concrete
alte Esel
- Член од
- 22 март 2005
- Мислења
- 12.248
- Поени од реакции
- 1.703
Реплицирам на овој конкретен пост само затоа што е типичен за едно зачестено размислување.Ќе кажам неколку работи околу ова:
Платата е безвеза особено за таков кадар што работи како обичен работник. Повеќето од работниците се од 24-30 години и многу од нив имаат факултет завршено, а има и повеќе магистри кои работат како обичен работник.
Вработуваат за едно, а те пуштаат во погон за друго. 8000 денари за магистер по економија со работа во 3 смени, со пауза од 6 минути во 8 работни часа плус 15-20 мин пауза за јадење, цел ден на нога сигурно не се доволно...
Минималната плата за ова работно место би требало да биде 12 000 денари.
Колку што разбрав од сигурни извори (конзул од Кавадарци којшто е еден од одговрните за носење на Дрекслермаер во Кавадарци) минималната нето плата требало да изнесува 18 000 за обичен работник по завршувањето на обуката (6 месеци, а сега 3 месеци), но таа изнесува максимум 9000 со трета смена.
Приказните за тоа дека сабота се плаќа многу, се глупост, а и прекувременото исто.
(И да, доколку си на линија не може да се бира дали сакаш да одиш на работа во сабота, бидејќи тоа е континуиран процес кадешто треба секој да си е на својата позиција)
Срамота е што владата изигра голема улога со тоа што таа се замеша во одредувањето на висината на платата, а и локалната власт на чело со ИГМ Трејд.
Од советниците во локалното собрание ми кажуваат дека било одлично да се работи таму, има одлични бенифиции и слично. Ако е толку убаво и ако се толку високи платите зошто не се откажат од нивната позиција и да одат да работат таму за таа мизерна плата, туку работат во УЈП, како директори на училишта, професори и сл.
Туку се знае, таму си под суво секогаш иако многу од нив едвај имаат завршено факултет, а не станува збор за постдипломци....
Никој не доаѓа да прави биснис во Македонија , ако тоа не е искористување на работната рака или прородните богатства на земјава или некоја концесија, пљачка и тако то.. во енергетиката, банкарството и телекомуникациите. Нема алтруисти илити дедомразовци во овој свет на планетата Земја.
Кога слушам 150 евра месечно, па ако е и со покриени двачки..ПУНА КАПА.
Прво, за глуп народ како нашиот, кого елегантно го симнаа од коњ, не на магаре..туку да оди пешки и му бапнаа и самар.... супер плата.Добро е што не му удираат и три стапа при исплата....
Второ, кога ќе прочитам дека факултетлии, па уште и магистри кукаат..... ми иде да седнам, за да не паднам од смеење.
Таквите треба ДА СТВАРААТ РАБОТА, а не да чекаат некој да им ја даде...па после демек уште евтино биле платени. Ако тоа не го можат тогаш или Господ толку им дал кога делел ум, или нека одат да си ги бараат парите од тој кој им продал образование и диплома.
Живееме во капитализам , ама изгледа уште не држи влагата и навиките од веќе изгубениот..пред времето практициран социјализам...
Зарем работниците по малезија,тајланд, најголемиот дел од кина итн.земаат повеќе пари???
Чиста понуда и побарувачка .., она што го има многу е евтино, она што го нема, а се бара е скапо.., Од друга страна секој сака да купи евтино..дури и скапото, ако го начека.
А работничка класа овдешна треба дефинитивно да свати каде и е местото...нема стан, нема кола, нема одмор,нема кафичи, нема аздисуење...туку читање и само читање на Денови од Коста Солев Рацин