macgowan гледам дека си доста информиран па неколку прашања за тебе
Летово сакам да одам Лефкада, меѓутоа тајмингот сакал нејќел изгледа ќе ми биде околу шпицот (25 јули - 05 август).
1. Каде е најдобро да се сместам, во кој дел? Не сакам премногу забава сакам блиску до убави плажи само да не биде уџум негде да нема никој. Средина некоја.
2. Дали можеш да го прошеташ островот/плажите со скутер т.е. колку е паметно да изнајмиш скутер наместо кола. Дали има вистина во оние гласини дека намерно ги удираат изнајмените коли? Дали имаш лично искуство со ова? И колку чини изнајмување кола?
3. Дали се преполни сите плажи кога е шпиц на сезоната или има некои онака подалеку што не се толку посетени.
4. Што да не пропуштам додека сум таму?
Колку можеш од ова одговори, јас у секој случај ќе пребарам сам на нет ама сакам и мислење "од прва рака"
Ако има и некој друг што бил, би бил благодарен за секој хинт.