http://kajgana.com/incredible-burt-wonderstone“-najzabavnite-raboti-se-vo-trejlerot
Не ми се допаѓа воопшто „рецензијава“. Всушност, намерно го ставив зборот во наводници, бидејќи ова е повеќе колумна отколку рецензија. Океј, филмот бил досаден, но може да се елаборира каде поточно. Одолговлечување, клише дијалози, плитки ликови...
Понатаму, не сакам рецензии базирани на кино снимки. Филмот како што гледам го нема во Македонија, така да според мене, а верувам и
Psyside ќе ме поддржи - кино снимката придонесува многу за целокупниот квалитет. Гледајте го Oceans 13 на кино снимка и на добра снимка, ќе ја сфатите разликата.
Мислам дека во ред е да има мк рецензии, ама мора структуиран начин. Приказна, слика, звук. Посебни секции за подлабока анализа на истите, бидејќи тие три елементи го прават филмот.