Интересно е тоа што тој тип на развој го има Словенија. Љубљана е затворен град. Мене ме напаѓаат овде оти тоа не им чинело. Дека секој нели има право да дојде во СК. Никој не сваќа дека ако го затворат СК откако ќе се среди СК и остатокот на МКД ќе просперира почнувајќи од градовите најблиску до центарот.
Мислам дека никој не се ни обидува да го „затвори“ Скопје, ниту, пак, некој се обидел некогаш.
Кензо Танге, ако не грешам, го проектирал како град за околу 200 000 жители, а денес има (неформално) околу 1 000 000.
Тоа создава проблеми, ама никој од „провинцијалците“ кои дошле да си го печалат лебот не е виновен што „некој“ ја „насадил“ Железара во Скопје (наместо во Тајмиште, на пример), што гради ТИРЗ во Бунарџик, а не било каде на друго место... Овие капацитети апсорбираат работни места, а во „провинција“ ги нема.
Лесно е да речеш да се „затвори“ Скопје, ама има ли барем јавен транспорт или патишта со капацитет да издржат дневно патување на илјадници луѓе?! Има ли ефикасен начин за патување до/од Скопје за 1 час до било која точка во земјава?
Нема.
Плус, сите услужни дејности се лоцираат во Скопје, разбирам, бизнис логика и сметки, ама ни институциите не се трудат да децентрализираат било што.
Ако се враќаме назад, работата е загрешена уште во 60тите, кога, намерно или ненамерно, почнало уништувањето на македонските села (ама да не го затупуваме муабетов).
Ако се прашувам јас, потребна е барем една смена на генерации за да се создадат услови за внатрешна (па и реверзна) мобилност на населението во Македонија заради работни места.
Од друга страна, не гледам дека институциите градат инфраструктура за поставување на таков правец, така што, Скопје уште повеќе ќе се „полни“ со луѓе од внатрешноста, да, заради работните места.... природно, ќе добива се поинаков лик од оној што го знаеш ти од твоето детство.
Тоа е тоа, тука не се може ништо.
Некои нови деца ќе си поставуваат свои правила.
Детството кое го лоцираш во некое Скопје од минатото е само твое, денешново Скопје веќе не е...
Поздрав.