Исто можеш да прашаш оти Македонците тргнале кон Индија? Не им бил убав животот овде?? зошто Рим освојувал и се населувале во диви предели на балкан, галија, египет британија?? Шо му фалело на цивилизованиот апенински полуостров? Шо ги тераше европјаните да ја населуваат Америка?! Шо хелкените основале колони и населби по дивини и туѓини?
Преселувањето не било како што ти мислиш се кренале натовариле храна и тргнале од зад карпатите кон Македонија. Јорданес ни кажува дека словените се народ во движење, значи оделе ќе населеле некое место по некое време се поместувале. Тие беа понесени, сиулум или милум од воинственитте народи. Не сите тргнале и оставиле свои татковини со радост. Али ако видиш записи и истории во време на византија, ќе видиш дека некој нов “див“ народ почна да се појавува низ записите, прво како упади и пљачкосувања, па преку населувања и освојувања. Псевдо Цезар Назијански, на Прокопие, Велизар, Дукљанската хроника, Теофилакт Симоката, Менандер Протектор, Јован Ефески, царот Лав, царот Маврикиј, легендите за св. Димитриј, папата Гргур големиот, Констатин Порфирогенит, Михајло Сириски, Св Колумб, св. Амад, Готот Јорданис... сите тие пишат и опишуваат војни упади населување освојување на народите од кај Дунав. Заземање на 32 града во Илирик и однесување на 120.000 луѓе во ропство!, На Обрите Византиците им плаќаат 80.000 златници годишно за постепено во 619 година тој данок се качи на 200.000 златници да се борат против словените, од 650.000 потребни војници Византија имала само 150.000 раштркани од граница со персија до дунав италија и шпанија, недоволно да ги спречат продиарањата упадите нападите и освојувањата. . Цезариј нив ги нарекува Склавини а Прокопиј Склабонои, Склаби, а во 6-7 век и Анти. За време на Јустин 1ви продирале до Термопилите, а ја пустошеле Македонија редовно за време на Јустинијан (покрај Елада, и целиот простор од Јадран до Цариград). 549 стигнале до Драч, 549 до Егејското море, 550 до Ниш слегла толкава маса на словени “каква дотогаш не била видена“. 550/551 за прв пат презимиле на територија на византија “како во сопствена земја“. Ја поразиле византиската војска кај Едрене и стигнале на еден ден одење од Цариград. Во 551 го пустошат Илирик, во 558 продреле низ Тракија се до Цариград, Термопилите и Галиполскиот полуостров. во тоа време уште една опасност се надинала над Византија - Аварите кои од Панонија вршеле напади заедно со Словените, та затоа Византиците со пари и поткуп биле приморувани да купуваат мир од таквите напади. Во 582 Аварите го заземаат Сирмиум (Сремска Митровица) и заедно со Словените продираат до Пелопонез каде дел од словените и се населил. Во 594 Византиците који ја завршиле војната со Персија конечно можеле да упатат војска против Словените. Словените претрпеле порази во Тракија а Аварите кај Едрене во 587. Среде решавачките битки со Словените се случи она што ќе ја смени историјата на овие простори, имено војската испратена во 602 година против словените, се побунува, се враќа во Цариград, го убива Маврикиј и за цар го поставува Фока. Неспособниот Фока ја оставил северната граница нечувана и царството западнало во крвави граѓански војни и меѓусобни убивања. Кога на местото на Фока дошол Ираклиј, Словените и Аварите непречено се движеле северот на Византија но поголема опасност биле Персијанците кои допреле до Босфор. Како резулатат на зафатеноста на Византија со војните кон исток и Персија словените успеале без поголеми пречки да се населат и тоа покрај Места, Струма, Вардар, Бистрица, Црн Дрим, во Солункото поле, покрај езерата и на брегот на Егејското море. Проучи ги наодите на нумизматичкиот материјал најден по оставите низ градови и населби во Македонија (пелагонија) точно може да се види во кои години престанува власта на Византија, кога паѓаат во раце на другите народи. Читај за масовните востанија во 821-823 на чело со Тома Словенот кога бил опседнат и Цариград, како и востанието на Словените околу Солун во 836-837 година. Значи не неколку години па ни неколку децении, неколку века траел тој процес, прво со пљачкаши упади, освојување па населување. Домородното население немало можност да се одбрани исто како што сега некое село во македонија или град би му се одупрел на неколку иљаден вооружен одред. Со што? со српови и мотики?! Хераклеа која имала 2 бедеми и население и веројатно војска не издржа туку е опожарена, сето машко население убиено. И мислиш после тоа многумина не се иселиле?!? не избегале среќни што се живи? Или мислиш останале и рекле “следен пат ние ќе ги победиме“