Зошто,што му беше на животното?
Станува збор за лабрадорче 8 месечно на кое му беше лошо три дена,повракаше,ни јадеше, ни пиеше и заради тоа што во мојот град ветеринарите немаа една инфузија да му дадат само антибиотик со дијагноза "прелада" за да не оставам на случајност,заминав Скопје, возевме три сати за да утврдиме точно што му е. Ме пратија на ветеринарен факултет како најопремен со опрема и кадар - кај ветеринарот и утврди дека има гастритис му даде антибиотици,инфузии и други инекции за смирување на стомакот и ми кажа дека нема потреба од паника,се е во ред,наредниот дена кучето ке оздравело. Кој ке има сомнеж во дијагноза на прочуен доктор професор на факултет со 20 годишно искуство?!?
Си заминавме дома,уште три саати пат, вечерта маките му ги гледав до утрото до 7 сатот (кој има искуство знае за што зборувaм). Им звонев на локалните ветеринари,никој не ме удостои со одговарање на повик и кучето ми умре. Дента кога докторот (кандидат за градоначалник на СК) имаше средба со Анима Мунди моето милениче почина.
После неколку дена во неверување и шок се консултирав со повеке ветеринари од СК и сите беа на мислење дека станува збор за преплет црева (механички застој во цревата) и доколку докторот извршеше уште некое тестирање плус, со поставување точна дијагноза со хируршки зафат ке се спасеше миленичето. Значи сите лекарства што му се дадоа Скопје заради преплетот на црева не можеше да ги обработи организмот и дополнително се создадоа токсини од кои му се влоши состојбата и се забрза крајот. Му се јавив на докторот да ми објасни како се умира од гастритис и ми рече да сум направела обдукција, ке се утврдело што му е,затоа што истиот немал индикации за ништо друго освен за гастратис,па јас немам ветеринарен факултет завршено ама знам дека од гастритис не се умира.
На крај џабе ми е и обдукција и се,кога повеке го нема миленичето,докторот сам знае што следеше за него ако се направеше обдукција. Ама совеста нека му биде најголем критичар.
Сакав само да Ве известам Вас кои сте заљубени во своите миленичиња,најдобрите Ваши пријатели,да си ги чувате Вие зошто на никој не му е гајле за нив,најмалку на ветеринариве,да не ја земате дијагнозата здраво за готово, туку да побарате и четврто и петто мислење доколку имате мал сомнеж дека нешто не е во ред со миленичето. Ви посакувам на сите среќа,зошто само тоа во оваа држава може да не одржи здрави и живи.