Македонци ин Канада

  • Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204
Да, смешно е.Смешно е у пм.Симпатично смешно.
Ама никој не спомна дека родителите пробале да ги научат децата на мајчиниот јазик и можда сакале да покажат дека задржале нешто од овде со Вегетата, јес Вегета и кафето и тие работи.Не се некој Фаланга пораки ЧДА тип.
Али утре ќе викаме иселениците зошто не пуштат дес‘ долара за Македонија да ја биде и ќе креваме нос зошто не е така, без разлика шо Македонија ја заболе за нив уште пред да заминат и уште толку после одењето таму.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Пази ова, дечко што живее во Канада, ремети наши од Канада и вие им се јавувате како адвокати? Не мислите дека му прекипело на дечково да гледа и слуша вакви дебилни работи од иселеници па ја направил пародијава? Сите имате роднини по странство демек не знаете што раја има меѓу луѓево таму.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Можеби и до храната доста е, ако прави македонска манџа со генетски модифицирано зајре е таа, тоа бивтекот е ненормлно голем телешки имаше слика од такво говедо чек. Дали би го јаделе месото од ова животно, јас не би, па на здравје мекдоналдсот нека ви е :icon_lol:.

enjoy-that-mutant-hamburger.jpg
 

SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853
Видеото(не знам со која цел и намера е направено) е крајно тажно.Ова не е за подсмев ова е за жалење.Аналогно ми иде како ударање ремет на ретардирани суштества.
А и не се криви.Да се живее во една држава како Канада не е лесно.Не знаат они како функционира Европата а поготово Балканот.Не знаат тие како е да се преживува со минимец,не знаат што е нема,не знаат оние да партијашат по цели ноќи 24/7 низ кафани,не знаат што е алкохол,не знаат дека за работа им треба наместо диплома партиска книшка,не знаат дека цигарите постојат.....многу работи не знаат,ние знаеме.Да им се смееш на овие е жално а ние сме уште пожални.
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Ааааа колку е смешно, што девојче родено во Канада кажа со наместо за :pos:
А мајка и родена во Македонија што и се плете јазикот како на пајакот пајажината?
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
399
Поени од реакции
472
„Копуци“ - as in Луѓе кои бараат да оженат Австралијанка со цел да мигрираат во друга држава кај што има рефриџирејтор, еливејтор и трафик лајтс - наместо да го живеат животот во Македонија (макар бил и потежок), да се трудат да бидат успешни, едуцирани, недебилизирани како овие на видеото, да ги подобрат условите за генерациите после нив и тн?

Лесно е, шитни нивата што ти ја оставил дедо ти, уплати претплата за интернет, запознај се со Австралијанка, вљубете се онлајн, пресели се кај неа, ожени ја, стани горд државјанин на Австранија, гледај „Иселенички џубокс“, јачај се во гради колку ја сакаш Македонија, купи видео РИКОРДЕР со парите од жена ти, снимај глупи видеа, постирај ги на Јутуб за да ти се смееме. И после што? И таму ќе треба да работиш, парите не паѓаат од дрво.
а ти ке љубомориш од тука и ке кењаш,зашто некое мало дете не изговорило правилно збор а тоа уствари знае 3 странски јазици и го шета светот секој викенд,а ти ке дремеш дома пред мониторот со спуштени ролетни и се смееш...
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.009
Поени од реакции
5.664
Аман бе, што сте се фатиле за девојчето, секоја чест како зборува македонски. Реметот оди на сметка на мајката, ајде Ивана, кажи за пасошот... Ајде Ивана, што прави мама (манџа со утре) јеее... Имаме и вегета, јеееее... Имаме училишта, паркови, имаме и тениско игралиште. Имаме и двор позади куќа, во Канада дворовите се позади куќа. Е во Македонија дворовите се напред, позади се бавчите :D
 
A

AnFem

Гостин
Многу сте глупави сите што го критикувате првото видеото,мислам дека страдате од некој синдром на мало граѓанштина... е за тоа не не бива нас македониците зашто сме сеирџиски народ... канада е најлиберална земја у светот и не е ништо чудно или смешно ако снимаш домашно видео и го ставиш на нет.
подобро да гледам вакви видеа отколку бранко и грујо да ги гледам на секој втор сајт како се плукаат и врегаат.
Изгледа дека уште има луге што мислат дека после београд и карај на светот
Глупави се тие што го критикуваат видеото? А што се тогаш овие кои го снимале? Малограѓанштината се гледа кај нив, не кај другите кои го реметат видеото. Ова не е обично хоум мејд видео, ова е видео за фалба, ние имаме - вие немате.
Видеото е крајно ретардирано и заслужува ремет!
Немав нерви да ги изгледам цело, а срам ми е и што го изгледав и тој мал дел.
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
абе, баш е добро што девојчето колку толку знае да зборува македонски. тоа помалото се гледа дека појма нема ама белким ќе го доведат во ред.
и стварно видеово е малку дебилско, посебно глупостите од мајката ама ај ги фатило носталгија луѓето....
а замисли да ти се родини овие. вегуваш на мотика или кајгана или од кај знам каде и ги гледаш драгите роднинисите кај што ги реметат
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Јас ќе застанам во одбрана на видеово, а пред да почнете да ме напаѓате барем прочитајте зошто го бранам истото тоа видео. И кога ќе почнете да мавате по мене, бирајте помали камења ве молам :)

Реметење иселеници е во ред, ама кога го заслужуваат тоа. Има разлики од семејството во првото видео до дедо ви кој заминал во Острелија во 68-ма притоа мислејќи дека железното пиле на ајродромо во Белград треба да се напои и нахрани пред да полета за Недојдија. Таквите луѓе не виделе ништо модерно, немале никакво образование и одеднаш пристигнале во земја на материјално изобилие каде млекото ти го носат дома, луѓе од разни раси живеат заедно и во дворот можеш да насадиш палми и тие ќе никнат. Се што виделе им е како на малите бебиња кога ќе видат нешто за првпат и учат за се, така и овие, заминале од скромна земја во земја каде има повеќе и сето тоа им удрило в глава. Плус и таков им е менталитетот, згора на сето тоа не научиле англиски и заборавиле да зборуваат чист македонски и од таму доаѓаат заебанциите на нивна сметка и скечовите на к-15.

За разлика од нив поновите иселеници се повеќе образовани и горе-долу знаат што да очекуваат. Не ги бранам дека направиле нешто којзнае што или дека ми значат нешто, туку зашто првото видео нема ама ништо за реметење според мене. Мајката ја однесла ќеркичка за првпат дома и прават видеа за тоа што било и како било. Може сака на другарка и што ја запознала летото да и раскаже за тоа како и е во Канада па се решила да направи видео. Пофалби и за девојчето зашто зборува доста чист македонски, за разлика од многу деца на наши иселеници. И не рече девојчето имаме големо лејк, туку рече ова е езеро во Канада, се вика Онтарио Лејк. А така го кажа зашто така е научено, исто како што Њујорк не го преведуваме како Новјорк...само важно е да им се насмееме :)

Не сакаше да ви раскаже дека во Канада има супермаркети а во Македонија не, добро знаат што има и како има, само сакале да пополнат време и да снимат видео. Сфатете го како една проста разгледница или како сакате. Тоа што потенцираат дека имаат Вегета и турско кафе не е дека се прости и се неизживеани, туку кога ќе заминеш некаде тие малите работи ти значат многу заради спомените. Пример денес за првпат по 4 години си направив нескафе, такво како што го пиев во Македонија. Никогаш во Австралија го немам пиено баш истото кафе правено на ист начин. Не е дека сум прост и се фалам, туку е нешто што ретко го гледаш и ти значи кога ќе го добиеш и е кул во моментот.

Кул, исто како што е кул да користиш англицизми кога е најмалку потребно кое што впрочем ми е смачено од нив. Исто кул како и кога ќе појдеш на ексурзија во Будимпешта и трчаш веднаш во Бургер Кинг и Старбакс кои имаат најтиња производи, ама трчаш веднаш кај нив а не одиш да видиш некоја локална атракција. Во тие моменти Унгарците сигурно ти се смеат зашто изгледсш просто и неизживеано :)

Толку од мене, се надевам не бев напорен и нема да ме сфатите погрешно :)
Ова е жива вистина, имам другар во ЛА и нашол некој Босанец кој што држел ќебапчилница у сред ЛА и жив радосен ми ги сликал ќебапите со се кромид и сервирано ајвар на страна, ко да земал бечка шницла со кавијар на страна. :D
--- надополнето: 2 април 2013 во 22:36 ---
И среќата им е во џиповите и градината? Ебате убавиот живот ебате..
Да сум на возраст на децава, да излезам на улица и да нема ЖИВО пиле сигурно моментално би бил ментално растроен или би се самоубил.
Можно е да живеат во помал град, оди во поголемите градишта и ѕирни им го ноќниот живот.
А и во Македонија, па и во Скопје ко главен град не е ништо подобро, после 9 саат навечер живо пиле нема. Кога во град со над 500 000 жители во петок навечер во строг центар на градот не може да наполниш дискотека а од карши ти стои штаб кај што пршти хип хоп и врие од народ јасно ти е на кое ниво е ноќниот живот во градот. За во 90 ти ова и ќе важеше, сега тешко.
 

Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
Јас ќе застанам во одбрана на видеово, а пред да почнете да ме напаѓате барем прочитајте зошто го бранам истото тоа видео. И кога ќе почнете да мавате по мене, бирајте помали камења ве молам :)

Реметење иселеници е во ред, ама кога го заслужуваат тоа. Има разлики од семејството во првото видео до дедо ви кој заминал во Острелија во 68-ма притоа мислејќи дека железното пиле на ајродромо во Белград треба да се напои и нахрани пред да полета за Недојдија. Таквите луѓе не виделе ништо модерно, немале никакво образование и одеднаш пристигнале во земја на материјално изобилие каде млекото ти го носат дома, луѓе од разни раси живеат заедно и во дворот можеш да насадиш палми и тие ќе никнат. Се што виделе им е како на малите бебиња кога ќе видат нешто за првпат и учат за се, така и овие, заминале од скромна земја во земја каде има повеќе и сето тоа им удрило в глава. Плус и таков им е менталитетот, згора на сето тоа не научиле англиски и заборавиле да зборуваат чист македонски и од таму доаѓаат заебанциите на нивна сметка и скечовите на к-15.

За разлика од нив поновите иселеници се повеќе образовани и горе-долу знаат што да очекуваат. Не ги бранам дека направиле нешто којзнае што или дека ми значат нешто, туку зашто првото видео нема ама ништо за реметење според мене. Мајката ја однесла ќеркичка за првпат дома и прават видеа за тоа што било и како било. Може сака на другарка и што ја запознала летото да и раскаже за тоа како и е во Канада па се решила да направи видео. Пофалби и за девојчето зашто зборува доста чист македонски, за разлика од многу деца на наши иселеници. И не рече девојчето имаме големо лејк, туку рече ова е езеро во Канада, се вика Онтарио Лејк. А така го кажа зашто така е научено, исто како што Њујорк не го преведуваме како Новјорк...само важно е да им се насмееме :)

Не сакаше да ви раскаже дека во Канада има супермаркети а во Македонија не, добро знаат што има и како има, само сакале да пополнат време и да снимат видео. Сфатете го како една проста разгледница или како сакате. Тоа што потенцираат дека имаат Вегета и турско кафе не е дека се прости и се неизживеани, туку кога ќе заминеш некаде тие малите работи ти значат многу заради спомените. Пример денес за првпат по 4 години си направив нескафе, такво како што го пиев во Македонија. Никогаш во Австралија го немам пиено баш истото кафе правено на ист начин. Не е дека сум прост и се фалам, туку е нешто што ретко го гледаш и ти значи кога ќе го добиеш и е кул во моментот.

Кул, исто како што е кул да користиш англицизми кога е најмалку потребно кое што впрочем ми е смачено од нив. Исто кул како и кога ќе појдеш на ексурзија во Будимпешта и трчаш веднаш во Бургер Кинг и Старбакс кои имаат најтиња производи, ама трчаш веднаш кај нив а не одиш да видиш некоја локална атракција. Во тие моменти Унгарците сигурно ти се смеат зашто изгледсш просто и неизживеано :)

Толку од мене, се надевам не бев напорен и нема да ме сфатите погрешно :)
kazi deka ti se rodnini ajde...
 
G

Geezer

Гостин
Овие и сличните на овие се редок вид. Тие ја сакаат Македонија највеќе, најголеми патриоти се, подбуцнуваат оттаму, ''daumrat kletite Albanci makedonia vecna '' и слично и што е најтрагично, се јавуваат по емисии, да ни кажат НАС кои живееме ОВДЕ, дека ни е убаво и дека владата е супер, а тие драги мои, живеат во дијаспора.
Епа ќе ги хејтам бе, ете.
 
Член од
25 април 2012
Мислења
443
Поени од реакции
580
Го изгледав видеово, прочитав по некој рандом коментар и останав без зборови. Незнам на која страна да застанам, некако и овие на видеово и коментарите ми се подеднакво дебилни...:confused:
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.998
Овие ако не дошле од некое затуцано шарпланинско село у Кенада ја глава сечам
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Овие и сличните на овие се редок вид. Тие ја сакаат Македонија највеќе, најголеми патриоти се, подбуцнуваат оттаму, ''daumrat kletite Albanci makedonia vecna '' и слично и што е најтрагично, се јавуваат по емисии, да ни кажат НАС кои живееме ОВДЕ, дека ни е убаво и дека владата е супер, а тие драги мои, живеат во дијаспора.
Епа ќе ги хејтам бе, ете.
Да ги хејташ, и после кој кого ремети?:)

Ги заболе нив и за владата и за клетите Албанци ко за ланскиот купус.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom