СЕХА - ГСС лига

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Сега читам неколку страни наназад, па имам едно прашање до комитите. Ако се сеќаваат на повратната утакмица со германците во ЕХФ за сезоната шо ја спомнав пред малку, да ми кажат во колкав број беа, каква атмосфера направија и во која минута од натпреварот ја напуштија салата. Можеби беше тоа затоа што изгубивте со 10 тина разлика на гости па некако немавте мотив за навивање ? Секој тим има навивачи додека има резултати и има за што да се радуваат, кога резултатите ќе изостанат секогаш се наоѓа нешто поинтересно што можите да го правите наместо навивање за тим во втора лига на пример. Далеку од тоа дека не ги почитувам комитите само имаше некои коментари поназад за кои сметам дека не сте во право.Извинете за офтопик.

Истото што јас им го зборам али ај иди разбери се со нив. Во фудбал сите навиваат за познати докажани клубови како Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Милан итн. зашто никој не навива за Реџина на пример?
 
Си гледал подолни англиски лиги?
 
Во живо или на Тв не! Се имам кладено на нив одамна. Зошто?

Па оти не е баш така ко што викаш. Се прати фудбал и во подлните лиги. Конкретно јас во англија ги пратам Bradford и Preston North End. Едните се во 4та лига, другите во 3та лига. Тоа се клубови побратими на ВАРДАР и ПРЕСТОН МАКЕДОНИА.
 
Секогаш има исклучоци посебно во англија, имаат они фанатични маалски навивачи но јас зборував генерално. Општо земено луѓето си пратат тимови со добри резултати и многу титули кои играат во врвни лиги значи "популарни" тимови.
 
Разликата е следната, и клуб во 1 ва и 3 та лига има навивачка група. Само тимов во прва има повеќе симпатизери од кои патем зема пари за влезници. Навивач му доаѓа нешто како професија, симпатизер му помага на клубот со самото тоа што плаќа влезница, а откако ќе влези можи и пуканки да јади, да се слика 2 пати и да си оди. Истото е и со Металург и Вардар, двата тима имаат навивачка група, но Металург има поголем број на симпатизери заради поголемите успеси и подобриот ракомет што го игра. Ако две три години не влези во ЛШ на трибините ќе си останат само жителите на Автокоманда. Тоа е тоа.
 
Тоа е до културата другар. И во германија е исто, и во јужна америка, низ азија па еве и во Австралија каде што секој си го прати својот тим макар по етничка основа. Исклучоци сме си ние на балканот. Твојот пример со Реџана е исто грешен таму има само опагање на интерес кај фановите, навивачите и се верни макар во која било лига. Тоа е тоа, за Металург сега има интерес утре ќе нема. За Вардар стално ќе има некогаш повеќе некогаш помалку ама ЌЕ ИМА. Металург треба едно 20 добри сезони да има за да изгради база фанови ко што има Вардар. Затоа и ребрендирањата и сите чуда сега. Работава е што кај нас никој не издржал толку а да не падне на крај. Најдолго издржа КК Работнички и гледај ги сега а пази они се бренд скоро 70 години.
--- надополнето: 26 март 2013 во 03:48 ---
Разликата е следната, и клуб во 1 ва и 3 та лига има навивачка група. Само тимов во прва има повеќе симпатизери од кои патем зема пари за влезници. Навивач му доаѓа нешто како професија, симпатизер му помага на клубот со самото тоа што плаќа влезница, а откако ќе влези можи и пуканки да јади, да се слика 2 пати и да си оди. Истото е и со Металург и Вардар, двата тима имаат навивачка група, но Металург има поголем број на симпатизери заради поголемите успеси и подобриот ракомет што го игра. Ако две три години не влези во ЛШ на трибините ќе си останат само жителите на Автокоманда. Тоа е тоа.

Грешка си и за тоа. Прво нема поголем бој на симпатизери него Вардар. Ќе видиш сега во СЕХА кога ќе играат меѓу себе. Второ дека прави било кој клуб во МКД пари од влезници и пуканки е смешно. Ако гледаме клубовите да се профитаблини ко на пример во Германија карта за ракомет треба да е 30-40е а не 200-500 денари. Да станеш европски шампион наградата мислам беше некој бедни 300 000е ВКУПНО (ова е со ТВ права). Не се секавам точно ама имавме еднаш ваква дискусија ги ставив линковите овде. Металург со се сите приходи нема да има ни 500 000е приход. Ова не е фудбал друже.

Ако има толку фанови ко што викаш зошто не прифатат сите утакмици меѓу двата клуба да се играат во БТ? Ќе имаат 6,500 публика ко домаќини и ќе направат пари така? Зошто се кријат во Аутокоманда и одбиваат да пуштат карти во слободна продажба? Финтава е што иако имаат подобар тим, поголем буџет без притисоци во Аутокоманда они неможат да го добијат Вардар. Се виде лани за купот и во СЕХА на неутрален терен каде неможат да ја контролираат атмосферата едноставно паѓаат. Тоа е она што Вардар го има а они го немаат.
 
Сега читам неколку страни наназад, па имам едно прашање до комитите. Ако се сеќаваат на повратната утакмица со германците во ЕХФ за сезоната шо ја спомнав пред малку, да ми кажат во колкав број беа, каква атмосфера направија и во која минута од натпреварот ја напуштија салата. Можеби беше тоа затоа што изгубивте со 10 тина разлика на гости па некако немавте мотив за навивање ? Секој тим има навивачи додека има резултати и има за што да се радуваат, кога резултатите ќе изостанат секогаш се наоѓа нешто поинтересно што можите да го правите наместо навивање за тим во втора лига на пример. Далеку од тоа дека не ги почитувам комитите само имаше некои коментари поназад за кои сметам дека не сте во право.Извинете за офтопик.
Околу 200 души бевме, и атмосферата беше шарлатанска, нешто што не смееше да се дзволи. Почна со понудата за брак, и остана на заебанции до крајот.
Не е оправдување, ама нека ти текне на кој ден се играше мечот, па може ќе поврзеш зошто немаше многу Комити :)
 
Утрешниот натпревар меѓу Металург и Вардар е потполно небитен. Се надевам дека ќе го пуштат вториот состав. Никој не би сакал на еден ваков безврска натпревар да дојде до повреда на клучни играчи, битно е да се подготват за натпреварот со Киелце.
 
И на трибини да ви седат играчите од првата екипа ќе ги повредиме :icon_mrgr:
Со чатал ќе гаѓам, само да ги повредам :icon_lol:

Резултатски небитен дуел, ама сепак дерби е, па макар и кадетите играле. Добро е што и да изгубиме сто разлика нема да биде битно на резултатски план, ама сепак пораз си е пораз :icon_mrgr:
 
Не сум знаел дека си волку љубоморен али ајде повреди ги штом ти е толку мерак...ја да сум како тебе би го гаѓал Јоновски :D
 
Металург ќе донира за Трескавец

Средствата собрани од натпреварот против Вардар ПРО во рамките на СЕХА лигата, ракометниот клуб Металург ќе ги донира за возобновување на Манастирот Трескавец.

Истиот датира од XII век, а изгоре на 4 февруари 2013 година.
-Со овој потег сакаме и ние како спортски колектив барем малку да придонесеме за враќање на сјајот на овој наш културно-историска знаменитост, стои во нивното соопштение.

Околу 200 души бевме, и атмосферата беше шарлатанска, нешто што не смееше да се дзволи. Почна со понудата за брак, и остана на заебанции до крајот.
Не е оправдување, ама нека ти текне на кој ден се играше мечот, па може ќе поврзеш зошто немаше многу Комити :)
200 кога сите се разотидоа на другата трибина или си седнаа...иначе повеќе имаше.
 
Да да повеќе имаше, дојдоа да го склучат бракот и заминаа да слават први мај. Можеби сте најдобра навивачка група во Македонија ама во коментариве ја претерувате, некој ко ќе чита ќе помисли оти сте спремни и животот да го дајте за Вардар, а уствари ете на некој поважен да ти му бил први мај.
 
Не сум знаел дека си волку љубоморен али ајде повреди ги штом ти е толку мерак...ја да сум како тебе би го гаѓал Јоновски :D
Што има врска тоа со љубомора? :icon_mrgr:
Добар си е Јоновски, единствени провокатори се Манасков, Мојсо, Козлина и Станиќ, другите се прави спортисти или бар засега не се дрзнале да се замараат со публика :icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom