Прегледај го приврзокот 61756Живеам неколку месеци во нововселена зграда
Како не му се смачи,на некој комшија неколку пати да го остава вака отпадот во влезот или на скалите. Еднаш го фрлив во контејнер друг пат тоа го стори чистачката,но еве утрово се симнувам во 8,00 часот пак отпад доле до скалите до лифтот.Внатре некои опаковки од подароци за роденден,на една читам.
Со здравје да си ги носиш АЦЕ. Не познавам ниеден комшија,и нема да ги запознаам никогаш сите како се викаат (но овој ќе се трудам да го дознаам).Сигурно е некој господин из Београда. Што мислите вие. Кој може да биде овој господин и од каде.
Живеам во стара зграда каде претежно се скопски фамилии, барем по дијалектот им се познава. Студенти други во влезов немам сретнато.
Денеска баш пред да одам на факултет си седам во кујна, кога гледам од пенџере си се "спушти" случјано една ќеса со ѓубре. Највероватно им се лизнала од балкон случајно.
Јас пример имам битолско-прилепско потекло,а родена сум во Охрид. Често ги мешам дијалектите, па никогаш не ми се случило да се најдам во конфликт со некој баш зошто неможам да се прилагодам на охридскиот дијалект до крај или да се прави дека не ме разбира.
Културата секој си ја носи од дома,а не од Струмица, Пехчево, Кичево и незнам ти каде.
Anco и сите останати на темава шо не просветлувате за нивоата на култура и начинот на однесување: пред да плукните во туѓ двор(шо веќе во многу наврати го направивте), зачистете си го вашиот.
Ви сметаат дојденците,а и вашите предци некогаш биле дојдени Скопје. Исто е,само различно времето.
Крај краева Anco, на ќерка ти и зел работно место некој шо не е од Скопје, не и зел за инает нејзин, туку од шо бара работа.
Исто така,чисто сумљам дека некој шо не е студент, би прифатил да живее во Скопје и да работи за мизерна плата ако воопшто не му се исплаќа. Прво тргни од киријата и тоа колку се често напумпани цените.
Зарем би прифатил и ти да работиш за 5000 денари плата, а да плаќаш кирија ете минимум 50 евра+сметки? На вода ќе живееш цел месец?
Така да,секој ида Скопје за работа и тоа работа шо или ќе му биди само отскочна даска или работа шо ќе му донеси некаков приход.
Некој спомна и за факултети како имало во секое село. Од УКИМ пример дисперзираните студии ги имаат сфатено како вондредни студии. Кога се можи се оди на предавања, се полага итн.
И тука е личен избор. Ако ви е стало до толку, соберете се сите скопјани, потпишете петиција само скопјани да студираат на УКИМ, нека се ограничи квотата за факултет и чао пријатно.