Anco
За солун ДА, ЗА срем НЕ



како се договоривме,оваа тема да ја отворите после завршување на изборите,па ајде
и ова да се спои со истата.
Ме интересире дали градоначалникот на општина Аеродром мисли и на овие лица од оваа населба.
Населбата е Горно лисиче - право од трговскиот кога завршуват улиците и бараките(од по земјотр.)
е ама изгледа до тука живее македонски народ а понатаму видете каква е состојбата и со улиците и со околината а посебно со ова некогашно „селско’ игралиште.
Кој ги рачуна овие граѓани рамноправни со другите кога еве не се - (ама за гласање им требаа).не видов никаде детски лулашки,од ресторанот „Мирко“ па се до Вардар. Е ама помеѓу зградите во Н.Лисиче ги имате на секоја ширинка и тоа е добро - супер е така треба - ама овде ич.Овие овдешни деца од куќиве во населбата Горно Лисиче не сакаат или незнаат да се лулаат.
Стварно е населбава со жители од:Ропотово,Локвица,Девич,Богомила,Бистрица,Модриште,Бенче,
Воѓани, Обршани,Ораов дол,Секирци,Согле,Плетвар,Мажучиште,Сланско,Суво дол и Подржокоњ.
Ама и тие се наши граѓани и треба да имат исти услови за живот како во Тафталиџе и Козле,затоа што исто така плаќаат данок колку и сите други.Мене тие ми се комшии и ги почитувам.
Ајде ќе ги види ли овие слики и Ивица Коневски-тој ли беше. Пратете му порака.
-------------------------------------------
И почнете секојдневно од сите места да ги потсетувате новите градоначалнци,дека работата не е само околу газето на секретарката и викенд во некоја маалска меана туку и тоа од вас кажано.
ПОЧНЕТЕ ДА СЛИКАТЕ. - СЕ БАРАТ ДОПИСНИЦИ ОД СИТЕ ОПШТИНИ