Фан клуб - РК Металург

МЕТАЛУРГ ГИ ОДРЕДИ ЦЕНИТЕ НА СВОИТЕ ВЛЕЗНИЦИ ЗА ЧЕТВРТ-ФИНАЛНИОТ НАТПРЕВАР СО КИЕЛЦЕ

01.04.2013 21:04
883128_573969572614237_693711259_o-610x457.jpg
На својата седница во проширен состав, УО на Металург донесе одлука продажбата на влезниците за четврт-финалниот натпревар против екипата на Киелце да започне в сабота, 13 април, во 12 часот, на сите продажни места на “КУПИ КАРТА ЗА СЕ“, во Скопје и низ Републиката.
Почитувајки го даденото ветување, имателите на сезонските карти и овојпат ќе имаат привилегирана можност да набават влезници за местата што ги поседуваа во текот на сезоната. Како доказ, треба да ја приложат влезницата од осминафиналниот натпревар против екипата на Динамо Минск. Да потсетиме, сезонските билети беа издавани за следните блокови: М1, М2, М3, М12, М13 и М14. Рокот за промена на влезниците е од понеделник (8 април), во 12 часот, до четврток, 11 април, во 24 часот.
Металург ги утврди и цените за средбата против Киелце. Земајки ги предвид значењето на настанот (четврт-финале во Лига на шампионите), но и економската ситуација во земјата, утврдени се следните цени:
Б7, Б8 и Б9 – 250 ден.
Б2, Б3, Б4, Б5, Б6, Б10, Б11, Б12, Б14 ИБ15 – 400 ден.
М7, М8, М9 и М16 – 400 ден.
М1, М4, М12 и М15 – 600 ден.
М2, М3, М13 и М14 – 600 ден.
 
Скапи се картиве, претерале. Не верувам да ја наполнат салата со карти по 600 денари.
 
Четврт-финале е,мора малку поскапо.Не играат со Извиѓач.Ова е последниот натпревар на домашен терен во овогодинешната лига на шампионите,така да цените се реални.
 
Четврт-финале е,мора малку поскапо.Не играат со Извиѓач.Ова е последниот натпревар на домашен терен во овогодинешната лига на шампионите,така да цените се реални.

нормално дека се да има да најдеме инфо за другите 1/4 дуели цените на билети се сигурно неколку пати поголеми
 
Скапи се картиве, претерале. Не верувам да ја наполнат салата со карти по 600 денари.

Pa samo 100 denari se poskapi od minatiot natprevar.Ako nekoj mozel da odvoi 500 denari za 1/8 finalniot mec,suguren sum deka nema da mu bidat problem uste 100 denari za 1/4 finale.Salata ke se rasprodade,i toa spored mene mnogu brzo.
 
Што е реално тука...600 денари...пред некој ден сите плукавне по ФФМ за истата цена...и сега била реална.Фијаско со публика.Наместо да ги привлечат сите жестоки навивачи,они со овие цени само не бркаат од салата.Не дека нема да биде полна салата,ама сигурно нема да биде полна со продадени влезници...се има големи фамилии :) ,ќе им дадат по две надувани стапчиња и со нивно удирање ќе створат таква атмосфера што играчите на Киелце нема да знаат кај се.
Се надевам дека грешам ама Почнувам да го жалам Металург.
 
Јас пак почнувам да ја жалам твојата интелегенција.

Незнам што очекувате. 100-200 ден да бидат ? Последен натпревар воопшто оваа година играат на домашен терен итоа во 1/4 Л.Ш.
Кога може за Цеца или Аца Лукас да фрлате по 800 ден. ова за Металург е ништо.
 
Абе остај кретените од ФФМ,неможеш да споредуваш натпревар од квалификации со 1/4 финале.Неспоредливо е.Картите за Металург од групната фаза беа од 100-200 денари.

Абе не дека мене ми е кејф да плаќам поскапа карта за Металург ама да бидеме искрени ова не е многу за 1/4 финален натпревар.Јас на минатиот платив карта од 300 денари,на истиот блок сега е 400.Факт е дека од сите 1/4 финални натпревари овој ќе биде најевтин.Но нели овде низок е стандардот.

Ако памтиш на европското ракомет жени во 2008 (кое се играше во МК) карта за натпреварите на почетокот беше од 200 - 500 денари за на крај финалето да биде од 100-150 евра.
 
Овие од 250 што се се само за позади гол така?
 
Јас пак почнувам да ја жалам твојата интелегенција.

Незнам што очекувате. 100-200 ден да бидат ? Последен натпревар воопшто оваа година играат на домашен терен итоа во 1/4 Л.Ш.
Кога може за Цеца или Аца Лукас да фрлате по 800 ден. ова за Металург е ништо.

Јас пак ја жалам ТВОЈАТА интелегенција.
Јас со мојата ќе си купам карта од 600 ден....можам и ќе си го дозволам тоа.
Ама многумина од тука(можеби и ти - без навреди и омаловажување) неможат тоа да си го дозволат и да сакаат.И затоа беше тој мој коментар сакале вие тоа да си го признаете или не.
Непобитен факт...за жал на сиот овој народ.
А за Цеца и ред таквите...можам ама не фрлам толку пари,за нив не вреди ниту да се оди на нивен т.н. концерт па макар и бесплатен бил.
 
Јас со мојата ќе си купам карта од 600 ден....можам и ќе си го дозволам тоа.
Ама многумина од тука(можеби и ти - без навреди и омаловажување) неможат тоа да си го дозволат и да сакаат.
Епа што кур на куров кењаш ? Ако можеш да си дозволиш карта зошто ти е потребата да прокењаш ?:
Јас дали можам да си дозволам и што можам да си дозволам тебе ич да не ти е гајле. Ако не можеш да си дозволиш ќе гледаш на ТВ,сигурно нема лошо да ти биде.
Цената е и повеќе од поволна за 1/4 во Лига на Шампиони. И не се само карти од 600 ден туку од 250 па нагоре. Само таквите луѓе како тебе и 50 ден да е карта ќе прокењаат,и нема ни да отидат,ама важно ќе се направат паметни.

Ги жалел тој Металург,сироти тие сега ќе се расформираат зошто некој небитен лик почнал да ги жали. :tapp:
 
250 денари се картите за само три блокови позади голот. Прилично скапи, посебно со оглед на тоа дека минатата година во фазата на групи картите беа по 60 денари. Јбг, ќе одам да си ја гледам Македонија против Шпанија за 100-ка.
 
Епа што кур на куров кењаш ? Ако можеш да си дозволиш карта зошто ти е потребата да прокењаш ?:
Јас дали можам да си дозволам и што можам да си дозволам тебе ич да не ти е гајле. Ако не можеш да си дозволиш ќе гледаш на ТВ,сигурно нема лошо да ти биде.
Цената е и повеќе од поволна за 1/4 во Лига на Шампиони. И не се само карти од 600 ден туку од 250 па нагоре. Само таквите луѓе како тебе и 50 ден да е карта ќе прокењаат,и нема ни да отидат,ама важно ќе се направат паметни.

Ги жалел тој Металург,сироти тие сега ќе се расформираат зошто некој небитен лик почнал да ги жали. :tapp:
Па не прокењав само јас,повеќето констатираа дека картата за нашите услови е скапа...и што ако е 1/4 финале???утре ако некој наш фудбалски тим стигне до 1/4 финале на ЛШ (ДАЈ БОЖЕ)и карта ја стават 100 евра, ќе те прашам тебе дали вака ќе коментираш...или како и 90 посто од форумџииве тука тогаш ќе пцуеш и ќе јадеш гомна.Ама нашиов народ си е таков...никогаш немал свое јас,него како сончоглед...каде е сонцето на таа страна се врти.
А што се однесува до тоа кој каде бил на спортски натпревар,само посакај и ќе ти постирам карти и фотографии од сите натпревари на кој сум бил,ама немој тогаш устата да ти се затне од проќењатото.
ПС.Вулгарните зборови се искористени од твојот текст....без навреди.
 
Скапи се картите ама да бидеме реални за 1/4 финале во ЛШ таа е цената. Ние се навикнавме на троа поефтини карти за другиве спортови па некако нагло ни дојде али таа е цената.

Што спомна некој погоре во фудбал да влеземе 1/4 финале, па еве не мора 1/4 и 1/8 финале во ЛШ цените ќе бидат дупло/тродупло поскапи од овие цени.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom