираат средовечни лица кои остро ги напаѓаат пензионерите. Сфаќам еднаш да му кажеш на човек дека не треба да прави гужва оти му се прави ќејф, ама периодично да го повторуваш истиот муабет.. дали ти фали нешто во главата? „Од овие пензионери човек не може на работа да стигне“. Истиот по 1 минута: „Од овие пензионери човек не може на работа да стигне, само гужва прават“. По 1 минута, пак истиот: „Начекале, па зашле. Од нив човек да не може на работа да оди...“.
American-Psycho-006.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom