Што да се побунат ако се побунат знаат што следува автоматски.Каде ќе најдат на друго место работа оваа им е животна шанса.
Ебате животната шанса да работам за 8000.Затоа и ваква ни е државата затоа што сите со трошки се задоволуваат и се со мислата ќути може и полошо да е......
Плашлив народ сме,затоа и ни се случува се што ни се случува.Така сме научени,ќути сине може и полошо да е и наведнатата глава сабја не ја сече.
Затоа нема никогаш ништо да имаме.Ако не се избориш сам за тоа никој нема да ти даде.
Каква животна шанса,да работам 8 саати за на крај со тие пари само 2-3 сметки да можам да платам само ?
Па подобро ќе фатам магла во странство,таму бар за 8 саати работа ќе можам и сметките да ги платам и да се прехранам,да се облечам и да пратам 3 пати повеќе пари од овие мочани 150 евра што ми ги даваат тука.
На крај и да заштедам некое евро за да си дојдам на одмор ко господин човек овдека.
Па дури и после неколку години ќе имам пари и за свој бизнис дома да си отворам.
Затоа албанците ќе ги биде како народ.....не се плашат и ни на крај памет не им е да црнчат за мочани 8000.Ќе отиде во Германија ќе се врати и ќе изгради и куќа и бизнис ќе отвори и ќе одгледа 4-5 деца.
Ко демек најлошата ствар што може да ми се деси е да ме отпуштат.....големите пари што ќе ги изгубам.
Па за стресот од работа и заморот не вреди да се замарам за тие 8000.И со нив и без нив не ќе можам да преживеам,барем ќе имам 8 саати што ќе можам на нешто друго да ги искористам од колку да се замарам,нема да си трошам живци на работа и ќе си го имам достоинството колку толку.