Надвор сум од Македонија од 2009 година па се до денес, повремено си доаѓам дома! Работа, па сега и школо! Можам да кажам дека животот почнува во Македонија, ама не е нужно и да заврши таму!
Ја сакам Македонија, тоа е мојата родна земја, најмногу ми е жал за моите, што ги оставам сами, ама со ебани 200 евра јас не можам живот да си замислам, а и не можам да замислам што ќе не снајде кога и моите родители ќе дојдат на пензија од 100 евра!
Ситуацијата е таква каква што е во МК, почнувајќи од економија, па се до политика! Ништо не се прави, со сила не тераат ние младите да си го бараме чарето некаде во туѓина!
Навистина жалосно е кога државата не те третира како човечко суштество, не ти дава поттик да останеш, да се вработаш и да живееш во истата! Жалосно е кога гледаш некој друг што дошол од нигде никаде, го зазема твоето место! Жалосно е кога гледаш преку граница!
И вие што серите многу дека не сме Македонци, прво појдите да поживеете малце надвор, па после да кажувате какви сме ние! Мислите лесно е, да се оди некаде и да се почне нешто од почеток? Лесно е да бидеш одделен од семејството?