СЕХА - ГСС лига

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Вале играше во Данска али срцето го остави во Кометал така да исто ко да играше. :)
 
Може што сакате да зборите, ама Кометал ЃП беше и сеуште е недостижно име за сите ракометни екипи во машка и женска конкуренција.
 
Знаев дека ќе киксира кај Вале :) .

да не идам многу оф топик:
Фајнал четрито кога ќе се игра ??
 
КРСТЕВСКИ: МОЈСОВСКИ Е МОЈОТ ИДОЛ

18.03.2013 22:57
goran-krstevski_resize.jpg
Преземено од “Нова Македонија“
Пред седум месеци од редовите на Младост од Ресен, во тимот на Металург јуниор пристигна централниот бек Горан Крстевски, роден на 29 март 1996 година во Ресен, каде што на деветгодишна возраст, по иницијатива на својот татко, почнал да тренира ракомет.
Во ракометната школа на РК Младост работел под тренерската палка на Сандре Темелковски.
Единствениот спортист во семејството Крстевски, во школата на Темелковски, тренирал седум години, каде што ги стекнал сите предзнаења за ракометот. Со РК Младост, Горан настапувал во младинската и првата ракометна лига, каде што истакнувајќи се со добрата игра, бил забележан од управата на Металург, која веднаш го побарала да премине во нивните редови. Со доаѓањето во Металург јуниор, Крстевски го доби за тренер Александар Јовиќ.
Од гимназијата „Цар Самоил“ во Ресен, каде што учеше две години, се префрлил во средното фискултурно училиште „Методи Митевски-Брицо“ во Скопје, каде што продолжил во трета година, а го искусил и животот со цимери, далеку од своето семејство. Неговиот талент и игра се забележани и од селекторите на пионерската и на кадетската репрезентација на Македонија, за кои настапи 20 пати.
Вљубеник е во сите спортови, а покрај ракометот ја издвои кошарката како спорт што би го исполнил. Горан со својата ефикасност во нападот е втор стрелец во Металург јуниор, со 58 гола на 13 натпревари. Крстевски во Металург ја гледа својата иднина како стандарден првотимец, а се восхитува на играта на Наумче Мојсовски.
- Наумче е мојот идол, сакам да го наследам на централната, организаторска позиција. Од странците ја обожавам играта на чешкиот топчија Филип Јиха. Прво би сакал да станам стандарден првотимец во Металург и во македонската репрезентација, а потоа би сакал да стигнам и во редовите на ракометниот гигант Кил – рече Горан.
 
Натпреварот од 17. коло на СЕХА-лигата, мегу екипите на Металург и Вардар ПРО е презакажан. Предлогот дојде од новото раководство на РФМ и новиот селектор Обрван, а целта на поместувањето на терминот е да се обезбеди дополнително време за подготовките на нашата национална селекција пред натпреварите со репрезентацијаа на Шпанија. Металург го прифати предлогот и одреди нов термин за средбата со Вардар ПРО. Овој натпревар ќе се одигра на 27 март, во 18 часот, во салата “Автокоманда“.
 
СЕХА: Татран не се предава, на -4 од Вардар ПРО






Словачкиот претставник Татран Прешов во нов натпревар од СЕХА регионалната лига, го совлада на гости босанскиот состав на Борац со резултат 36:30. На полувремето Словаците имаа плус пет разлика (13:18).
Први стрелци во победничкиот тим беа Радослав Антл со 11 и Доминик Крок со пет погодоци, додека на спротивната страна, Игор Раџеновиќ имаше седум, додека Мирко Микиќ шест постигнати гола.
На тој начин, со вкупно деветтата победа во лигата, Татран сега е петтопласиран со 29 бода, четири помалку од македонската екипа на Вардар ПРО.
Да потсетиме, на “црвено-црните“ им недостасуваат уште два бода во последните два меча од СЕХА против Ловќен и Металург за обезбедување пласман на Фајнл фор турнирот од ова натпреварување.
Словаците можат тој примат да го преземат со два порази на Вардар ПРО, а притоа дома да ги добијат дуелите против Извиѓач и Нексе.
СЕХА лига
Борац-Татран Прешов 30:36
Табела: Мешков Брест 37 бода, Металург 36, Загреб 35, Вардар ПРО 33, Татран Прешов 29, Ловќен 29, Нексе 25, Борац 10, Извиѓач 9, Слога 3.
Наредни натпревари: Вардар ПРО-Ловќен (18:00 ч., 22.03), Слога-Борац (18:00 ч., 23.03), Загреб-Мешков Брест (23.03, 18:00 ч.), Татран Прешов-Нексе (26.03, 26.03), Металург-Вардар ПРО (27.03, 17:45 ч.).
 
Вардар про со маестрална победа над Ловќен го завери настапот на СЕХА-завршницата
Ракометарите на Вардар про и официјално изборија пласман на завршниот турнир од регионалната СЕХА-лигата откако вечерва, во меч од 17. коло на домашен терен буквално го прегазија незгодниот тим на Ловќен (Црна Гора) со 38-29.
mkd-40417.jpg
Гостите од Цетиње во ниту еден момент од мечот не беа сериозен ривал со оглед на силниот старт на црвено-црните, кои уште од првиот момент на натпреварот му дадоа до знаење на противникот дека нема што да бара во СРЦ „Кале“. Црногорците се држеа се до 13 минута (6-6) по што „вардарци“ со серија 4-0 првпат сериозно се одлепија, предност која до крајот умешно ја одржаа.
Карачиќ со седум и Драгаш со пет гола беа најефикасни кај Вардар на чиј гол бриљираше голманот Даскаловски, кој имаше 16 одбрани против својот доскорешен тим. Ова беше 11. победа за црвено-црните во СЕХА-лигата, која им донесе делба на второто место со Металург со по 36 бода. Мешков Брест е првопласиран со 37 бодови, а Загреб има 35 бода. Мешков и Загреб играат утре, а во последниот меч македонските екипи ќе играат меѓу себе и тоа на 27 март во „Автокоманда“.
Фајналфор-турнирот од регионалното натпреварување ќе се одржи во скопската сала „Борис Трајковски“ и тоа на 13 и 14 март. http://www.mkd.mk/sport/rakomet/var...vkjen-go-zaveri-nastapot-na-seha-zavrshnicata
 
ВАРДАР-МЕТАЛУРГ во полуфинале на СЕХА лига, Загреб изгуби дома од Брест и со тоа сиги одбра нив како противник. Тактички мудро...
 
ВАРДАР-МЕТАЛУРГ во полуфинале на СЕХА лига, Загреб изгуби дома од Брест и со тоа сиги одбра нив како противник. Тактички мудро...
Штета :(, искрено се надевав дека ќе играме во финале али вака ќе немаме друг избор ќе мора да ве елиминираме во полуфинале. Оваа година Вардар тешко дека ќе освои некоја титула освен ако ептен има среќа па се му оди од рака во некој од клучните натпревари или пак судиите се вмешаат.....
 
Ај ако ништо друго барем ќе има македонска екипа во финале.

Реално и Вардар и Металург се подобри од Загреб и Брест така да мислам дека повторно македонска екипа ќе ја освои лигата само прашање е која.
 
Штета :(, искрено се надевав дека ќе играме во финале али вака ќе немаме друг избор ќе мора да ве елиминираме во полуфинале. Оваа година Вардар тешко дека ќе освои некоја титула освен ако ептен има среќа па се му оди од рака во некој од клучните натпревари или пак судиите се вмешаат.....

Тоа оти сте многу квалитетна екипа што последен пат кога се сретнавме изгуби? Така и лани беше па се виде. На неутрален терен без ваши судии ве јадеме сигурно. Ќе паднете на атмосфера ;)
 
Тоа оти сте многу квалитетна екипа што последен пат кога се сретнавме изгуби? Така и лани беше па се виде. На неутрален терен без ваши судии ве јадеме сигурно. Ќе паднете на атмосфера ;)
За квалитетот сите сега знаат туку.... нешо слабо паѓаме на "атмосфера" оваа година ;) али ај ќе видиме, во секој случај ќе биде забавно :)
 
За квалитетот сите сега знаат туку.... нешо слабо паѓаме на "атмосфера" оваа година ;) али ај ќе видиме, во секој случај ќе биде забавно :)

А кај сте играле со атмосфера против вас и сте тепале? Ќе видиш и самиот во сала атмсфера ти е +1 играч. Квалитет може имате ама и ние имаме наша математика не сте бог знае колку подобри. Ова е дерби све е можно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom