Фрлањето на крстот не е христијански

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.846
Поени од реакции
23.247
Фрлањето на крстот е преземено од грчките обичаи, исто како што презедовме и некои други обичаи што воопшто не ни се својствени, како што се палењето бадник или колењето курбан, вели Таковски

Нововоспоставената традиција фрлање на светиот крст во вода на празникот Богојавление воопшто не е во согласност со христијанските традиции и не треба да се прави, вели теологот Јован Таковски, професор по догматика на Богословскиот факултет на МПЦ „Свети Климент Охридски“.

Зошто сметате дека ова е спротивно на христијанските канони?

- Овој обичај не е христијански, не е православен. Тој е преземен од грчките обичаи, исто како што презедовме и некои други обичаи што воопшто не ни се својствени, како што се палењето бадник или колењето курбан. Ваков обичај се појави во Грција кон крајот на 19 век, во периодот кога Грчката православна црква беше во најголема духовна криза. Оттаму се прошири и кај нас. Имаше обид да се прошири и во Русија, но таму го спречија. Тој воопшто не се практикува во најголемиот дел од православните земји. Се прави само во Грција, кај нас и во поново време во Србија, но пак под грчко влијание. Во другите православни земји се прославува така како што треба, само со светење вода. На Света Гора, на пример, монасите само го спуштат крстот во водата за да ја осветат и ништо повеќе.

Во моите проучување на свети Климент Охридски, на пример, никаде не сум нашол дека Богојавление се одбележува со фрлање на крстот. Тој ги повикува верниците да се причестат, да земат света вода, да ја однесат во домовите, но никогаш не му се случило да го фрли крстот во водите на Охридско Езеро. Она што се прави по нашите цркви како празнична служба е во ред, с` до моментот кога се фрла крстот. Значи ли ова дека оние верници што во близина немаат реки и езера, не можат да го прослават празникот како што треба?

Дали на ова ги предупредивте владиците од Светиот синод на МПЦ?

- На тоа им укажував во повеќе наврати, но одговорот секогаш беше ист: како на народот да му се објасни дека ваквата традиција воопшто не треба да се прави. Ми рекоа, гледаш колку народ се собира на бреговите на реките. Оттогаш, не е ништо сменето и празнувањето оди по старо.

Имате ли чувство дека ова прослава на извесен начин се комерцијализира, дека се делат подароци, поради кои се случуваат и тепачки меѓу верниците?

- Да. Факт е дека чинот на фрлањето на светот крст во водите е искомерцијализиран. Со тоа добива димензии што ја надминуваат суштината на празникот. Се добива впечаток како добивањето фрижидер или шпорет да е најголем мотив за фаќањето на крстот. Ја слушнав изјавата на едно момче што го фати крстот и рече дека е добар „христијанин“. Замислете, не знае ни зборот христијанин правилно да го искаже. Има многу трагикомични ситуации при ваквото празнување. Едноставно, не можам да го одобрам тоа. Затоа и никогаш досега не сум отишол на Камениот мост во Скопје да го гледам фрлањето.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=1AFEEB9EE696EF47B6FD3505FFF401F5
 
Пагански обичаи се. Има милион други, голема работа.
 
Имат логика муабетов и жално е на таков свет ден луѓето да се тепаат за телевизор или двд. Зато јас секоја година се капам на страна од главна церемонија.
 
Всушност и крстот е воведен како симбол на христијанството подоцна едно 2-300 години после смрта на Исус и не е дел од учењет апостолите ама...Мој совет не барај некоја логика и доследност кај црквата не им е јака страна тоа...моли се и ќити.
 
Во другите православни земји се прославува така како што треба, само со светење вода. На Света Гора, на пример, монасите само го спуштат крстот во водата за да ја осветат и ништо повеќе.

Ниту осветувањето на водата не е христијанска работа. Ниту Исус, ниту апостолите, ниту првите христијани не осветувале вода, не продавале свети водички и сл. Не осветувале ниту икони (икони не постоеле во времето на Исус и апостолите и првите векови на христијанството), не осветувале ни крстови, ни куќи, ни ништо. Едноставно мистицизмот на „осветувањето“ е пагански додаток. Со „чириба чирибу“ и „хокус покус“ не се станува свет. Ако беше така лесно сите ќе бевме свети. Ќе поминеа неколку хелихоптери и како што прскаат за комарци така нас ќе не попрскаа со „осветена вода“ и се светци ќе шетавме. Убаини невидени. Буквално невидени :)

Неодамна во Русија 228 луѓе се затруја пиејќи од „осветена вода“, а директорката на црковното училиште изјавила:
„”Верувам дека осветена вода не би можело да предизвика такво нешто. Станува збор за лаги изречени против нашата црква која е многу популарна. Некој сака луѓето да почнат да се сомневаат“
http://on.net.mk/zhivot/religija/krsten-otrov

ц ц ц наместо јавно да се извини и да се покае што заради нивното криво верување 228 луѓе се затруле, она дури тврди дека се тоа било лага, демек луѓево намерно се труеле за да почнат другите луѓе да се сомневале у нејзината популарна црква :)
 
Цела христијанска религија не е христијанска по правило, али ајде.
 
и да се покае

Кажи ми Чорбаџи, како, според Тебе, би требало да изгледа покајанието од дотичната особа?...:)
--- надополнето: 2 април 2013 во 12:37 ---
Со „чириба чирибу“ и „хокус покус“

Забора‘и да напишиш и „абра кадабра„, ама нема везе, еве ја‘ Те надополнувам...:)
--- надополнето: 2 април 2013 во 12:38 ---
Цела христијанска религија не е христијанска по правило, али ајде.

Еве уш‘ е еден кој смета дека штотуку ја открил грешката во рисјанската вера...:sneaky:
 
сега се пости
али после едно две три недели, нема повеќе да постам

Еве ти заврши постот, па бујрум произнеси се, бидејќи и јас сметам дека фрлањето на крстот е чист паганизам и идолатрија. Еден од многуте застапени во твоето православие.
--- надополнето: 11 мај 2013 во 15:57 ---
Ниту осветувањето на водата не е христијанска работа. Ниту Исус, ниту апостолите, ниту првите христијани не осветувале вода, не продавале свети водички и сл. Не осветувале ниту икони (икони не постоеле во времето на Исус и апостолите и првите векови на христијанството), не осветувале ни крстови, ни куќи, ни ништо. Едноставно мистицизмот на „осветувањето“ е пагански додаток. Со „чириба чирибу“ и „хокус покус“ не се станува свет. Ако беше така лесно сите ќе бевме свети. Ќе поминеа неколку хелихоптери и како што прскаат за комарци така нас ќе не попрскаа со „осветена вода“ и се светци ќе шетавме. Убаини невидени. Буквално невидени :)

Неодамна во Русија 228 луѓе се затруја пиејќи од „осветена вода“, а директорката на црковното училиште изјавила:
„”Верувам дека осветена вода не би можело да предизвика такво нешто. Станува збор за лаги изречени против нашата црква која е многу популарна. Некој сака луѓето да почнат да се сомневаат“
http://on.net.mk/zhivot/religija/krsten-otrov

ц ц ц наместо јавно да се извини и да се покае што заради нивното криво верување 228 луѓе се затруле, она дури тврди дека се тоа било лага, демек луѓево намерно се труеле за да почнат другите луѓе да се сомневале у нејзината популарна црква :)

:pos::pos::pos:
 
Еве ти заврши постот, па бујрум произнеси се, бидејќи и јас сметам дека фрлањето на крстот е чист паганизам и идолатрија. Еден од многуте застапени во твоето православие.
--- надополнето: 11 мај 2013 во 15:57 ---

:pos::pos::pos:
А фрлањето камења по големиот бетонски блок кој го "глуми" сатаната? Или бакнувањето на црниот-метеорски камен во Мека?!? Тоа не е идолатрија? Или тоа е можеби бетоно-метеорска латрија,хахаха,поздрав! :0p
 
Добар обид, но лоша споредба.:) Фрлањето крст нема никаква подлога во христијанството, не е пракса на Исус и апостолите, туку воведена новотарија ,испреплетена со и те каква идолатрија. Додека фрлањето камчиња ( симболично) на шејтанот, како и бакнувањето на црниот камен во Мека, има подлога во Исламот, и е препорака (Суннет) од нашиот Пратеник Мухаммед а.с. Тука нема никаква идолатрија, никаква нивна светост, никакво клањање, итн., за кое подетално можеш да добиеш одговор на соодветна тема или во темата прашања за Исламот!

Поздрав и до тебе
 
Добар обид, но лоша споредба.:) Додека фрлањето камчиња ( симболично) на шејтанот, како и бакнувањето на црниот камен во Мека, има подлога во Исламот, и е препорака (Суннет) од нашиот Пратеник Мухаммед а.с.
Поздрав и до тебе
-Види Омер,замисли си ситуација,имаш голема група на луѓе,тие се движат кон одредена цел,земаат камења,ги маваат кон бетонски блок(шејтанот),тогаш тоа е ако не чиста,тогаш блага идолатрија а колку што знам и таа е забранета во Исламот,какви инструкции од пратеникот,какви бакрачи!
-Значи нешто материјално(бетонски блок),глуми нешто спиритуално(шејтанот,носителот на Светлината),мислам дека сега разбра на што мислам,и да надополнам,само дискутираме,не сакам никого да навредам,поздрав! :)
 
Замислив. За да не одам оф топик еве линк на кој го имам обработано ова што го спомнуваш: http://forum.kajgana.com/threads/Што-е-ислам.27981/
 
Карпата била таму бред Исламот да се појави и била користена од тогашните луѓе што живееле таму....кои наравно не биле ни евреи ни христијани. Била пагански (не дека ми се свиѓа овој збор ама ајде) објект што Мухамед ја претворил во исламски за да се искорени се тоа.
 
Е ако де. Впрочем сите Пратеници кои го проповедале монотеизмот, истовремено вршеле и корекција на политеистичките дејности на своите сограѓани.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom