Млади спасија жена во Ново Лисиче

  • Креатор на темата Креатор на темата Pat Bateman
  • Време на започнување Време на започнување

Pat Bateman

Oh Africa, brave Africa
Член од
7 февруари 2009
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.867
Локација
Skopje
http://mkd-news.com/foto-mladi-spas...va-se-heroi-a-ne-politicharite-ili-starletite

Дека хероите се секаде меѓу нас, а не само на големите екрани и во стриповите, говори и вчерашната случка во скопско Ново Лисиче. Откако на една госпоѓа и се слоши на сред бел ден, жителите на оваа населба, несебично поитаа да и помогнат. Оставајќи ги своите секојдневни обврски, тие не престанаа во своите обиди да и помогнат на жената, а тоа го правеа се додека не пристигна и брзата помош.
Како сведок на оваа случка, можам да кажам дека истата длабоко ме трогна, во ова време на хаос и поделеност, и како сведоци на секојдневни насилства, грабежи и немили настани, еден ваков потег потврдува дека хуманоста е присутна во сите нас, и кога највеќе треба истата испливува на површина.
 
Порано ова беше нешто што би го направил секој нормален човек, сигурно не би одминал туку така... ама други се времињата, да не испаднам сељак што само мрчи, браво за луѓето што помогнале.
 
Е токму вакви вести воодушевуваат сега, нажалост поради сивилото предизвикано од секојдневните натписи за Бранко/Грујо и Ава/Сораја.
 
Дури ми е неприродно ,,браво,, да речам ебаго.
Некако тоа јас го сфаќам како должност. Човечка.

Како што кажаа погоре, срамота е што ова не воодушевува...
 
Ова да се случеше во Шведска и да паднеш на улица само ќе те прескокнат не се замараат со тебе па ти умри ако сакаш. Сепак има надеж за овој народ:)
 
Што бара темава во ЧДА???
онтопик - Секоја чест за дечките,доказ дека сепак сеуште постои човечност во Мк
 
Добро е што омогнале,имало останато луѓе со совест.
Како што кажа еден член погоре,дека да се случело во Шведска никој немало да реагира.Не е само во Шведска така.Во повеќе земји е така,бидејќи аконе дај боже се случи нешто со личноста,одговорноста паѓана твој грб.Затоа па ако има таква случка веднаш се јавоваат на брза помош или полиција и за 2-3 минути се на лице место
 
Ова е само најнормална човечка работа ... да помогнеш некому кому му е лошо ... :)
 
И секако моментот кога некој умира а некој трет го сликат тоа. Иначе браво за младичите.
 
Младичите како најобични сеирџии дошле да видат што се дешава и се јавиле на брза помош, дека последниот сеирџија го документирал тоа со мобилниот. каква реанимација, какви глупости, ама сепак добро е што се јавиле на брза помош и тоа е нешто.
 
е аман јак ку*ац што направиле.
па кој и да се нашол тука сигурно ќе помогнел, доволно е брза помош да повика. јас колку пати сум бил сведок, постари луѓе ако се сопнат, ако паднат, веднаш им помагаат да станат тие околу, а не пак да се онесвести човек.
 
Младичите како најобични сеирџии дошле да видат што се дешава и се јавиле на брза помош, дека последниот сеирџија го документирал тоа со мобилниот. каква реанимација, какви глупости, ама сепак добро е што се јавиле на брза помош и тоа е нешто.
еве јас бев сеирџијата што го документираше тоа, а колку за твоја информација, навистина и дадоа реанимација на жената.
 
еве јас бев сеирџијата што го документираше тоа, а колку за твоја информација, навистина и дадоа реанимација на жената.
Интересно ќе биде да кажете што направивте, па да знаат и другите кајганџии ако најдат некој на кој му треба помош како да реагираат.
 
Интересно ќе биде да кажете што направивте, па да знаат и другите кајганџии ако најдат некој на кој му треба помош како да реагираат.
и дадоа реанимација на жената и ја одржуваа во свест додека не пристигна брзата помош...околу 15тина минути беше тоа. И тие луѓе на сликата се заслужни за тоа, мое е само да пренесам затоа што сметам дека треба да им се искаже почит, ретко кој би бил присебен во таква ситуација и би знаел како да изреагира...буквално они се заслужни што истата е денес жива.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom