"Брза Помош" - колку е "брза"?

Член од
7 февруари 2011
Мислења
211
Поени од реакции
105
Да разјаснам одма дека прашањето е за преглед во амбуланта на "Брза Помош" во време на викенд, кога не работат матичните лекари.
Мое лично искуство, денес, што и ме "инспирира" да ја отворам оваа тема, беше дека чекав цел 1 час само за преглед и обично мерење на притисок, а замислете бевме само тројца што чекавме ред за преглед... за "Брза Помош". И таму бидејќи не знаеја или не сакаа да се замараат со нас, не упатуваа до болница...а таму пак, сосема друга приказна, да се чудиш кај си отишол... Докторката што ме прими си кршеше лешници од вратата, замислете онака, немаше клешти и ја затвараше вратата и кај што се ментешината си ги кршеше лешниците, абе лудници. На масата и сливчиња, кочани...ко на тезга на пазар. Ама тоа е како што реков друга приказна која е дел од целото наше "Здравство".
Значи, прашањето ми беше дали чекање 1 час за преглед во "Брза Помош" е брза?
Интересно прашање пред се ради неинформираност,незнаење,нефункционалност на системот и негрижа на државата за Здравството - негрижа за медицинскиот персонал - нерижа за пациентите.
За да ти појаснам еве ти аргументи -
Конкретно твојот случај не бил итен и заради тоа си чекал. Не е во ред да чека никој нели но Брзата Помош е за ИТНИ ЖИВОТНО ЗАГРОЗУВАЧКИ СОСТОЈБИ!!! Значи односот на докторката не велам дека бил најкоректен ниту дека треба да чекаш.Јас би те прегледал првин зошто нели нешто што навидум изгледа дека не е страшно може по 5 минути да биде..
Требало да отидеш кај твојот матичен лекар првин или да го викнеш да дојде на домашна посета бидејќи нели тој се грижи за твоето здравје и тој е одговорен да те посети ако во неговите услуги е предвидена домашна посета. АКО. А МОРА да е предвидена.За тоа што си запишан кај него тој зема месечна капитација(од 50 - 900 денари зависно од возраст и какви хронични болести имаш). Ако матичниот лекар констатира дека се работи за итен случај тогаш се повикува Брза Помош(матичниот лекар чека додека дојдат и им објаснува на тимот што дошол дали дал терапија и негови хронични болести и историја) АРНО АМА Матичните лекари најчесто не одат на домашна посета или се на пат или не дигаат слушалка или велат одма да викате Брза Помош ШТО НЕ Е ВО РЕД!!! (А во ред е да зема месечна капитација од вас и да ви се смешка :mad:)
Матичниот Лекар е тој што зема капитација за Вас и тој што треба прв да ве прегледа зашто нели прегледот кај него е бесплатен!!! И Вам не ви се исплаќа да викнете прво Брза Помош зошто ако не сте итен случај ЌЕ МОРА ДА ПЛАТИТЕ 100 % УСЛУГА !!!
1.Тоа што дошла колата
2. Лекарскиот преглед
3. Додатни испитувања и терапија
Све тоа кошта на ПРИВАТНО зошто не сте итен случај.
А доколку сте ИТЕН СЛУЧАЈ не плаќате НИШТО, ни превоз до клиника ни терапија ни испитувања.
Јасно ви е?? Значи викајте го првин матичниот лекар кој се фали дека во своите услуги нуди домашна посета и интервенции. Изберете си матичен лекар кој ќе се замара со Вас и Вашето Здравје. Има супер матични доктори а има и такви кои само собираат пациенти и бегаат од одговорност и итни случаеви.
Во врска со БРЗИНАТА на стигање на Брза Помош
1. Ако сте од внатрешноста на пример, таму Здравните Домови и Болниците немаат најчесто слободни возила.

Зошто чекате некогаш долго да стигне Брза Помош а некогаш стигнат веднаш?
Бидејќи во моментот можеби носеле итен случај во Болница, или отишле на домашна посета, снемало доктор, снемало кола, снемало шофер, снемало сестра..
Зошто снемало? Бидејќи имало на смена само 1 дежурен лекар,1 сестра 1 шофер..И ако сте на пример од Пробиштип и Брзата помош го носи пациентот заедно со докторот и сестрата во Штип или Скопје амбулантата останува без дежурен лекар,сестра и шофер.. Што прават тогаш диспечерките ? Викаат навечер други доктори,сестри,шофери.. И додека дојде некој мине времето..Драгоцено време..Бидејќи државата не вработува доволно лекари и медицински персонал..Затоа некогаш чекате а некогаш не..
Е за да не чекате - ВИКАЈТЕ ГО ВАШИОТ МАТИЧЕН ЛЕКАР !!! Бидејќи Тој за Вас зема пари и му е обврска да дојде на домашна посета!!! Додека да стигне Брзата Помош тој ќе го прегледа пациентот и ќе може дури и да помогне повеќе некогаш од Брзата Помош.
А за платите на лекарите во јавното здравство и колку се замараат или не не сакам да зборувам. Смешно е.
Споредба.
Јавно Здравство:
Општ Лекар - 23 000
Специјалист (Интернист,Невролог итн) - 29 000
Хирург(Клиника) - 35 000

Приватно Здравство:
Приватно Здравство:
( Матични лекари) - до 240 000 месечно + на секои 3 месеци исполнување цели (праќање да правите крвна слика,ренген слика,ехо..) до 200 000 и повеќе..(ова им е бонус на секои три месеци - значи СЕКОЈ МЕСЕЦ ЗЕМААТ 240 000 денари + до 200 000 на секои 3 месеци ..)
:tapp::facepalm:
И ај сега кажете ми дали има некаква смисла Здравството кога тие што највеќе земаат пари кога ќе стане густо бегаат и не се достапни и ви велат да викате Брза Помош??
 
Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Приватно Здравство:
( Матични лекари) - до 240 000 месечно + на секои 3 месеци исполнување цели (праќање да правите крвна слика,ренген слика,ехо..) до 200 000 и повеќе..(ова им е бонус на секои три месеци - значи СЕКОЈ МЕСЕЦ ЗЕМААТ 240 000 денари + до 200 000 на секои 3 месеци ..)
Фала ти за постот. Многу информативен беше.
Кон цитираното: просто неверојатно ми е. Имаш извор за ваков податок?
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
211
Поени од реакции
105
Фала ти за постот. Многу информативен беше.
Кон цитираното: просто неверојатно ми е. Имаш извор за ваков податок?
:)
Значи тоа е сумата до која можат да дојдат а докторите во Јавното Здравство никогаш нема да дојдат. И да имаш 30 работно искуство ќе си земаш иста плата ..Општ лекар - 23 000, специјалист - 29000.. Смешки.
А Приватно:
Матичен лекар кој води бебиња и деца до 6 год. возраст зема 600 ден за нив, за постари хронични болни и болни од карциноми исто поголема е капитацијата а за другите е 50 ден.
Проста математика - ако матичниот лекар има над 2000 пациенти и зависно какви пациенти води множете па сами пресметајте. Е сега тука има ограничување ако имаш над 1500 пациенти за бројката над 1500 земаш помалку за секој нареден пациент -
На пример: - За над таа бројка - 1500 пациенти - ќе земе капитација 30 % помалку за 1501-от пациент. Наместо 600 денари ќе земе за тој пациент - 450 денари.
АРНО АМА!!!
А ако вработи во неговата ординација + уште еден матичен лекар ќе зема капитација во полн износ!!! И може така да има 3000 пациенти!!! Ајде сега множи па сам пресметај.
А ако еден од нив на пример отиде на пат,одмор,боледување како ќе успее тој доктор да услужи 3000 пациенти? Нема сите одеднаш да му дојдат ама од 3000 ќе ти дојдат барем 50 у денот да ги прегледаш :) И сега ако дојде ИТЕН СЛУЧАЈ што мислиш кој ќе го спасува?:)
Така да поради огромниот број на пациенти што ги имаат - а се тепаат за пациенти поради тоа што повеќе пациенти - повеќе месечен приход - Колку Вашиот матичен лекар ќе успее да ви посвети квалитетно време за преглед и да ви се замара? Сами пресметајте..
Затоа не плукајте по Брзата Помош.. Овие луѓе се расправаат со многу тешки случаеви,огромна одговорност и често поради брзото возење побрзо да стигнат им се случува и сами да си го загрозат животот..Ако некој го фати струја што мислите кој е наредниот кој што од адреналин или побрзо да го спаси пациентот е во опасност?Ако не го исклучи струјниот извор или заборави - отиде и докторот :)
Се среќаваат со пациенти кои не се намирисани,дотерани ТУКУ со повредени,облиени со крв, човечки екскрети и секрети и сето она што Вашиот матичен лекар не го ни видел нити се соочил..
Тоа се луѓе кои земаат 23 000 денари..и секојдневно трчаат за Вас да ви го спасат животот.. Ако имаше по 3 дежурни на смена Брзата Помош секаде брзо ќе стигне. Ако докторот отиде да носи случај на пример во Скопје а е од внатрешноста - а сам е на смена и единствен дежурен ноќе - кој е крив за тоа? А да се 3 или барем 2 друго е.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.361
Поени од реакции
2.176
Вечерва ми се случи да морам да повикам брза помош. Само што кренаа, не дочекав да го докажам вториот збор, ми рекоа "јавете се за 5 минути" и ми спуштија слушалка. Дали е ова очекувано однесување од нив или можам да ги пријавам?
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Јас пред 2-3 години требаше да чекам амбулантно возило од Сингелиќ до Нова колонија,и дојдоа за ебени пола саат а се работеше за човек удрен од струја во трансформатор.Па јебем ли ви мајку ја за 10 минути со точак до Сингилич стигам они за пола саат со комбе.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Вечерва ми се случи да морам да повикам брза помош. Само што кренаа, не дочекав да го докажам вториот збор, ми рекоа "јавете се за 5 минути" и ми спуштија слушалка. Дали е ова очекувано однесување од нив или можам да ги пријавам?
Можеш и треба да ги пријавиш овде, само, за жал, не знам колку ќе изреагираат.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.785
Среќа мене не ми требала лично, ни имам викано повеќе пати за еден локален алкохоличар, живее кај мене во маало, и често го наоѓам на улица онесвестен.
За брзо, релативно брзо стигаат зошто случајот не е до толку ,,итен,,. Во просек 10 минути.

Меѓутоа, никогаш, ама никогаш нема да заборавам, јас стојам на улица и стопирам коли за да не го згазнат (прилично е потежок од мене, нема теорија да го подигнам јас, успеав само главата на тротоар да му ја потпрам, башка онесвестен човек не е едноставно да се премести), и слушам како Брза Помош кружи околу улиците ама никако мојава да ја погоди. Бидејќи сето ова се случуваше кај мене пред двор, земав светилка од дома и упорно светев накај нив секогаш кога ќе пројдеа покрај улицата.
На крај некако укапираа кај треба да возат и дојдоа, ама МОМЕНТОТ беше, на тротоар му пружија помош, инфузија, едно друго, го освестија, го застанаа на нозе, и ајде дома ќе го носат кај него.

Возачот ги отвора вратите позади..... и од таму испаѓа цело тркало, гума сосе бандаж :D Мислам, онака, во просторот кај што иначе болниот треба да лежи.

Не знаев како да изреагирам.
Само се понадевав дека ако ми затреба брза помош, ќе имам некој покрај мене да ме однесе пред да им се јави на нив.
 
B

black angel

Гостин
Ради таа способна Брза Помош ја го изгубив татко ми!
Имаше тешка сообраќајка , и на луѓево им требало дури 1 саат и 30 мин да стигнат до локацијата кај што се наоѓал , а тој со пре тешки повреди .... ај некако го однеле во болница ,е сега кога требаше да го пренесат во Скопје , луѓето земале боца со кислород , на којашто цевката била поголема од таа на маската на устата што стоела , немале друга да сменат! Им починал по пат на 10 мин од Клинички .... браво за нив ! Неспособни
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152

Искрено сочуство за твојот татко...здраството ни е такво какво што е!
 
Ако било нивна кривица сте можеле да ги тужите.
 
B

black angel

Гостин
Ако било нивна кривица сте можеле да ги тужите.
Тоа е што е , додека се свестивме од шокот , помина време , и ништо не можеше ни да се докаже

Искрено сочуство за твојот татко...здраството ни е такво какво што е!
Благодарам
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Многу ми е тешко на оваа тема да се потсеќам...ама никогаш нема да го заборавам одговорот од таа страна на линијата на моето молење побрзо да дојдат мајка ми умира..тој ми рече, да не сакам во болница да умре...страшно!
 
Ма стока све !!! говедо говедосано , тркалото се врти , на него ќе му се врати !!
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Многу ми е тешко на оваа тема да се потсеќам...ама никогаш нема да го заборавам одговорот од таа страна на линијата на моето молење побрзо да дојдат мајка ми умира..тој ми рече, да не сакам во болница да умре...страшно!
Да бе јас затвор ќе го лежев, најискрено. Па после на телевизија нека кажуваат зошто сум го убила.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom