Етногенезата на Македонците

  • Креатор на темата Креатор на темата anaveno
  • Време на започнување Време на започнување
Етногенеза на древните Македонци - Etnogeneza na drevnite Makedonci
за македонскиот корен
Народот е - општественост со своја - татковина која пак е на одредено - место на светот и има - сопствена култура.
Македонија од искона е истата на истото место.
Дури и Евреите кои беа насекаде ,се инволвираа во сите државни системи,мораа на крајот да створат држава од ново ,на место - конкретно.
Се разбира се повикуваа на историски континуитет.
семејствата и народот се - природни општества а не плод на обичен договор,зашто народот не може да се замени со - држава (за тоа и зборев во делот на - Царствата и круните), иако е сосем природно што народите сакаат да имаат - свои држави,но често се предмет на освојувања и ослободителни борби после тоа.
но народот не може да се замени ни со т.н.р - демократско општество ,зашто во такво нешто народноста се разводенува а се зголемуваат - правта сеедно чии (полови,малцинско-етнички,хендикепирачки,сексуални,...).
затоа -демократското општество и е поблиски на државта одошто на народот.
Прашањето на демократичноста е прашање на - внатрешната политика.
Затоа ...
народот е почвата на која се раѓа - државата, затоа што и тој на почетокот бил - семејства и родови...
за македонски народ
првата општествена заедница е - родот ,го врзуваат единствениот јазик и крвта,зашто е составен од сродни семејтва.
Неколку блиски - рода го чинат - племето.
племето е од понатамошните размножувања на родовите и е повисока општествена заедница од - родот.
И тука е -јазикот и крвната сродност главниот белег.
со понатамошни множења на племињата , се шири и нивниот животен простор - територијата.
Сега јазикот се надоплнува со нови изрази а карактеристични за поднебјето.
Племето кое живее крај езеро,море,река и племето кое во вискоите планински масиви или пак некое во низински има различни говорни потребни изразувања.
со ова се доаѓа до дијалектите на еднородниот јазик.
Особено се изразени ако не дојде до кохезија под водство на некоја - обединителна цврста спрега.
Кога ќе дојде до тоа - тогаш настапува и кохезијата во јазичното изразување и поимите се прошируваат и кај другите сонародници.
Се разбира разлики ќе им и понатака но тие сега се намалуваат.
Особено ако се изврши кодификација под диктат на владетелот со некој акт или сл.(образовни процеси).
Тоа обединување се случува со доаѓањето на економско-културниот процес.
Во антиката тоа се првите - кралства.
Македонија со најстара населба во Европа.
Македонија како што ќе посочи и проф. Харолд Ламб - е место на првата постојана населба во Европа, датирана на околу 6620 години п.н.е.
Тука условите за создавање - автентичен народ се особено изразени.
Затоа и таа е место на многубројни - кралства.
Македонците во најстариот Еп во Европа - Илијадата.
Речиси секое од племињата - имало на почетокот свое кралство.
Уште во најстариот Еп од Европа кај - Хомер - Илијадата ,кралевите на Македонските племиња - Пеоните и Пелагонците со своите соплеменици се борат кај - Троја во 2 илјадетие п.н.е.
Опишани се пределите кои и денес ја красат Македонија:
Вардар ,
Црна
градовите
Амидон и др.
Тие се судираат со обединетите Грчки племиња.
Тоа е прва Македонско-Грчка војна.
Македонските племиња за првпат ги обединува - Каран Обединителот ,уште во 8 век п.н.е.
Тој ја создава првата - македонска држава.
Ги обединува најпрвин скараните кнезови на - Орестида(Костурско) и Еордаја (Островско),притоа применувајќи и сила аподоцна и сите останати кнезови на македонските племиња .
Престолнината ја избира ,невидлив за противникот- по дожд и магла одејќи со војските зад стада кози, во градот - Воден.
По името на предводниот јарец - Ајга , така ја нарекол и престолнината .
Подигнал и трофеј за победата и - обединувањето
--- надополнето: May 4, 2012 6:02 AM ---
ЕТИМИОЛОГИЈА НА ЗБОРОТ
Македонци се домородните жители на Македонија.
Етимологијата на зборот изгледа дека доаѓа од Македон, кој живеел во областа Пијерија
(област на север од планината ОЛИМП-во Македонија).
Македонците подоцна се викале Елни или Ели, стар национален збор, кој произлегува од животното Елен, а можеби носеле капи со рогови од елен за да се разликуваат.
Македонците се појавиле на хоризонтот на праисторијата 1500 година пред не.е додека пред тоа сочинувале пределинска ТРАКОМАКЕДОНСКА нација, а нивниот јазик и вера не биле грчки.
Името Македонци произлегува од земјата Македонија.
ВО ГОЛИШАНИ ОТКРИЕНИ ДВА АНТИЧКИ ГРОБА
Со векови во паметењето на луѓето од воденскиот "Лак" кои ја обработувале земјата по наследство, како мали и сиромашни земјоделци, во тој рај е македонската татковина, каде како велеле од генерација на генерација се наоѓаат и гробовите на македонските кралеви.
Пердика на својот син Аргео му го покажал местото каде треба да биде погребан и му рекол "Македонското кралство (царство) ќе продолжи да постои се додека гробовите на кралевите се одржуваат непознати на светот".
Го слушавме ова уште во нашите малите години, тоа се предаваше од генерација на генерација, од нашите почитувани родители и старци, и дека Филип II е погребен во Лагот помеѓу две реки, како што индусите ги погребувале нивните кралеви.
Уште ни велеа родителите да не се доближуваме до гробот, да не бараме каде се наоѓа, бидејќи штом ќе го видиме мртвото тело и неговите големи очи, веднаш ќе умреме.
Овие работи ни ги раскажуваа луѓе потполно неписмени, без да го познаваат писмото и читањето, кои немаа поим од историјата на Македонија.
Тие луѓе прости ниту чуле за женствениот Демостен, ниту за софистот Сократ, ниту за екс робот Платон, ниту кој е Филип или Александар, но само го паметеле расказот од предците што од уста на уста се предавал на поколенијата.
Тоа беа чисти пренесувачи на заповедта (аманетот) на првиот историски македонски крал Пердика.
Тоа задолжение и наредба на Пердика се потврдува од фактот дека во Еге ниеден гроб на крал не е пронајден до денес, освен еден кој се смета дека е на Филип и кој бил опљачкан од Римјаните, велеа старите во имотот на Атанас Газеп син на Никола, а потоа имот на Васил, син на Атанас во местото "Мирдзанка", топоним во лагот, а синоним на истиомениот извор.
Исто така во с. Голишани (Левкадја) помеѓу Вртикоп (Скидра) и с. Копаново (со ант. име Миеза, денес Пиге) покрај градот Негуш пред некоја година (мај 1943г) и сосема случајно се откриле под земја два гроба, слични на гробовите од Кутлеш (Вергина) од еден мал сопственик на имотот (Каде му тонела водата при наводнување) по име Аматидис Христодулос (помалиот гроб).... Во близина на помалиот гроб е пронајден и поголем покриен со слој земја и со бујни растенија, величенствено изработени и декорирани со ретко убави фрески..
--- надополнето: May 4, 2012 6:03 AM ---
КОИ БИЛЕ ДРЕВНИТЕ МАКЕДОНЦИ
Древните Македонци се вистинските древни предци на денешната македонска нација. Историските податоци, но и обичната логика, јасно укажуваат дека древните Македонци целосно ја внеле својата крв и култура во денешната македонска нација.
Древните народи не исчезнувале од лицето на земјата и не испарувале во воздух (освен доколку не постојат податоци за нивно масовно иселување и сл.).
Древните народи во најголем дел ја внесувале својата крв и култура во посовремените етникуми што се појавувале на нивната територија.
Ова денес е прифатено од речиси сите историографии во светот.
Таков е случајот и со балканските историографии.
Така, на пример, современата албанска историографија тврди дека денешните Албанци во најголема мера се потомци на древните Илири, т.е. на древниот народ, што во минатото живеел на територијата на денешна Албанија.
Бугарската историограсрија сосема оправдано ги смета Тракијците како составен етно-културен сегмент од денешната бугарска нација.
Да потсетиме дека Тракијците биле древен народ кој главно живеел на територијата на денешна Бугарија.
И грчката историографија смета дека денешните Грци се директни потомци на древните Хелени, т.е. на народот што во антиката живеел на територијата на денешна Грција (иако ќе наведиме податоци дека не е сосема така).
Според ова, токму древните Македонци се древните предци на денешната македонска нација.
Но, поради извесни познати дневно-политички причини, до не така одамна, во Република Македонија (додека се наоѓаше во рамките на Југославија) беше оневозможувано да се истражуваат етно-културните врски помеѓу древните Македонци и денешните Македонци (со исклучок на поедини инцидентни случави).
Македонската и југословенската официјална историографија за време на комунизмот (a, no инерција, и подоцна) исклучиво ја форсираше теоријата според која денешните Македонци се 'чисти Словени' со 'прататковина' од заткарпатските мочуришта.
Во овој наслов ќе објасниме кои биле древните Македонци, а потоа ќе направиме краток осврт кон етно-културното наследство што древните Македонци го внеле во денешната македонска нација, чии припадници се нивни директни потомци.
Па, да почнеме по ред.
Вистината дека древните Македонци не биле никакви Грци денес се поприфатена во светската наука, наспроти жестоките напори на грчката историографија и пропаганда да го докаже спротивното. Во пошироката јавност во светот е малку познато дека за прв пат дури во 19 век биле создадени посериозните пропагандни артикулации за наводниот 'грчки карактер' на древните Македонци.
Најгласни во овие тврдења биле тогашните германски историчари.
Познатиот американски историчар д-р Јуџин Борза, (Eugene Borza) кој денес се смета за еден од најголемите авторитети во светот во однос на историјата на древна Македонија и чие име се среќава во голем број енциклопедии (во поглавијата за древна Македонија), како и во голем број американски документарни емисии посветени на оваа тема, во својата извонредна книга 'Во сенките на Олимп - појавата на Македонците' (In the Shadow of Olympus, The Emergence of Macedon, Princeton University Press, Princeton, New Jersey, ISBN 0-691-05549-1, USA, 1990) - книга, која поради својата објективност во презентирањето на аргументацијата, најтопло препорачуваме да ја набават сите заинтересирани за оваа тематика - прави детален преглед на теориите во 19 век поврзани со етничкото потекло на древните Македонци.
Тој објаснува дека во 19 век, токму германските учени почнале погласно да го пропагираат хеленизмот кај древните Македонци.
Д-р Борза смета дека тие тоа го правеле поради сопствени потреби и интереси, како на пример поради обединувањето на Германија и сл.
Ним им бил потребен некој древни јунак 'обединител', на кого требало да се угледаат нивните тогашни политички водачи.
Таков 'обединител' тие виделе во лицето на Филип Втори Македонски, кој наводно ги 'обединил' Грците.
Но, д-р Борза (цит. дело, стр. 7) пишува дека во оваа идилична слика за Филип Втори како 'обединител на Грците' германските учени од 19 век се судриле со една непремостлива пречка.
Имено, тие не знаеле како да ги објаснат говорите на познатиот грчки (атински) оратор Демостен, во кои, тој жестоко ги напаѓал Македонците како окупатори (а не како 'обединители') на грчките градови-држави, нарекувајќи ги 'барбари' и 'тирани'.
Веќе ја спомнавме неговата изјава во која тој Филип Втори го квалификувал како 'барбарин' од Македонија, а давал и други вакви изјави.
Co текот на времето, компаративните научни истражувања од разни области, се повеќе почнаа да приложуваат докази дека древните Македонци не биле никакви Грци.
Така, денешните обиди на грчката пропаганда да го докаже спротивното претставуваат само дефанзивен рецидив од германската пропаганда на 19 век, секако надополнет со дневно-политичките и стратешки национални грчки интереси, какво што е задржувањето на приграбениот крупен дел од Македонија од страна на современата грчка држава во 1913 година и сл.
За ова денес се свесни сите сериозни истражувачи на древна Македонија во светот. Самиот д-р Борза пишува:
'Најголемиот дел од древна Македонија бил вклучен во модерната грчка држава дури во 1913 година и таа била политички чувствителна област во релациите помеѓу атинската власт на југ со своите не-хеленски соседи на север'. (Борза, стр. 6).
Излегувањето на површина на податоците за етничката засебност на древните Македонци и денес е попречувано поради низа објективни и субјективни фактори.
Како прво, податоците од древните наративни извори за Македонците во голема мера до нашево време стигнале преку записите на нивните непријатели.
Овој факт го признава и грчкиот археолог, проф. Фотис Пецас.
Во својата статија 'Едно свинче-патешественик', овој грчки археолог, пишува:
'Во 1967 година започнавме со долгорочни ископувања во Едеса (Воден).
Одевме да решиме сериозни проблеми: кои биле древните Македонци?
Одговорот на прашањето не го даваат целосно историските извори за праисторискиот период.
Македонски извори не се зачувани.
--- надополнето: May 4, 2012 6:05 AM ---
За Македонците имаме информации главно од непријателите на Македонците: од Атињаните, како Демостен; од Римјаните, како Ливие, или од Грците под римска окупација, како Полибие. Само Македонија, само македонската земја може да даде вистинска слика за древна Македонија, непристрасно...'
(подетално кај: Христо Андоновски: Јужна Македонија од древните до денешните Македонци, Скопје, 1995 год., стр. 19).
И познатата американска историчарка д-р Синдија Синдор Словиковски (Synthia Syndor Slowikowski), во својата книга 'Спортот и културата во древно-македонското општество', пишува слично:
'Голем дел од податоците за Македонците доаѓа од писатели кои живееле во грчките градови-држави, полиси. Животот и историјата на Македонците честопати им биле туѓи на Грците'. (D-r Synthia Syndor Slowikowski, Sport and Culture in the Ancient Macedonian Society, The Pennsylvania State University, 1988, стр. 8).
Слично пишувал и познатиот француски научник Виктор Берар (1864-1931).
Во изданието 'La Revue de Paris', тој напишал:
'До не така одамна Франција не ги познаваше Македонците.
Тие за нас беа Тракијци, Пеони, Склавини, див или речиси митски народ, кој живее на дното од, за нас, непознатата земја. Ние не ги познававме и ги омаловажувавме затоа што всушност за нив дознававме од злобните белешки на старите и на сегашните Грци.' (Подетално кај: Т. Л. Поречки: 'Истина о Македонији кроз документацију', Белград, 1992, стр. 62).
Уште подециден е д-р Борза, кој во врска со ова пишува:
'...Македонската историја ги предизвика оние кои сакаа да дознаат како овој народ успеа да достигне толкава историска големина.
За несреќа, на древните Македонци им недостасуваше некој како Полибие кој ги расветли институциите што подоцна ги направија Римјаните славни.
Оние што ги спомнувале македонските обичаи или им биле непријатели на Македонците, или биле подоцнежни биографи на Филип, или пак биле дилетантски собирачи на гласини и егзотика. Секој обид да се реконструира внатрешната историја на Македониците со помош на вакви фрагменти е крајно тежок.' (Е. Borza, In the Shadow of Olimpus, The Emergence of Macedon..., стр. 232).
 
Кенгур34,

не спамирај на темава!

Имаме веќе цела дискусија за Игенеа и генетските маркери.
 
@Братот
Кој спамира бре само се додаток на етногензета на Македонците од друг научен аспект поврзано со етногенеза се надоврзува со предходниот пост.
Затоа врати ги постовите како шо си беа.Од една страница мозе комплетно да се заклуци дека нашата етногенеза е тесно повразана со античките Македонци и како преку историја нашите содеди но и цел запад за свои цели ја фалсификуваа цела наша историја. Ни наметнуваа теории дека сме дошле од зад карпати и античките Македонци се изгубија за еден век.
Докажано е преку историја еден оформен народ не можи да се изгуби преку еден век.
Македонците немаа држава за околу 1000 години пред Самоил и 1000 кусур по Самоил и пак опстанавме.
А античките Македонци исчезнаа за еден век со измисленета преселба на словените.
Што беше наметнато од повеќе интереси.
Заеинтересирани страни за тоа.
Нашите соседи сите .
Комунистички режим за да се шири братсво единство сите сме словени.
Источниот блок имаме некави си сличност што природно не зближува.
Запад си се преставуваат како наследници на една измислиена хелинистичка култура како супериорни и културни со демократски корени а сите други биле варвари ама во убав модерен шмек - како што Грците ги нарекувале нашите предци затоа што не можеле да му го разберат јазикот и дека имале конфликт на интереси.
Ништо не менато после 22 века истиот конфликт за исти интереси.
Но во денешно време се прави со многу убав културен шмек.
Има голема коирдираност меѓу сите.
Едни ти оспорава име .
Втори јазик.
Трети Црква.
Четврти ти звечка со оружје.
Европа ти вели заборавија историјата концетрирај се на инднината.
Русите подмолчно сакаат ние по природен пат да се чуствуме блииски со нив.
Има уште многу да се пишува ама мислам исцрпно ги имам наведено сите факти
Само ментално пореметен или испран мозок (недоволно развиен мозок можи да подлегни на фаслификувана историја и како коњ да гледа само напред)
Чоек што не си го знае потеклото и нема возвишеност кога зборува за себе и неговата фамилија предци тој кога да е ќе се заборави некаде пред и зад себе ке постане душа без цел.
Америка , Австралија мака мачи да си створи историја чуство на нација затоа што знаат дека без таа љубов и гордост држава пропаѓа.
Како монгу империи во историјата.
Опстујуваат до моментот до кој со има економски проспиритет во момент на слабост пропаѓаат.
Тргни од Македоската пропадна во моментот кога беше во економска слабост и интересите се помешеа.
Исто и со Римската.
А најубав пример е Византија држава без свој индититет нацинален корен.
Ја снема никогаш не се обнови.
Има уште што да пишувам ама после сево ова наведено.
Секој здрав ум нема да си ја сечи гранката на која седи!!!!!
Толку од мене
Поздрав
 
Темиве не служат како огласна табла, туку намената им е да развиваат дискусија.

Дискусиите околу копи-пастираните текстови одамна се започнати и нема потреба од нивно репостирање, бидејќи така се губи досегашниот развој на постоечките дискусии и многу драгоцени информации ќе бидат заборавени.

Моја препорака е да се приспособиш на редот на форумов, да побараш теми со слична содржина и да се надоврзеш на постоечките дискусии. Доколку имаш нови сознанија, извештаи, аргументи, дополни ја темата НО со задолжителен ТВОЈ коментар, во спротивно тоа е спам, кој не е ниту преведен на македонски.
 
Добро некој некого го цитирал: не сме ниту антички, ниту пак славјански. Ние сме Македонци.
За елаборација на кажаното треба секако многу и насекаде да се доистражува, и лобира, надоградува. Како што е тоа во секоја наука и држава.
 
kengur neka stava linkovi od kade mu se copy/paste bukvite....jas znam..
etnogeneza znaci etno+ GENI.....
makedoncite, denes, se naslednici od mezolitskata, neolitskata, bronzeno vreme populacija od eu.....
za ova ima veke 10 na studii, no ne za niv sega...pratete mi email za toa...

makedoncite, ne se naslednici od kurgan teoriite na gimbutas....nitu shqiptarite, spored mallory i jackues...
kurgancite se naslednici od balkancite....
site slov.eni se naslednici od nas, balkancite...
sekoj 2 evropjanin ima mtdna R, plus onie so J i T.....
vo mezolitot, nikoj nemal takva mtdna...
vo neolitot, ekspanzija...
kaj istocnite sloveni, ekspanzija posle neolitot...
toa objasnuva zosto slicni jazici..

polska.mocuristata...ziveele mongoli.....ako se slovenite mongoli, togas vazi plivanjeto preku dunav....
ova na sega bese...mongolite od polska de, imale sosem razlicna etnogeneza, t.e vtoriot del..genite de , sporedeni so nas...

trakite, nasite sosedi,...ne ostavile naslednici v blgarite, tuku vo turcite..koi,ete, ne se turci...a se turci...
megalite vo tie se nashi...france s gradeni od sloveni....28% od mk mazite se nivni naslednici...
t.e
--- надополнето: 2 ноември 2012 во 06:24 ---
p.s..nema referenci, deka e ..od tablet pc...i i ima greski pogore..kajgana ne e bas optimizirana za tablet pc/android...
 
Се решив да споделам една мапа за раното мигрирање на луѓето, што допринело до распределбата на хромозоми:

These genetic markers identify which haplogroup a person belongs to; each haplogroup is linked by a common ancestor with one or more single nucleotide polymorphism (SNP) mutations. These mutations occurred anywhere from a few thousand to 100,000 years ago.
GnomeMapLarge.jpg



http://www.news.cornell.edu/stories/Jan11/GeneticsPrewrite.html


Men can trace their patrilineal deep ancestry through Y-chromosome testing, or their matrilineal ancestry through mitochondrial DNA; only mitochondrial DNA testing is available for women.
 
Предисторијата на Човечкиот род, е нешто нај интересно и нај загатачно.
Многу работи, кој се денес одлика на Човечкиот род потекнуваат длабоко во предисторијата, на пример постоењето на бракови или заеднички живот во градови и села. Бракот постои само кај луѓето и кај некои врсти птици ( на пример штрковите )
Јас не верувам дека со генетиката може многу да се дознае за педисторијата на Човечкиот род, повеќе верувам во археологијата, но оваа мапа е стварно интересна
 
Не им верувам на вакви теории. Исто колку што верувам во креацијата на светот за 6 дена. Сите овие теории се во насока кон потврда на Библијата, потекло на човештвото од Адам и Ева и т.н. всушност , прво луѓето се навикнуваат на тезата дека човештвото потекнува од Африка (и тоа пазете ви се молам - од пределите на денешна Етиопија и “Рогот на Африка“, токму одтаму од каде што потекнуваат семитските народи, односно најбитните од нив : Евреите), а потоа, откако народот ќе ја прифати таа теорија за аксиома, ќе го изнесат вистинитиот факт : -дека Евреите потекнуваат од тие предели. Потоа луѓето “сами“ ќе си го изведат заклучокот дека човештвото потекнува од Евреите.
Извинете, ама мене тој национален ексклузивитет што подмолно и тивко, постепено, се наметнува - ми пречи.
Денес, за било која теорија која ќе се постави можат да се најдат доволно “докази“ кои ќе и одат во прилог (една од нив е теоријата за “преселбата на Словените - од која и денес трпиме последици. И зошто само “Словените“ се преселувале според таа теорија? Другите не се “шетале“ само ние сме дошле на “туѓо“?!). Оние кои нема да и одат во прилог ќе бидат или игнорирани, или уништени (ако се физички докази кои можат да бидат уништени). Секој што ќе покаже поинакво мислење од официјалното ќе биде исмеван или во најмала рака сватен несериозно, или најблаго - осуден како недоволно стручен.
Исто така, во прилог на ваквите теории, а во контекст на еврејското сметање на годините, се воспоставени теориите за почеток на цивилизираното живеење во градови од пред околу 6 000 год. со почеток на Сумерската цивилизација (и името на самите Сумери насочува кон нивното потекло од синот на Ное - Сем, односно - семитските народи), а сите укажувања дека има постари градови од нив, дека пирамидите се стари најмалку 12 000 години и сл - се претставувани како несериозни и сензационалистички, промовирани од лаици и незнајковци, наменети само за брзо и лесно заработување на пари од наивните читатели на такви книги и написи...
Но сепак, верувам дека полека, полека вистината ќе излезе на виделина, навистина мачно, но сепак ќе излезе...
 
Денес, за било која теорија која ќе се постави можат да се најдат доволно “докази“ кои ќе и одат во прилог (една од нив е теоријата за “преселбата на Словените - од која и денес трпиме последици. И зошто само “Словените“ се преселувале според таа теорија? Другите не се “шетале“ само ние сме дошле на “туѓо“?!). Оние кои нема да и одат во прилог ќе бидат или игнорирани, или уништени (ако се физички докази кои можат да бидат уништени). Секој што ќе покаже поинакво мислење од официјалното ќе биде исмеван или во најмала рака сватен несериозно, или најблаго - осуден како недоволно стручен.

Биди попрецизен малце, што сакаш да кажиш со ова?
 
Биди попрецизен малце, што сакаш да кажиш со ова?
Теоријата за преселба на “Словените“ е измислена теорија за да се прикаже дека “Словенските“ народи не се домородни, дека се натрапници на туѓ имот, на туѓа сопственост и кога и да е треба да се изгонат од тие територии.

За жал, покрај тоа што оваа теорија им одговарала на оние кои ја промовирале (земјите од западна Европа), неа ја прифатиле и Русите затоа што преку неа се прикажувале патрони, како заштитници, старатели за народите на Балканот, централна и источна Европа, всушност овие теории им користеле и ним за задоволување на нивните експанзионистички стремежи.

За уште поголемо жалење е што во недостаток на автентично национално мислење, македонската наука туѓите шлапотења ги земаат “здраво за готово“ без императивно задолжителниот “филтер“ и автентично македонско толкување на оваа проблематика...
 
Во ред тоа, ама која е таа теорија каде што само Словените се преселувале? Јас за таква немам досега слушнато!
 
А бре треба ли да ти нацртам? Активно се пропагира само тезата за некаква преселба на “Словени“ (која впрочем не постои), а никаде не се ни споменува можноста од преселба на некои други народи (дури и поради преселбата на Норманите на пр. никој не им го оспорува правото на владеење со освоените и населени земји, тоа важи само за “словените“).
А ако има некој кој е староседекец во Европа, тоа се “Словените“.
 
Периодот кој е наречен „Големата преселба на народите“ е познат по тоа што не само Словените се преселувале, туку и Аварите, Хуните, Германите... Не знам некој да пропагирал теорија дека само и само Словените се населувале, а овие другите не се ни помрднале... Тоа колку е веродостојна теоријата за преселбата на Словените, нивната масовност и тн. е друга тема, но јас и кон твојата теорија имам разбирање, не ја негирам во целост!
 
Се надевам дека видовте на мапата каде пишува „Ева и Адам“? :)

Таа мапа е само обид да се прикажат генетските распространувања во период од 100.000 - 1000 години, нема никаква врска со некакви теории.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom