Загина новинарот и сопственикот на Фокус - Никола Младенов

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Сега низ задното или низ предното стакло излетал? :tapp:
Пробиваш метална бариера со голема брзина, преминуваш преку неа, отворени воздушни перници и со телото се враќаш 20 метри наназад - во празнина од 30 цм празен простор во висина над седиштата и 20-тина во ширина меѓу двете седишта???И


Вештачењето на стаклата кои во голем број биле најдени на облеката на Младенов биле идентични со задното стакло од автомобилот, што укажува на фактот дека телото најверојатно, излетало низ задното стакло, дознава Плусинфо од извори во истрагата.
Или парчињата од задните стакла во моментот на удар се насочиле напред, меѓу другите работи....

ВО КОИ СЛУЧАИ ТЕЛОТО МОЖЕ ДА ЛЕТНЕ НИЗ ВЕТРОБРАНОТ

Засега, единствените познати податоци се дека Младенов починал од удар со градниот кош во воланот. Според пишувањата на медиумите, но и според сведоштвата на присутните новинарски екипи на терен, телото на Младенов било пронајдено надвор од автомобилот на неколку десетици метри, а институциите неофицијално брифираат дека Младенов излетал од предниот ветробран, па дури имаше и тврдења дека од ударот можеби излетал и од задното стакло.

-Како што видов од фотографиите автомобилот напред е згмечен и не е можно ако телото се соочило со отпор, во случајов ударот со градите во волан, потоа да излета. Кога имаме сплескување на возило тешко е да се излета. Слушнавме информации дека летнал од предното стакло, но и и информации дека летнал од задното. Ова второво е лудост и не е можно. А реално, не е можно ни првото. За да излеташ од стаклото мора да удриш во препрека која е исклучително цврста и непомерлива, како бетонски ѕид. Од ова што го гледам на снимките и фотографиите, возилото е сплескано напред. И главното прашање на кое треба да одговори истражниот судија е како излетало телото.
...


Некој рече дека возилото лизгало по десната лента, а официјално ја пресекло бариерата.Двете работи заедно не одат.А од левата страна некако пооштетено отколку од десно


Изненади изјавава на дебелиот
Миленко Неделковски


После овој текст од денешна Нова Македонија мора да се десат две работи.
Прво. Еден куп вработени во МВР и Сообракајната полиција, предводени од истражниот судија и слични “детективи“ треба да си поднесат неотповиклива оставка, или треба веднаш со дисциплинска постапка да се избркаат од работа.
Или, Второ. Да се заклучи дека екипата на Нова Македонија, на терен предводена од директорот на весникот Рашо, инаку бивш џандар (еднаш џандар, секогаш џандар), била на местото на удесот два дена по настанот и подметнувала “докази“ по нечии налог.
------------------
Нема трето обајснување или реакција на ваков скандал, каде исклучително битни докази се моткаат на ветерот, по тревата и гранките...
... Или некој не си ја завршил работата, или некој сака да заврши работа постхумно.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.316
Поени од реакции
15.484
ќе раскажам за два случаеви во мојот град каде возачот излетал низ стакло(за кои знам каде и како се случија)

-на раскрсница директен судир на една кола и Југо Флорида,во која возачот на флоридата(мој пријател) од силината на ударотсе измолкнува комплет од седиштето,оди над воланот ,со главата излетува низ шофершајбна и завршува на асфалт при тоа не кршејќи ниедна коска,но со други повреди.за жал 1-2 години после тоа почина човекот.значи човекот излегува низ предното стакло како `кифла` недопирајќи со телото ни волан,ни со нозете ни со главата на кровот,

-на страничен удар на раскрсница,удреното возило е удрено дирекно во возачката врата,возачот по инерција сака да го задржи своето првобитно место излетува низ стаклото од возачката врата,при што со главата стружи на горниот дел од рамот од вратата каде остава дел од скалпот.завршува неколку метри подалеку од колата мртов на лице место.

сакам да кажам дека се чести вакви излетувања низ стакла(имам многу професионално искуство со вакви случаеви).овде е спорно ЗОШТО Младенов толку бргу возел
--- надополнето: 5 април 2013 во 00:37 ---
од утрински

Доколку возачот бил врзан, плус воздушните перничиња и завеси, нема шанси да излета од возилото, тврдат експерти за сообраќај
Горан Адамовски

Штом телото излетало од возилото, тоа значи дека не било врзано со сигурносен појас, велат експерти за сообраќај со кои контактираше „Утрински весник“. Автомобил како „мерцедес“, опремен со воздушни перничиња и со завеси, до најситна можност ја исклучува опцијата возачот да биде отфрлен доколку бил врзан. Вештаците, кои инсистираат на анонимност за да не и' пречат на истрагата околу смртта на новинарот Никола Младенов, се обидуваат хипотетички да одговорат што се случува со заштитната опрема при удар.
„Не постои правило. Системите за воздушни перничиња различно реагираат во различни возила. Генерално, прагот на толеранција би требало да е до 3 - 3,5 Г, или да речеме забавување на брзината на возилото над 30 метри во секунда на квадрат. Меѓутоа, импулсот на сила не мора да е забавување. Може автомобилот да е запрен, а перничињата да се активираат при мали, ама силни удари. Од друга страна, можеш со багер да го туркаш возилото, а перничињата да не се отворат, бидејќи ударите се бавни“, објаснуваат експертите.
Според досегашните сознанија на истрагата, „мерцедесот“ на Младенов најпрво удрил во левата банкина и нагло свртел десно, по што ја пробил банкината и паднал во ендек. Професорите велат дека при удар во десниот преден дел, тогаш мора да се активираат перничињата напред и на десната страна.
„Телото, доколку е слободно, при таков сериозен удар целосно оди напред и поради тесниот простор градите се забиваат во управувачот, а главата удира во ветробранското стакло. Постои можност и телото да се исфрли од страните. Тоа се случува при ротација околу вертикална оска или, пак, при тумбање. Но, доколку телото било врзано со сигурносен појас, нема шанси да излета. Во практиката досега не е регистриран таков случај“, велат професорите по сообраќај.
„Мерцедес Е класа“ е едно од најмоќните и најопремените возила. Неофицијално дознаваме дека блиските на Младенов најмиле идентичен автомобил и со голема брзина ја возеле клучката кај Хиподром со цел да видат како ќе реагира возилото. Немале ниту најмал проблем.
Низ јавноста излегоа информации дека експерти на „мерцедес“ идната недела ќе дојдат во Скопје за да извршат вештачење на смачканото возило. Во текот на вчерашниот ден контактиравме со претставници на „Мерцедес“ во Скопје, од кои деновиве очекуваме дополнителни информации дали експерти од Германија евентуално би се вклучиле во проверка на техничката исправност на возилото.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
ЈАс ке те прашам друго прашање би возел ли некој на 200 метри од патарина толку брзо за да како што викаш ти се направи тоа оштро кинење
А јас да те прашам дали воопшто знаеш каде се случила несреќата? Тоа не е 200 метри после патарина туку на делот кај што се двојат обиколницата и излезот за Скопје Исток, што е мноооооогу повеќе од 200 метри после патарина и може да се развие и тоа како голема брзина од патарина до таму.
 

M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.305
можеби го бркал некој па затоа брзо возел,тоа веќе го прецизирав дека друга тема,тоа е прашање ЗОШТО возел толку брзо

иначе има 9 километри до наплатна,а не 200 метри
моја грешка се извинувам
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.768
Поени од реакции
16.994
и за случајот со Тоше не само што имаше сомнежи туку и судски постапки... ама хрватската полиција ја најде вината само во брзото возење... само кај нас има брзината да не е битна, па имаше дури Каско осигурување што ти признава штета и ако си возел со 50% повеќе ( ај вози во УСА 50% повеќе, со хеликоптер ќе те бркат)...
..друг парадокс е се сборува за заглавување поради високи судски пресуди, па само во случајот швајцарски сметки Фокуд мораше да плати по 30000еу на бранко и на хари .. е ако биле во финансиска дупка што му требал скап мерцедес ???
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.768
Поени од реакции
16.994
Јас би го додала и Зоран Божиновски кој има обелоденето многу афери на Буревесник само кој да ги чита.....
Инаку сите овие и останати новинари не се споредуваат со Младенов поради еден факт:Он имаше весник ..a они имаат емисија која неможе да се спореди со издржан дневен весник...Прочитав сега, дека знаел за изборниот фалсификат и сакал да облелодени овие денови но чекал документи..Ако е тоа вистина се е јасно....Го убија....
Отиде еден од моите омилени новинари кого сакав да го слушам и читам затоа што се сложував како размислува...Многу жално:(
Нека почива во мир......:(
такви весници како БуреВесник се нешто најмизерно што постои, срам за новинарството... пишувај што сакаш, трескај глупости невидени.. дури тотална неимформираност, шутракот пишува за судењата против Маѓар Телеком а појма нема за што и кога се работи...... само нафрлува папазјанија; за жал и самиот Младенов работеше многу често непрофесионално и сензационалистички... па што стана со аферата швајцарски сметки, изгуби на суд против бранко и хари, но никој не кажува дали плати по пресуда или ја даде душата под кирија ??... го доведе весникот во була, а тој се вози во луксузен мерцедес ??
.. и кога сме кај новинарството, во хрватските медијуми има отворени коментари кој веднаш излегуваат... може модератор да ги избрише, ама сепак некој ќе ги види пред тоа. А кај нас владее цензура... а некој он-лине весници воопшто немаат ни можност за коментар, пази сега дури еден ВЕСТ, кој арогантно објавува невидени сензационалистички наслови и глупости...; кој знае како треба нешто да се демантира, треба да одиш да го фатиш за гуша. Не чинеше кривично гонење за клевета, но има и друга крајност. Во борбата за брзо богатење се објавуваат непроверени и искривени работи, дури на тапет се често и обични граѓани, ама некому ќе му се стемни па сам ќе им пресуди.
 
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
Неговите колеги најблиски соработници рекоа за Младенов да е вечити ОПОЗИЦИОНЕР и да секогаш ја напаѓа власта..Од таму и нападите на сдсм кога била на власт..А сега ја напаѓаше со АРГУМЕНТИ сегашната власт...Јас го читав ..Во овој медиумски мрак Фокус беше светло во новинарството .Убија храбар новинар.....Толку ..
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Море мајката, овој форум има детективи подобри и од Шерлок Холмс, теории на завери што не може да ги организира дури ни ЦИА, стручњаци за автомобили и вештаци кои знаат како се случила несреќата.

Ако сте незадоволни од овој режим одете некаде на некоја планина, издерете се, испрдете се ама оставете го човекот да почива во мир.

Sent from my HTC One X using Tapatalk 2
 

Stef_12

Player hater
Член од
15 јануари 2009
Мислења
1.024
Поени од реакции
645
такви весници како БуреВесник се нешто најмизерно што постои, срам за новинарството... пишувај што сакаш, трескај глупости невидени.. дури тотална неимформираност, шутракот пишува за судењата против Маѓар Телеком а појма нема за што и кога се работи...... само нафрлува папазјанија; за жал и самиот Младенов работеше многу често непрофесионално и сензационалистички... па што стана со аферата швајцарски сметки, изгуби на суд против бранко и хари, но никој не кажува дали плати по пресуда или ја даде душата под кирија ??... го доведе весникот во була, а тој се вози во луксузен мерцедес ??
..
Да де затоа Латас и Миленко и суштеството Мирка си работат професионално, да ти е милина да ги гледаш.... А Младенов беше крајно непрофесионален. Смешно човече си.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.678
Поени од реакции
14.560
Убија храбар новинар.....Толку ..
Од која стручна криминалистичка серија излезе ти? НЦИС или некоја друга? Или можеби си Поаро... Дај бе сакупи се малку
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Cui bono? - Која е користа?
Со ова прашање римскиот цензор Луцие Касие, во 125 година п. н. е., побарал да за утврди мотивот за убиството.
Покојниот беше познат Новинар. Неговите написи сигурно не претставуваат мотив за убиство, впрочем тој многу години наназад пишуваше.
Ние не знаеме дали е несреќен случај или убиство или нешто трето.
Но ете има мислења дека се работи за убиство.
Можеби е тоа мотивот.... ,? Можеби некој сакал да се појават мислење дека во Македонија ги убиваат новинарите?
Дали имате друга идеја кој би бил мотив за наводното убиство?
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Море мајката, овој форум има детективи подобри и од Шерлок Холмс, теории на завери што не може да ги организира дури ни ЦИА, стручњаци за автомобили и вештаци кои знаат како се случила несреќата.

Ако сте незадоволни од овој режим одете некаде на некоја планина, издерете се, испрдете се ама оставете го човекот да почива во мир.

Sent from my HTC One X using Tapatalk 2
Ако јас би загинал, а претходно би бил личност за која возможно е да се постави сомнителност на мојата смрт, не би сакал да почивам во мир, не би сакал да не се раскрене секоја теорија, секоја можност за завера.

претеравте со тоа почивањето, ебаве...
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Cui bono? - Која е користа?
Со ова прашање римскиот цензор Луцие Касие, во 125 година п. н. е., побарал да за утврди мотивот за убиството.
Покојниот беше познат Новинар. Неговите написи сигурно не претставуваат мотив за убиство, впрочем тој многу години наназад пишуваше.
Ние не знаеме дали е несреќен случај или убиство или нешто трето.
Но ете има мислења дека се работи за убиство.
Можеби е тоа мотивот.... ,? Можеби некој сакал да се појават мислење дека во Македонија ги убиваат новинарите?
Дали имате друга идеја кој би бил мотив за наводното убиство?
Уф брате, тоа е прилично, прилично лоша работа, демек за Брисел да го искара груевски дај убијте го Младенов. Мислам дека ни најлошиот убиец на светот тешко да му падне такво напамет.
Камо да имаше некој таков што сакал да се појави мислење во Македонија дека се убиваат политичари, оти многу крадат тогаш браво
 

Kajgana Shop

На врв Bottom