Преведувач

  • Креатор на темата Креатор на темата Eufrat Kurajber
  • Време на започнување Време на започнување
Де бе, има translate под Review ќе го најдете на поновите верзии.
 
Бабилон го има и фри за проба ,али исти е како гугл транслејт. Е сега платената верзија незнам каква е,сигурно е подобра,пошто ако е иста не вреди да се купи.

Да не дрндам, си го повлекувам зборот за бабилон, ова беше што инсталирав кај другаров, инаку е овластен преведувач. За овој сакав да кажам дека се купува и дека треба да чекаш и код за трајл да ти пратат преку маил. Има таму на сите можни јазици да се преведува, па брои зборови, па дрви курови што ти ја знам, али има милијарда опции, неверувам дека без некои дополнителни часеви или без да ти поТпокаже некој дека ќе му ги искористиш сите предности ..

ТУќЕ клик.
 
ај објасни како тоа со word си направил превод? некако не ми е јасно? тесаурус користеше?
И пингајте ме и мене, сакам да знам :)
И ја сакам да знам. Ми треба многу.


Во последната верзија десен клик на текстот па на translate и од десно се отвара листа на јазици и опции за превод. Јас избрав превод на цел документ кој го дава во браузер. Не е идеално ама во најголем дел е коректно преведено така што бара не преголеми човечки интервенции, во секој случај беше многу побрзо отколку рачно да преведував реченица по реченица.

И гугл транслејт не е лош за светскиве јазици (како гратис опција) ако не те мрзи да правиш рачна корекција.

Пробав со гратис Бабилон и полош ми беше преводот отколку во ворд и г.транслате.

Тоа е главното :)
 
translate.google.com е најдобар автоматски програм/софтвер за преведување и добра работа е шо е бесплатен. За нешто подобро од тоа ќе си платиш официјално овластено лице.
 
Братко, на ова време се може да се најде.. :D

Значи се случува ситуација поим за кој што прв треба ти да преведеш, да објасниш, затоа што дотогаш немало превод од таа област. И тоа програма ќе го направи?

А и треба да имаш познавање од таа област, ретки се тие луѓе што можат да преведуваат од економија, електронска технологија и медицина, обично секој специјализиран за своја област, затоа што треба да се има познавање поим за нештото, не е механичко нешто земи премести однеси, се користи човечка свест, и секој поим или збор се визуелизира и треба да има смисла и тек на мислата.....
 
Во последната верзија десен клик на текстот па на translate и од десно се отвара листа на јазици и опции за превод. Јас избрав превод на цел документ кој го дава во браузер. Не е идеално ама во најголем дел е коректно преведено така што бара не преголеми човечки интервенции, во секој случај беше многу побрзо отколку рачно да преведував реченица по реченица.

И гугл транслејт не е лош за светскиве јазици (како гратис опција) ако не те мрзи да правиш рачна корекција.

Пробав со гратис Бабилон и полош ми беше преводот отколку во ворд и г.транслате.

Тоа е главното :)

Која е последна верзија..2012?
 
барем нека има Англиски-Бразилски и обратно..Англиски-Шпански и обратно, Англиски-Германски, Англиски-Француски, итн...Многу ми е итно..Фала однапред..

Абе за Бразилски тешко, за Аргентински, Чилеански евентуално Екваториал-Гвинејски се наоѓа...:facepalm:
 
Единствен бесплатен интернет преведувач ти е Гугл Транслејт, но сигурен сум дека тоа не ти треба. Има и некои други бесплатни интернет преведувачи но тие се „копија„ на Гугл Транслејт.
 
Абе за Бразилски тешко, за Аргентински, Чилеански евентуално Екваториал-Гвинејски се наоѓа...:facepalm:

Темата не е напишана да наоѓаш критики и да се правиш најпаметен од сите.. али добро нема веза.. не си еден и единствен "Smart Ass" .. ги има многу такви како тебе ..ако имаш нешто да кажеш паметно и да помогнеш ок.. ако не фаќај магла..
 
За превод бугарски-македонски дали има некој човек,ке платам ако има потреба.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom