Документарци

  • Креатор на темата Креатор на темата humanoid
  • Време на започнување Време на започнување
Io Sono Interista пробувам да ја ставам во важна темата ама ради тоа што кочи форумов не ми дозволува засега да го направам тоа :D. Јас мислам убаво е да има и од двете - тема за секој документарец посебно и теми по жанрови. Овие првиве за секој документарец би биле добри за да се наполни подфорумов... Мислам дека нема да настане хаос.
 
Супер, сакав само да знам како ќе се тера работата.
Да смислам од кај да почнам сега... :)
 
Еве што најдов до сега за ментални болести.



Ја раскажува приказната на девојче кое поради тешка злоупотреба и занемареност не успеава да научи како емоционално да се поврзе
.
Body Dysmorphic Disorder- Преголема загриженост околу изгледот, преококупација околу тоа како другите гледаат на тоа. На пример, во документарецот има девојка која 10 саати на ден се гледа во огледало, има суицидални нагони и не излегува од дома.

Ова е документарец за аутистичните нарушувања. Ова е само трејлерот, има торент на Пајрет беј.Мајка на утистично дете оди во Америка за да бара подобар третман за синот.

Ги најдов разгледувајќи на јутуб. Тешко се наоѓа торент за повеќето.Може да се најдат уште во плејлистите што се понудени со секое видео.
 
Од областа на книжевноста/литературата го препорачувам документарецот "Во потрага по таинствениот писател" во кој главен протагонист е Харуки Мураками. Исто така дело на BBC

 
Одлична документарка од Discovery за според авторот најголемиот грабеж на банка во Историјата

 
Барам два документарци. Едниот е за Сидарта (Буда), го имам гледано на 24 вести, 2 дела мислам, а другиот е за водата, сосе кристалите кои ги формира, исто на 24 вести мислам е даван. Фала многу ако ми помогнете у барањево. :)
 
Blood in the Mobile



Collaboration Horizontale

Little World
--- надополнето: 21 март 2013 во 10:37 ---
Vivan las Antipodas! на Victor Kossakovsky
Во рамките на еден фестивал на документарен филм беше прикажан во категоријата „Мајстори на документарниот филм“ и нависитна е таков.
Каде би стигнале кога би ископале тунел до другиот крај на земјата?

 
Не знам дали до сега некој ја постирал документарката на Ал Гор за глобалното затоплување. Еден од најкоментираните документарци од човекот кој има добиено Нобелова награда. Според мене е одлична иако на многу луѓе кои не веруваат во глобалното затоплување на секој можен начин сакаат да ги побијат фактите изнесени во истата !

 
Не знам дали до сега некој ја постирал документарката на Ал Гор за глобалното затоплување. Еден од најкоментираните документарци од човекот кој има добиено Нобелова награда. Според мене е одлична иако на многу луѓе кои не веруваат во глобалното затоплување на секој можен начин сакаат да ги побијат фактите изнесени во истата !

го имав овој на ДВД ама којзнае каде залутал кај го однел брат ми ,ако го има некаде да се гледа со превод (не торент туку онлајн) пиши пак да го гледам.
 
Најдобриот документарец што сум го глеал до сега

Да добар е најдобро е да се гледа во HD 1080p ,тој што си го ставил линк на видео го има тој квалитет :)
 
Сакам да гледам некој документарец за маите, за нивниот обичај, животот, пророштвата...
 
BBC Horizon новата сезона започна пред месец дена.
Само ова стигнав да изглеам досеа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom