F
FARANG
Гостин
Мислам дека не се разбираме, незнам дали си ги читала сите постови овде. Значи НИКОЈ не вика ти да збориш скопски. Збори литературно или ако сакаш скопски тоа си е до тебе. Ова е ако живееш веќе во Скопје. Ако јас живеам во Кочани, Кавадарци итн итн, првобитно би зборел литературно. Ако можам да го фатам дијалектот не гледам проблем да се пробам и да го зборам понатака. Не гледам што толку сте се фатиле за тоа дијалектите ваши ко крај света да е. Цел на секој разговор е да се разбереме без притоа да има забуни и напрегања мегу двете страни така? Ако прв пат те гледам во СК нормално е да претпоставам дека си скопјанка така, ваљда не носиш опинци... Затоа скопски во СК си е НОРМАЛНО, исто ко и кочански во Кочани. Нема тука нешто спорно. Она што мене ми преставува проблем е ако во СК некој упорно ми збори на дијалект место литературно. Значи НЕМОРА скопски ама нека биде нешто разбирливо. Не сум јас должен да учам кочански, струмички, прилепски и 50 други дијалекти само ради тоа што сите сте дошле во Скопје. Во тек на еден дек неможам и не сакам да се адаптирам на 50 дијалекти. Глупо е и не е фер да очекувате тоа од нас. Никој не ти забранува да дојдеш, да живееш да учиш. Сигурно си имала помош од скопјани така да не сме некој катиљ луге. Тоа што вие неќете да се приспособите кон нас нормално е да прави одбивност. Втора работа реков сите немаме исто разбирање на јазикот. Познавам куп луге во АУС на пример македонци по потекло што Мак им е втор јазик. Јас денес да не е форумот македонски би зборел/пишувал многу многу малку. 2-3 месеци годишно кога сум во СК и тоа е се. За мене МКД е СК пошто сите ми се таму. Надвор од СК одам само да го гледам Вардар. Значи кај тебе во кочани последен пат сум бил пред 20 години кога Осогово играше во прва лига, хмммм, бев уште еднаш пред 3 год во една фирма печатница да земам некој работи и тоа е се. Нит знам што дијалект имате нит ви ги знам некој леви зборови кој може ги имате и користите. Што сум сега јас крив за ова? На крај крајева ти си дошла во СК не јас кај тебе. Ти треба да се адаптираш толку ли е тешко тоа да го сватите? Сте се фатиле ко слепец за стап ко да мене ми прави разлика од кај си... Абе биди си горда кочанчанка тоа е во ред. Супер е. Никој не ти го крати тоа. Во СК имаш луге од секаде незнам некој да имал проблем со тоа што бил од друго место а зборел нормално. Тоа ти што го кажуваш и како гледаш на цела ситуација е баш малограѓански. Може врегам ама тоа е тоа. Темата е таа. Има ваква иста, оваа е креирана ко противтежа како вие од провинција го гледате СК. Слободно пишувајте си таму на ваши дијалекти и дискутирајте како ние не чиниме. Овде вие сте на тапет.1 болд- Да,ке зборувам на тој дијалект кај што мислам дека е потребно...Барем ке се обидам,ништо не губам.
2.Значи велиш дека ке зборуваш кога ке сакаш/кога ке треба а претходно споменуваш дека некои дијалекти не ти лежаат тебе...Сега по што да се водам?Тогаш истото мислење го делам...Ке зборувам кога сакам.И пак ке повторам,во Универзитет.А не со тебе.А ако сакам сега ке зборувам и на мој дијалект ама не сакам да се карам,не ми е тоа поентата...Бараш од "ропаците" да зборуваат на твој дијалект а не сакаш ти на нивниот или не ти лежаат како што велиш.Ајде во ред,ако одам Скопје да живеам ке зборувам Скопски ако тоа ке те направи срекен но сакам и ти доколку отидеш во друг град да зборуваш на нивни дијалект,можит?
3:Кумановски Прилепски Скопски Охридски,секој ден слушам секакви дијалекти и ни малку не ми пречаат...Зошто јас сакам да ги научам,ме интересираат.
Верувај дека сум слушала но да мрчам како што мрчиш ти како не ти чинело едноставно не доага во предвид.
Не сакам бре...
4:Aко ти бараш и јас ке барам...Секој бара нешто али јбг не можеш на сите да оствариш желбите...Во ред,ако некогаш имам потреба ке се потрудам да ти ја остварам желбата ама не ветувам ништо..
Само не ми се смеј доколку го помешам дијалектот..Ветуваш?
5:Да не мешаме Швицарци,Германци и тракатанци...Ова е Македонија...И како бе,како може да е твој град?Го напраил некој твој близок роднина?Скопје припага на сите а е твое родно место...Повторувам не е само твој град...И прости ми,во која категорија спагаш ти во која категорија спагам јас...
6:И повторно навредуваш...Не мене ама останатите...Велиш,не сакаш да те в регаат а упорно упатуваш навреди...Ти сметаат тие ропаци?Причина?Дијалектот?Не го слушај,лично тие?Не се мешај со нив...О,совршенство прости ми,дозволи да се поклонам пред вас
И за крај.
Да,не постои закон за сета оваа дискусија која ја водиме...
Јас ако решам ке зборам,ако не сакам нема со сила да ме натераш ни мене ни останатите...
И што сакаш мисли,јас не забранувам...Секој со свое мислење,сепак на крај јас не се замарам со тие што мислаат за мене...
Знаеш не можаат сите да имаат убаво мислење додека не го запознаеш..И не може секој да ме сака нели?
Поздрав..
Друга работа јас никаде не сум забранил на некој како да се однесува или да збори. Слободно како мислите терајте. Остајте не и ние да си тераме и мислиме како сакаме.
Пак сте се запнале чиво е Скопје. Скопје е на СКОПЈАНИ. Ние што сме родени и ние што живееме таму, наше е пред се. Ако живееш во СК и твое е. Другите се туристи, минувачи. За нив нема проблем нека зборат како сакаат не очекувам да се адаптира ако е 2-3 дена таму. Во такви ситуации нормално е ние да се адаптираме да му угодиме на него. Тоа е бон тон бе луѓе. Нормално.
Како бе да не мешам странци. Па нели сакаме европа? Од каде сакаш примери да ти дадам за однос? Од Кочани? Сакате вие што не сте ни од Скопје да ги пишувате правилата? Извини ама за нас странските градови се предизвик од таму сакаме да учиме и зимаме примери. Сега дека не ви оди во прилог кој ги врти странските примери ајде ова е Македонија а? Тоа на некој друг да му кажуваш.
Не сум рекол да не ме врегаат. Кој сака што сака нека збори. Ич не ми е гајле што мислите. Јас ви кажав што мислам без пардон. Преку глава ми е само да толерираме глупости а вие да плукате по нас и Скопје. Ако не ви чини мрш назад од кај што сте дошле. Нема да ни фалите.
--- надополнето: 28 март 2013 во 18:06 ---
за мене и после 2 не е нормално. за 6 месеци се учи англиски од корен бе. неможе некој да ми каже дека тешко му е да не збори литературно. тоа е веќе инат. сељачизам.после долго читање на сите “скопјаниШта“ и “провинцијалци“ имам едно прашање за сите вас
дали е нормално некој кој живее во некој град 4+ години (не е важно кој град) да си тера на дијалект или јазик (безразлика дали го разбираме)???
би сакал да се образложи тој став