Под копитата на сатаната

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Точно!
Јас се залагам секој да си ја гледа "бојата" што нему му е убава, и да не ги суди, казнува и ограничува оние кои сакаат друга "боја". Затоа зборот на Гревот е ограничувањето.
Оние што имаат конфликт со мене, се оние кои не се согласуваат со ова.;)
Одлично,ако се согласивме за убавото и имаме исто искуство,да погледнеме во неубавото.
Иако медаљонот е од исти материјал тој има две страни,како што и земјата има ден и ноќ и месечината своја светла и темна страна.
Загледај се во боја која ти боде очи,ти ствара револт,ти доаѓа да ја искинеш,да ја направиш парче и да ја снема од пред твоето лице.
Ќе се бориш против нејзе,ако треба цел живот и истото ќе го пренесеш и на идната генерација кој истата боја ќе ја сметаат за грда.

Ако предходно имавме заедничко искуство за тоа што е убаво,без притоа да наметнуваме од нашите бои,сега имаме спротивност,да се загледаш во бојата која ти прави револт и сакаш да ја искунеш,но токму таа боја на некому му била убава.Добиваш непријател.

Дали можеби е ова со болдираното проблемот.
Јас се залагам секој да си ја гледа "бојата" што нему му е убава
Не може сите да гледаат во убавото,некој сака да гледа во грдото.
И може токму тој како тебе да се залага сите други да си го гледаат своето грдо.

Каде е проблемот?:)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ако предходно имавме заедничко искуство за тоа што е убаво,без притоа да наметнуваме од нашите бои,сега имаме спротивност,да се загледаш во бојата која ти прави револт и сакаш да ја искунеш,но токму таа боја на некому му била убава.Добиваш непријател.
Ако некој е спремен да те убие затоа што ти сакаш зелена а тој сина, според тебе не треба да се превзема ништо за да не направиш непријател? Револтот е поради тоа, поради тенденцијата да се уништи различното, под изговор дека е погрешно, штетно, зло.....!
Воопшто не ми е проблем ако создадам непријател, доколку тој непријател се стреми да ја наметне својата морална, етичка, верска и културна идентификација како апсолутна и единствено прифатлива за сите луѓе, преку елиминирање и уништување на тоа што тој го смета за зло, без притоа да биде во можност да даде најобичен аргумент зошто е зло!
Дали можеби е ова со болдираното проблемот.

Не може сите да гледаат во убавото,некој сака да гледа во грдото.
И може токму тој како тебе да се залага сите други да си го гледаат своето грдо.

Каде е проблемот?:)
Оди на темата "Верски вести" ако досега не си сватил каде е проблемот.
Или сослушај некој од овој калибар, па кажи ми дека треба да го прифатам неговиот став затоа што сакал да "гледа во грдото", и дека нетреба да превземам ништо, затоа што така ќе создадам непријатели.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Ако некој е спремен да те убие затоа што ти сакаш зелена а тој сина, според тебе не треба да се превзема ништо за да не направиш непријател? Револтот е поради тоа, поради тенденцијата да се уништи различното, под изговор дека е погрешно, штетно, зло.....!
Воопшто не ми е проблем ако создадам непријател, доколку тој непријател се стреми да ја наметне својата морална, етичка, верска и културна идентификација како апсолутна и единствено прифатлива за сите луѓе, преку елиминирање и уништување на тоа што тој го смета за зло, без притоа да биде во можност да даде најобичен аргумент зошто е зло!
Да не се загледуваме во прстот, да се вратиме од оваа позиција.....
Па нормалноод позиција на набљудувач.

Ниту на убавото да гледаме,ниту на неубавото не заземајќи ниедна страна.
Тенденција на убавото и на грдото е да се шират,едното да го потисне другото при тоа секој човек завзема страна со цел да го рашири своето убаво,а да го уништи своето грдо,со што видовме дека различни поимови на убаво и грдо придонесува за меѓусебен сукоб.

Како за пример ќе го искористам јајцето што си го постирал во поуки.
Внатре во човекот треба да се случи промената,односно ширење на поимот убаво и поимот грдо до нивниот максимум со што ќе испукаат нивните граници и ќе се соединат во едно,каде веќе нема убаво и нема грдо туку тоа стана нешто ново кое предходно внатре не постоело,спремно да излезе во надворешниот свет.

Но,убавото и грдото користејќи од човековите карактеристиките на говорење,слушање и гледање,она што се случува во јајцето (таа борба) се изнесе надвор од јајцето.
Сега оние во кој сеуште има белка(убаво) и жолчка(грдо) ,се препознаваат со надворешниот свет исто како што имаат во себе и учествуваат во достигнување на нивните максимуми и така со генерации,мислејќи дека со тоа ќе го променат светот.;)
Односно се залагаат за љубов,но исто така учестуваат и во ширење на омраза.

Најголемата илузија што постои,а одговара на човековата природа што е внатре во него.

Оди на темата "Верски вести" ако досега не си сватил каде е проблемот.
Или сослушај некој од овој калибар, па кажи ми дека треба да го прифатам неговиот став затоа што сакал да "гледа во грдото", и дека нетреба да превземам ништо, затоа што така ќе создадам непријатели.
Ако си доволно цврст,нема да дозволиш надворешниот свет да те скрши,но доколку те скрши, повеќе нема назад.:(

п.с.затвори ги очите,ушите и устата.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ниту на убавото да гледаме,ниту на неубавото не заземајќи ниедна страна.

п.с.затвори ги очите,ушите и устата.
Ако треба да се затворат очите, ушите и устата што бараш ти на овој форум? Зошто ме цитираш? Зошто следиш што сум напишал? Зошто ми кажуваш што да правам?
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Ако треба да се затворат очите, ушите и устата што бараш ти на овој форум? Зошто ме цитираш? Зошто следиш што сум напишал? Зошто ми кажуваш што да правам?
Зошто од тебе може да се испили змија со крила која ќе се рани со други "јајца",затоа на тебе треба да "лежи" друга змија.
Нека не ти биде тоа тежина,
не се плаши нема да те скрши.;)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Зошто од тебе може да се испили змија со крила која ќе се рани со други "јајца",затоа на тебе треба да "лежи" друга змија.
Нели не треба да се завзема страна според тебе? Тогаш зошто констатации дека треба или не треба?
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Нели не треба да се завзема страна според тебе? Тогаш зошто констатации дека треба или не треба?
Твоето прашање сосема одговара на тоа,дали треба или не треба да постојат религии-(верување во духот).
Инаку под поимот змија се однесува на духот,кој е присутен во човекот и истот лежи над душата која има право на избор помеѓу своето сваќање за добро и лошо.

А дух како дух,нема националност,нема религија или група именувана,нема пол,нема добро и лошо,нема одраз во огледало.

Во нашиот разговор,ги бараме зачетоците во човекот зошто она кое требаше да биде внатрешно случување,стана надворешно, прикажувајќи ги сите негови прекрасни и убави работи кој може да ги доживее човек,но и од друга страна сите страдања и крвопролевања.

Дали човекот својот духовен развој сеуште не го завршил или откако го завршил отстапил од него,за да го доживее убавото и грдото?

Ако сметаш дека тоа што го пишувам се однесува само за тебе(како единка),а според прашањата што ги постави така и размислуваш,тогаш се загледуваш во прстот,наместо кон што тој покажува.;)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ако сметаш дека тоа што го пишувам се однесува само за тебе(како единка),а според прашањата што ги постави така и размислуваш,тогаш се загледуваш во прстот,наместо кон што тој покажува.;)
Ако се анализираат твоите постови, не е тешко да се види дека огромен процент се во врска со мене.
Дали директно, индиректно или метафорично ти своите ставови ги пласираш на форумов, а мене ми велиш дека требало да се затворат очите, ушите и устата и на тој начин да не се "завзема страна".
Затоа за да не ја уништиме и оваа тема со офтопик, ако имаш нешто да кажеш во врска со неа кажи, ако не своите гледишта и ставови пласирај ги во некоја соодветна тема.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Ако се анализираат твоите постови, не е тешко да се види дека огромен процент се во врска со мене.
Дали директно, индиректно или метафорично ти своите ставови ги пласираш на форумов, а мене ми велиш дека требало да се затворат очите, ушите и устата и на тој начин да не се "завзема страна".
Затоа за да не ја уништиме и оваа тема со офтопик, ако имаш нешто да кажеш во врска со неа кажи, ако не своите гледишта и ставови пласирај ги во некоја соодветна тема.
Да анализираат постови е многу лесно и за секој посебно тука на форумот може да се даде психолошки профил и истите да ги анализираме,но тогаш би следеле мото "Ipsissimus пред с'е" или "alf пред с'е".Без разлика на никот или на оној кој стои позади него,тука дебатираме за човештвото,а alf или Ipsissimus се небитни,тие само ја вршат својата виртуелна улога.
Само оној кој се соживеал со никот исто како што си го доживува своето име надвор од форумот,ќе дебатира и анализира за никови и имиња,наместо за сите заеднички нешта што ги засега сите,а тоа човештвото пред с'e.;)

Затоа,наместо да вперуваш показалец во онаја "боја" која постојано тебе ти боде очи,стави го истиот тој показалец на слепоочница и убиј се.
Па после да продолжиме неутрално и непристрасно да дебатираме.:)
 
Форумот функционира со теми кој имаат одредена насока, ако не се почитува таа насока, темата се претвора во чат муабет, препукување и надмудрување.
Затоа кога ме цитираш, фокусирај се на темата, не на Ipsissimus, и ќе нема никаков проблем.
За се останато постојат приватните пораки.
 
DoctorMarno

Перач на мозоци
Член од
30 март 2013
Мислења
10
Поени од реакции
7
Пријател
Гледам дека си добро пријателче со Господ, па ај прашај го место мене, зошто баба ми заболе и умре од рак? Нели му беше доста што жената веќе рак доби, па и прати и еден мозочен удар за да се мачи уште 6 месеци, инвалида со лева рака? Зарем таа му згреши што постеше, што ги почитуваше празниците, што одеше на црква, што не сакаше да наштети некому и што секому простуваше? Зарем ги казнуваш обичните луѓе, чист поради своја забава? Што е потребно, да го измачуваш човек за да ти заблагодарува за тоа? ДА те обожава? И да, зошто негов вработен (еден поп) ни тражеше 2000 денари за да и чита на пола година, и коа го прашав зошто го прави тоа, ми вика дека така сакал Господ. Не знаев дека Господ работи со денари. Прашај го дали зема евра, или фунти/.

Исто така, Библијата не би ја земал за најточен извор на информации, пошто претрпела неверојатни промени. Ја преведувале кој како знаел, како умеел, шо му се свигало ставал унатре, шо не бришел. Мижи да те лажам и опс имаме СВЕТ ТЕКСТ кој е еден и единствен и не смееш да се сомневаш во него.

Кој во што сака нека си верува. Никој нема право да тера други или да им кажува дека нивното верување е лошо, или да парадира наоколу и да сере на другите за што е права а шо погрешна религија.

Бог е само идеја. Идеја за тоа дека постои повисоко битие, кое нема форма, кое не гледа постојано (овоа за да ни текне у тиквите дека ни треба морал). Или поеднотавно, БОГ е енергија, која никогаш не се губи, туку само се предава од еден систем во друг.
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236

Попот не е Господ.
Господ Исус Христос не земаше пари кога ги исцелуваше луѓето.
ракот, болестите, страдањата не се од Бога.
Тие се од другиот од сатаната тој ги измачува луѓето.
И ги искушува како што и тебе сака да ти ја скрши вербата дека Господ постои и дека навистина не сака многу.
Библијата е веродостоен и свет Божји збор.
Едно е да си религиозен а друго е
да имаш верба, ако немаш верба, колку и да е човек религиозен нема фајде.
А и Божјата волја никој не ја знае.
Затоа имај верба, моли се барај од Господ се што ти треба.
Пишано е Кој бара тој добива.
Сакај повеќе, имај повеќе љубов во себе тоа барај го.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Попот не е Господ.
Господ Исус Христос не земаше пари кога ги исцелуваше луѓето.
ракот, болестите, страдањата не се од Бога.
Тие се од другиот од сатаната тој ги измачува луѓето.
И ги искушува како што и тебе сака да ти ја скрши вербата дека Господ постои и дека навистина не сака многу.
Зошто бог го создал лукавиот? Како може да биде сезнаен а да не предвиди што ќе настане од еден од неговите архангели? И ако предвидел, како може да биде семоќен ако не го спречил неговото настанување?
 
DoctorMarno

Перач на мозоци
Член од
30 март 2013
Мислења
10
Поени од реакции
7
Абе баравме, ама ко обично, добивме ташак.
А кој тогаш, го создал Сатаната?
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Јас ножот го користам за да сечам леб.

Некој друг може да избери да убива со него изборот е негов.
Соодветно сатаната го направил својот избор да коле и убива.

Зарем мислите дека се што живее нема избор.
Секое битие има право на избор.
А Господ е жив разберете.
И се што е живо живее преку правење избори ангели, демони,
луѓе. Нема статика во живеењето.
Само Господ е ист вчера, денес и секогаш.

Ако некој ножот не го користи за да сече леб,
но убива со него Господ ли е крив?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom