Интересна сликичка најдов на нетот, па да ја споделам.
Туку што сакав да кажам за Новак и турнирот во Индијан Велс, некако се гледаше како да не му се игра на овој турнир, можеше уште и пред 1/2 финале да испадни, со таа негова лежерност и не ангажирана игра, но како - така догура до 1/2 финалето, и ги одбрани поените.
Можеби се работи и за тактика некоја си, ако може најголемите тенисери да тактизираат, го чека Мајами, а таму брани титула.
За едно жалам, што низата од 22 победи заврши, а можеше барем да потрае уште некој меч.
Волеј играта му е многу подобрена, имаше и одлични сервиси на турнирот, не би требало да влијае овој пораз врз неговата игра.