leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.562
Мене ме интересира дали странец во Македонија секогаш ќе го гледаш како странец или како домаќин? Како ги гледаат провинцијалците во Скопје најпросто и наједноставно и тоа во своја земја?Зборот беше дека во АУС се сите поштени и се супер, секако стандардот е повисок за некои работи е подобро само Аустралија е полициска држава исто како и твојата Германија. Ја гледате само едната страна на медалот, за во Европа колку и да заработуваш секогаш ќе бидеш Ауслендер, и ништо повеќе, а Мерцедес и БМВ нема да те качат на повисок ранг. Во Македонија секогаш ке бидеме меѓу своите макар би биле и гладни и боси и глупави и паметни.
Толку од мене, за тие што разбират и за тие што заборавиле од која трла излегле.
Како сакате да ве гледаат во туѓа земја? Со кои очекување одите настрана? Што се замислувате мене не ми е јасно да ве гледаат како господари? Да ви ги лижат нозете?
Странец секаде е странец или ќе се прилагодиш или ќе се вратиш во трлото. Да те гледаат како домаќин неможе. И како е тоа проблем објасни ми? Нема да напредуваш оти си странец? Ќе те тепаат по улица, ти се понашаат чудно?