Се каете ли што сте се иселиле од Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Strenght
  • Време на започнување Време на започнување
Да, зошто да не?

Лично во мојата фамилија цели генерации од Отоманското Царство па до сега се бореле во некоја војна за Македонија.

3арем во нивно време Македонија имала појака економија и им наоѓала сама работа па останале да живеат во неа? Плус биле цело време поробени.
Во втората светска војна може немале појака економија ама после војната, после 60та година во надалеку прочуената Југославија друго време било. Али тоа е веќе друга тема за дискусија.

Продолжи да живееш со твојот патриотизам. ;)
--- надополнето: 7 април 2013 во 18:18 ---
Лелеееееееее, ти си најголем СЕЉАК од сите нас.
--- надополнето: 7 април 2013 во 18:14 ---

На кредит исто како и во ЦЕЛ СВЕТ, а како купуваш во твојата УК и Кенгуруландија и Канада и УСА, секаде се купува на кредит.
А како/со што ке го враќаш кредитот?
 
Во втората светска војна може немале појака економија ама после војната, после 60та година во надалеку прочуената Југославија друго време било. Али тоа е веќе друга тема за дискусија.

Продолжи да живееш со твојот патриотизам. ;)

Епа тоа е Социјализам и Капитализам.Во Социјализмот најубаво е да си глодар да живееш на терет на државата за други да работат за тебе.А во Капитализмот мора ти да работиш за други затоа што и тоа социјално примање од државата е премногу малку за достен живот.
 
Лелеееееееее, ти си најголем СЕЉАК од сите нас.
--- надополнето: 7 април 2013 во 18:14 ---

На кредит исто како и во ЦЕЛ СВЕТ, а како купуваш во твојата УК и Кенгуруландија и Канада и УСА, секаде се купува на кредит.

Убаво ти пиша членот над мене.Како прво учество кај ќе најдеш и како второ со кои пари ќе го враќаш откако ќе платиш сметки?
 
Во втората светска војна може немале појака економија ама после војната, после 60та година во надалеку прочуената Југославија друго време било. Али тоа е веќе друга тема за дискусија.

Продолжи да живееш со твојот патриотизам. ;)
Што подразбираш под економија начин на живот кој друг ти го нафрлува да живееш како тој што сака? Задолжени картици кредити малверзација, тоа е само дел од капитализмот, коли на кредит куќи на кредит итд итр.
 
Епа тоа е Социјализам и Капитализам.Во Социјализмот најубаво е да си глодар да живееш на терет на државата за други да работат за тебе.А во Капитализмот мора ти да работиш за други затоа што и тоа социјално примање од државата е премногу малку за достен живот.
Имаш право. Каква Швајцарија/Германија бе, они се 20-30-40 години поназад од нас, кај нив уште убаво се живее.
Што подразбираш под економија начин на живот кој друг ти го нафрлува да живееш како тој што сака? Задолжени картици кредити малверзација, тоа е само дел од капитализмот, коли на кредит куќи на кредит итд итр.
Хмм. Ме прашуваш или даваш одговор? Не ми е јасен првиот дел од коментарот.
За вториот-не ми одговори конкретно али нема везе, си го знам одговорот, кредит не се враќа со 200 евра плата и само еден вработен во семејството. Симпли.
 
Тоа ти го рече јас никаде не реков такво нешто.Камо Македонците да беа вредни како Германците....
 
Mуабетот ми беше дека и во Германија е капитализам, не само кај нас, социјализмот изумре, и без него некои држави сеуште се тоа што биле.
 
Долго размислував како да одговорам. Крајниот одговор е: да, се каам!

Животот надвор ми дал одредени предности, но како што поминува времето, не е тоа тоа и затоа ќе се вратам во Македонија или ќе имам двоен престој во две држави со тоа што добар дел од времето ќе го поминувам во Македонија. Сите аргументи против ова ми се многу познати, но нема сила да ме спречи да се вратам и да придонесувам со некаков бизнис дома, па нека е и само парче земја кое ќе произведува некоја култура.

Овде изгледа има многумина кои веза немаат како е да живееш во странство, конкретно на Западот, дека прашањето како живееш е многуслојно и повеќе фактори влијаат на одговорот. Тоа ги вклучува: временските прилики, загаденоста, храната и водата, менталитетот на луѓето, политичкиот систем, даноците, односите мажи-жени, слободата, односот кон семејството, можноста да патуваш, стапката на криминал, законите и судството, итн., итн.

Јас прво емигрирав во Канада, а после во Америка, таму завршив факултет и постипломски, се запослив. Има позитивни работи животот тука, но се помалку и помалку. За мнозинството, се се сведува на куча-посо-посо-куча, на трка за кредити кои што ги отплаќаш, на бирократија, стрес и немање време за живот. А тоа веќе не е живот, па дури и да имаш куќа, јаки коли, и да одиш 2 недели на одмор негде.

Секогаш кога одам во ЕУ сум изненаден колку е предимензиониран животот таму, а оцрнет животот дома, барем од некои. Живеев една година во Лондон, и го напуштив бидејќи со ништо не ми пружи убав живот и покрај тоа што имав добра работа во светски позната корпорација. Да не збориме пак за животот во буранија држави како Словенија или Унгарија, или сега Италија и Шпанија, мене барем ми е излишно да аргументирам при оваа безработица и економски пад од кој нема излез, но и заради продорот на радикалните Исламисти кои се повеќе ќе доминираат во тие држави.

Со едно нешто досега речено на темава делумно се сложувам - во Македонија може да ти е отпрвин тесно ако си навикнал на живот во големи земји бидејќи таму ти се менува перцепцијата за далечините, а со тоа и завремето и како се организираш. Но не мора да значи, бидејќи дома си си на свој на своето.
 
Незнам што ви е на сите моментот со кафичите полни ова она.Па дојди бре во Британија да видиш што е полни пабови, пијанчење секој Петок и Сабота како да нема утре, па ќе споредуваме, аман.
Јас за мене можам да ти кажам, во МКД ја работев истата работа што ја работам тука во УК и разликата во плата и квалитетот на живот е невкусно да правам споредба.
Во МКД не бев способен или нешто друго е во прашање?
Све е тоа супер. Само уште да кажеш како Англичаните се понашаат спрема доселениците и да ја комплетираме сликата.:) Или па да прашаш некој дали може да најде работа а не е од IT сектор? Имав еден другар заврши постдипломски маркетинг на Royal Holloway во Лондон и еве го сеа на пракса у Кина е, не му паѓа на памет да се врати у Лондон.:)
 
Животот надвор ми дал одредени предности, но како што поминува времето, не е тоа тоа и затоа ќе се вратам во Македонија или ќе имам двоен престој во две држави со тоа што добар дел од времето ќе го поминувам во Македонија

Koнкретно на што мислиш,не е тоа тоа.. Дружењето,оддалеченоста меѓу луѓето,лицемерието..преокупираноста со работа,немањето време за себе и сл. Или се заедно?
 
Ахам,а не те гризе ли совеста дека вие што ја напуштате Македонија за цел живот сте го оставиле својот народ и својата држава на милост и немилост на други на сметка на ЛУКСУЗЕН ЖИВОТ ?
Не е можно да си сериозен со ова :eek::rolleyes:

Sent from my Nexus
 
Многу се каам! Дај бе не серете со 2000 евра нето плата се каеле, ене ја Македонија кај е за два саати сум доле ако ми недостига некој. Сега сум плус најголем патриот! Ве поддржувам издржете! :))
 
Колку и да ме тера државата да си одам одовде свесен сум дека најверојатно нема никогаш да ја напуштам.

Не можам да се излажам себеси, ептен сум носталгичар и не би издржал ни месец дена надвор од Македонија :icon_mrgr:

Гледам каков живот живеат роднините во Швајцарија и Шведска, и од самата помисла ми доаѓа да експлодирам од тоа колку им е досадно :icon_mrgr:

И не е вистина дека којзнае колку пари имаат Македонците во странство. Вистина ако дојдат со тие пари во Македонија ќе се чувствуваат како милионери, тетка ми работи во цвеќара во Шведска, а кога ќе дојде овде има пари во новчаник како да е претседател на државава, но за нивен стандард тоа си е само просек.

И таму братучед ми заврши два факултета (математика и физика) и после којзнае колку години најде работа како професор во средно, и тоа првите години не се водеше како редовен професор.

Друга работа тука ми е се, отидам ли од овде, во странство ќе бидам странец, а кога ќе се вратам дома повеќе нема да биде исто, ќе бидам странец во странство, но и странец ДОМА...
Јас би ти рекол, немој да судиш за нешто што не си го пробал и доживеал. Ти можеш да кажуваш за нешто шо не си го искусил, ама твоето мислење е ирелевантно.
 
Плус ми е комшијава колегава може кога сакаме да си праиме македонска седенка:D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom