- Член од
- 7 февруари 2011
- Мислења
- 211
- Поени од реакции
- 105
Интересно прашање пред се ради неинформираност,незнаење,нефункционалност на системот и негрижа на државата за Здравството - негрижа за медицинскиот персонал - нерижа за пациентите.Да разјаснам одма дека прашањето е за преглед во амбуланта на "Брза Помош" во време на викенд, кога не работат матичните лекари.
Мое лично искуство, денес, што и ме "инспирира" да ја отворам оваа тема, беше дека чекав цел 1 час само за преглед и обично мерење на притисок, а замислете бевме само тројца што чекавме ред за преглед... за "Брза Помош". И таму бидејќи не знаеја или не сакаа да се замараат со нас, не упатуваа до болница...а таму пак, сосема друга приказна, да се чудиш кај си отишол... Докторката што ме прими си кршеше лешници од вратата, замислете онака, немаше клешти и ја затвараше вратата и кај што се ментешината си ги кршеше лешниците, абе лудници. На масата и сливчиња, кочани...ко на тезга на пазар. Ама тоа е како што реков друга приказна која е дел од целото наше "Здравство".
Значи, прашањето ми беше дали чекање 1 час за преглед во "Брза Помош" е брза?
За да ти појаснам еве ти аргументи -
Конкретно твојот случај не бил итен и заради тоа си чекал. Не е во ред да чека никој нели но Брзата Помош е за ИТНИ ЖИВОТНО ЗАГРОЗУВАЧКИ СОСТОЈБИ!!! Значи односот на докторката не велам дека бил најкоректен ниту дека треба да чекаш.Јас би те прегледал првин зошто нели нешто што навидум изгледа дека не е страшно може по 5 минути да биде..
Требало да отидеш кај твојот матичен лекар првин или да го викнеш да дојде на домашна посета бидејќи нели тој се грижи за твоето здравје и тој е одговорен да те посети ако во неговите услуги е предвидена домашна посета. АКО. А МОРА да е предвидена.За тоа што си запишан кај него тој зема месечна капитација(од 50 - 900 денари зависно од возраст и какви хронични болести имаш). Ако матичниот лекар констатира дека се работи за итен случај тогаш се повикува Брза Помош(матичниот лекар чека додека дојдат и им објаснува на тимот што дошол дали дал терапија и негови хронични болести и историја) АРНО АМА Матичните лекари најчесто не одат на домашна посета или се на пат или не дигаат слушалка или велат одма да викате Брза Помош ШТО НЕ Е ВО РЕД!!! (А во ред е да зема месечна капитација од вас и да ви се смешка )
Матичниот Лекар е тој што зема капитација за Вас и тој што треба прв да ве прегледа зашто нели прегледот кај него е бесплатен!!! И Вам не ви се исплаќа да викнете прво Брза Помош зошто ако не сте итен случај ЌЕ МОРА ДА ПЛАТИТЕ 100 % УСЛУГА !!!
1.Тоа што дошла колата
2. Лекарскиот преглед
3. Додатни испитувања и терапија
Све тоа кошта на ПРИВАТНО зошто не сте итен случај.
А доколку сте ИТЕН СЛУЧАЈ не плаќате НИШТО, ни превоз до клиника ни терапија ни испитувања.
Јасно ви е?? Значи викајте го првин матичниот лекар кој се фали дека во своите услуги нуди домашна посета и интервенции. Изберете си матичен лекар кој ќе се замара со Вас и Вашето Здравје. Има супер матични доктори а има и такви кои само собираат пациенти и бегаат од одговорност и итни случаеви.
Во врска со БРЗИНАТА на стигање на Брза Помош
1. Ако сте од внатрешноста на пример, таму Здравните Домови и Болниците немаат најчесто слободни возила.
Зошто чекате некогаш долго да стигне Брза Помош а некогаш стигнат веднаш?
Бидејќи во моментот можеби носеле итен случај во Болница, или отишле на домашна посета, снемало доктор, снемало кола, снемало шофер, снемало сестра..
Зошто снемало? Бидејќи имало на смена само 1 дежурен лекар,1 сестра 1 шофер..И ако сте на пример од Пробиштип и Брзата помош го носи пациентот заедно со докторот и сестрата во Штип или Скопје амбулантата останува без дежурен лекар,сестра и шофер.. Што прават тогаш диспечерките ? Викаат навечер други доктори,сестри,шофери.. И додека дојде некој мине времето..Драгоцено време..Бидејќи државата не вработува доволно лекари и медицински персонал..Затоа некогаш чекате а некогаш не..
Е за да не чекате - ВИКАЈТЕ ГО ВАШИОТ МАТИЧЕН ЛЕКАР !!! Бидејќи Тој за Вас зема пари и му е обврска да дојде на домашна посета!!! Додека да стигне Брзата Помош тој ќе го прегледа пациентот и ќе може дури и да помогне повеќе некогаш од Брзата Помош.
А за платите на лекарите во јавното здравство и колку се замараат или не не сакам да зборувам. Смешно е.
Споредба.
Јавно Здравство:
Општ Лекар - 23 000
Специјалист (Интернист,Невролог итн) - 29 000
Хирург(Клиника) - 35 000
Приватно Здравство:
Приватно Здравство:
( Матични лекари) - до 240 000 месечно + на секои 3 месеци исполнување цели (праќање да правите крвна слика,ренген слика,ехо..) до 200 000 и повеќе..(ова им е бонус на секои три месеци - значи СЕКОЈ МЕСЕЦ ЗЕМААТ 240 000 денари + до 200 000 на секои 3 месеци ..)
И ај сега кажете ми дали има некаква смисла Здравството кога тие што највеќе земаат пари кога ќе стане густо бегаат и не се достапни и ви велат да викате Брза Помош??