Сега читам неколку страни наназад, па имам едно прашање до комитите. Ако се сеќаваат на повратната утакмица со германците во ЕХФ за сезоната шо ја спомнав пред малку, да ми кажат во колкав број беа, каква атмосфера направија и во која минута од натпреварот ја напуштија салата. Можеби беше тоа затоа што изгубивте со 10 тина разлика на гости па некако немавте мотив за навивање ? Секој тим има навивачи додека има резултати и има за што да се радуваат, кога резултатите ќе изостанат секогаш се наоѓа нешто поинтересно што можите да го правите наместо навивање за тим во втора лига на пример. Далеку од тоа дека не ги почитувам комитите само имаше некои коментари поназад за кои сметам дека не сте во право.Извинете за офтопик.
Истото што јас им го зборам али ај иди разбери се со нив. Во фудбал сите навиваат за познати докажани клубови како Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Милан итн. зашто никој не навива за Реџина на пример?

