Македонски комитски и партизански песни ( борбени, револуционерни )

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Дефинитивно не очекувавте ваква тема од мене, а? :LOL:

Знаеме македонскиот фолкор е доста богат и освен пеење за печалби, туѓини, обредни (жетварски песни) има исто така и доста голем број на песни посветени на борбата за слобода, во кој се опеани и голем број од Македонските борци. Да почнеме сеа...
Сигурно се сеќавате на серијалот на МТВ "Волшебното самарче" каде што Игор Џамбазов ја учи партизанската песна т.е. ма златен You Tube еве го моментот:
Епа одамна ја барав таа песна цела верзија испеана од хор и еве ја конечно:
Со векови окованa во пранги
под ропство пишти Македонија,
појќе не трпиме бесчесни лаги
во бој последен БОРЦИ влегоа!
РЕФ:
Во БОРБА ,во борба,во борба,
македонски народе.
За света народна СЛОБОДА
Со песни и радост се мрее!
Излеговме ние смели партизани,
над нас на Гоце знамето се вее
во гори,полја и на сите страни
фашистичка крв насекаде се лее.
Синови сме на нашата ТАТКОВИНА
на Илинденските наследници
строиме живот, слобода, иднина,
за ,жени, деца, старци, младинци.
Ја утепав од барање колку ми требаше за видео едно. :D Толку од мене другото оставам на вас!
 
Комитски и партизански песни не може да стојат во иста реченица едно до друго..

Како и да е еве една добра ама непозната во Македонија, песна која што ја напишал Петко Јаворов за Гоце Делчев.

 
Ау моја тема е ова ! :D
Само партизанска незнам ни една песна,немам ни слушнато веројатно.

Еве некоја комитска
За Ѓорѓи Сугарев
За Јордан Пиперката
За Питу Гули
 
Тема која е подоге за мене.
Ајде мојата моментално омилена: https://www.youtube.com/watch?v=NoZr8M-5_eU
Иначе ме мрзи да ги додавам добро познатите: Слушам кај шумат шумите, Кога падна на Пирина, Абер ми пристигна, Послушајте патриоти и многу, мноогу други наслови од мојата плеј-листа.
 
Тема која е подоге за мене.
Ајде мојата моментално омилена: https://www.youtube.com/watch?v=NoZr8M-5_eU
Иначе ме мрзи да ги додавам добро познатите: Слушам кај шумат шумите, Кога падна на Пирина, Абер ми пристигна, Послушајте патриоти и многу, мноогу други наслови од мојата плеј-листа.
за овој бугарин не постирај песни
Иначе, чисто информативно, песнава е модифицирана од Панчо Михајлов, кочански војвода, близок соработник на Ванчо Михајлов. Оригиналната песна е:
“Ниту беше Толе Паша ниту дело Кољо, туку беше Гоце Делчев со негова верна дружина.
У нас вечераа, аго и си заминаа, и си заминаа, аго, за Кожув планина’’
Преправена е за да се доближи ликот на Тодор Александров кај народот.
 
Дали да ја продолжиме темава „ и стихови“, па и тоа се песни,
некогаш и читани помеѓу борбите,некогаш и пеени (без музика)
или изведувани по нашите и туѓите затвори и логори.
(до, душа и видеа пак не знам,и не ми текнало да научам да ставам)
 
Дали да ја продолжиме темава „ и стихови“, па и тоа се песни,
некогаш и читани помеѓу борбите,некогаш и пеени (без музика)
или изведувани по нашите и туѓите затвори и логори.
(до, душа и видеа пак не знам,и не ми текнало да научам да ставам)
:)
http://www.scribd.com/doc/33871927/Од-борбата-народни-песни
 

Мојата омилена, одлична кореографија да напоменам. :D
 
Ме расположи ( ако може така да кажам по овие немили настани деновиве)
Стасав до 40 стр. ги прочитав сите песни,после пак ќе продолжам,ги немам до сега повеќето читано,иако за повеќето од тие борци и борби имам книги. Благодарам.
 
мојот придонес за темава.



Ова се малку позабаталени песни од мејнстримот кој пичи по слави и свадби, ама сепак вреди да ги знае човек. Одлични песни, да се чуди човек како на времето народов без студио и опрема правел првокласна музика, а денес сме најголема греота во тој поглед. Страшно е колку ни е умрен духот низ годиниве.​
 
ЕП ЗА ЈАНЕ САНДАНСКИ

Роден како слугинче
роден како кмет
Ај, да Бог да не бидеш
роб на овој свет

Грабна пушка замина
Пирин планина
Ај на Пирина собра
верна дружина

До што беше чука
бука пиринска
Ај стана јатак верен
стана бусија

Е, еееееејјј
Јане море Сандански
Јане Сандански
Царот Пирински

Деветсто и третата
врви замина
Ај верен Тодор Паница
душман убива

Од Ќемала Ата
во 'Урието'
Ај побарува Јане
Афтономија

Падна Серез, Кукуш
падна Кавала
Ај дванајсетта Јане
в' Солун влегува

Е, еееееејјј
Јане море Сандански
Јане Сандански
Царот Пирински

Сред Солуна Јане
збори говори
"Ај тргајте лавчињата
од капчињата"

Една има само
Македонија
Само Македонци
ќе ја ослободат

На Пирина лежи
ранет Сандански
Од душмани клетите
предавници

Е, еееееејјј
Јане море Сандански
Јане Сандански
Царот Пирински

Зошто грми Пиринот
плаче Вардарот
Ај зошто црни далги
фрла Егејот

Од три страни соколи
носат аманет
Порачува Јане
на целиот свет

Синови и ќерки
земја ќе роди
Ај земја Македонска
да се ослободи

Е, еееееејјј
Јане море Сандански
Јане Сандански
Царот Пирински
--- надополнето: 5 април 2013 во 03:30 ---
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom