Дај боже да има трета светска,али ја неаме ние таа среќа,ќе мора да практицираме соживот со брачава до 101-на и назад.
Да не негуваш надеж дека ние, Македонците, би победиле во Трета Светска Војна ?
Единствената причина зошто Македонците извојувале победа и слободна држава во Втората Светска Војна, е бидејќи сите народи на Балканот имале заеднички непријатели против кои се бореле - Фашистичка Италија и Нацистичка Германија. За балканските народи, Втората Светска Војна била војна за слобода, а не за територии, како што бил тоа случајот со Првата Светска Војна.
Трета Светска Војна би била војна меѓу другото и за територии, но основната цел на Трета Светска Војна би била создавање економска и воена зависност од таканаречените сојузници, кои без никакво двоумење ќе ги финансираат и ќе ги вооружуваат сите завојувани страни, бидејќи на крајот, обичниот човек ќе го крка стапот со долгови за плаќање и со поствоена обнова, без разлика која завојувана страна ќе извојува победа во војната.
Ние Македонците веќе покажавме и докажавме на дело во 2001 година колку сме заинтересирани за одбрана на татковината, знаеме каде се собираат Македонците како наезда глувци - на стадиони и на спортски игралишта, а не на воена мобилизација. Веење знамиња, пеење народни песни, удирање во гради, глумење патриотизам, а кога беше вистинското време за да се покаже и докаже патриотизмот на дело, Македонците одеднаш станаа студенти или вработени во странство, или се соочуваа со здравствена состојба која им забранува мобилизација или изнаоѓаа било какви други оправданија за да ја избегнат мобилизацијата.
Не заборавај дека во Втората Светска Војна, Македонија не ја ослободила кралската војска на кралството Југославија, туку ја ослободиле партизанските одреди. Од оправдана причина Македонците одлучиле дека кралството Југославија не ја заслужува нивната жртва - Кој(а) будала би ги бранел(а) тие кои го/ја тероризираат, дискриминираат, понижуваат и омаловажуваат поради тоа кој(а) е и што е по националност ?
Кристално истото важи и за Трета Светска Војна.
Македонците денес имаат сопствена држава во која македонскиот јазик, барем засега, сеуште е прв и единствен службен јазик, што не значи дека ќе остане така, земајќи ги во предвид барањата, интересите и расположението на нашите рамковни побратимци. Но и во други држави во странство има општини во кои македонскиот јазик е службен јазик, како на пример во Србија, а во тие српски општини во кои македонскиот јазик е службен јазик Македонците сигурно уживаат поголема почит и поголеми права отколку што уживаат во западна Македонија.
Фактот дека во Република Македонија македонскиот јазик е прв и единствен службен јазик, не значи дека Република Македонија е држава која ги брани правата и интересите на сите Македонци кои живеат на нејзината територија, претпоставувам дека Македонците од западна Македонија би се согласиле со ова. Од тука се поставува прашањето:
Зошто Македонците од западна Македонија би гинеле за држава која не ги брани нивните права и интереси ?
Следејќи го примерот на Македонците од западна Македонија, и Македонците од источна Македонија, особено оние кои се гордеат со бугарските пасоши кои Бугарија без никакво двоумење им ги издава, можат да одлучат дека бесмислено е да гинат за држава која и онака не ги брани интересите на Македонците од западна Македонија, па можеби Бугарија ќе ги брани повеќе интересите на Македонците од источна Македонија, отколку Република Македонија, поради што и Македонците од источна Македонија би одлучиле дека Република Македонија не ја заслужува нивната жртва.
Тоа што сакам да го потенцирам е фактот дека, земајќи ги во предвид сегашните околности, започнување на Трета Светска Војна во блиска иднина би значело почеток на нова братоубиствена војна помеѓу Македонците, исто како што и Првата Светска Војна била братоубиствена војна - едни гинеле за Бугарија, други за Србија, трети за Грција.
Во Трета Светска Војна, едни Македонци би гинеле за таа држава која би се залагала за полноправно членство во НАТО и ЕУ, други би гинеле за Санстефанска Бугарија, трети би гинеле за Обединета Македонија, па можеби некои дури и би гинеле за враќање на социјализмот, бидејќи нели убаво беше во тој систем, немаше невработени, како и ред други каузи за кои Македонците би биле доволно наивни и глупави да гинат, наместо да гинат за една држава, една Македонија на Македонците и на никој друг, такви Македонци кои навистина би биле подготвени да гинат за таква држава, за една Македонија на Македонците и на никој друг, ги има малкумина, речиси се изумрени како диносаурусите.