Скопје низ призмата на еден Скопјанец

Член од
18 јуни 2012
Мислења
477
Поени од реакции
612
Сите зборат англиски, не знам за какви тоа дијалекти збориш друже да не мешаш акценти? И да тука дискриминираат исто ако не знаеш да збориш добро или ако збориш со голем акцент...
Тоа е невозможно. Не може некој што се родил во Австралија, а и неговиот татко, неговиот дедо, прадедо итн. се родени во Австралија, со некој што се доселил од Либија да зборува англиски со ист акцент, ни за 100 години. А тоа дека некој врз било каква основа е дискриминиран во Австралија, не сум сретнал, а најмалку не за јазикот.

Не збориме за чиј дијалект е политературен... Не ме занима тоа. Во мој град се збори мојот дијалект. Кај тебе твојот. Ако не го збориш мојот дијалект а не ни очекувам тоа да го правиш тогаш збори литературно дур си во мојот град. Исто важи ако се преселам кај тебе. Јас би зборел литературно сваќаш?
И сфати дека нема мој, твој, град. Смешен си со ова. :ROFLMAO:
 

white_eagle

: : stuck in void : :
Член од
21 јануари 2008
Мислења
953
Поени од реакции
716
FARANG Провинцијалецот член на политичка партија ли е крив што сите државни институции каде што може да се вработи партиски се лоцирани во Скопје? И тој бара исто така работа и ја добил пред некој партиски скопјанец. За жал така функционираат работите во државава моментално. Да имало и во Битола таа и таа административна државна работа, а тој е од Кавадарци на пример, мислиш не би го вработиле во Битола пред Скопје? Не можеш да обвинуваш некого за тоа што бара подобар живот отколку што тој што му го пружа провинцијата, а и не можеш да очекуваш да се навикне нормален човек за 2 месеци на тој твој фамозен "Скопски" живот.
 
F

FARANG

Гостин
Не, туку работи во светски позната фирма, што е уште еден доказ дека на пазарот се бара квалитет. Се додека си ја работи работата како што треба, јазикот кој го употребува е најмал проблем.
Емка јас работев во една од најголемите светски банки повеќе од 10 години. Имам работено на 3 контитненти и во држави и места кој хмм се апла банана републики. Да со англиски секаде можев да поминам АМА не е тоа тоа. Значи ако сакаш да се вклопиш во средината во која живееш потребно е да комуницираш како и локалното население. Твоја одлука е дали ти сакаш тоа или не. Денес зборам Тагалог (филипински) и таи(ландски) благодарение на тоа. Квалитетот да дојде до израз потребно е да можеш да комуницираш како што треба. Ако гледам дека живееш во СК а ми збориш охридски ти реков колку и да си квалитетна не би те запослил едноставно на тебе би гледал ко некој што е или тврдоглав инаетчија или неспособен да се прилагоди на локалниот живот. Иначе во банка работев како Mergers and Acquisitions BPO Manager - Australasia. Со други зборови голем дел од мојата работа беше префрлање на работни места од Австралија во Азија каде што е поевтино - business process outsourcing така да и те како знам што зборувам.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Друже , кога идеш на друго место ти почнуваш да употребуваш локални зборови бидејќи ти се интересни или поради некоја друга причина. Тебе сигурно никој не ти има преречено зошто збориш на Скопски - можеби само за да се направи шега у друштво. И јас има дијалекти што ми се глупи на слух како мелодија и општ впечаток ама не потам тука да објаснувам како овој „шетаниот“ дека се гадни дијалекти кога ги слушам на улица, дека треба саму кај нив да си седат и да се привикнуваат на некакви скопски навики ако дојдат во Скопје кои се исти како и на секое друго место во државата. Истите тие овој шетаниот што ги навредува без никаков проблем се снаоѓаат во било кој град и држава од земјината топка и во зависност од индивидуалните квалитети и среќа се снаоѓаат подобро или полошо.
Не не, мене природно ми иде да впивам од дијалектите. Али тоа сум јас, и мене ми е чудно како. Не ни осеќам како се трансформирам.
 
F

FARANG

Гостин
Тоа е невозможно. Не може некој што се родил во Австралија, а и неговиот татко, неговиот дедо, прадедо итн. се родени во Австралија, со некој што се доселил од Либија да зборува англиски со ист акцент, ни за 100 години. А тоа дека некој врз било каква основа е дискриминиран во Австралија, не сум сретнал, а најмалку не за јазикот.



И сфати дека нема мој, твој, град. Смешен си со ова. :ROFLMAO:
Значи збориме АКЦЕНТ не ДИЈАЛЕКТ. Голема разлика.

Незнам што работиш во Австралија така да неможам да зборам. Во мојава струка и те како има разлика дали збориш или не збориш со акцент...
--- надополнето: 26 март 2013 во 14:26 ---
FARANG Провинцијалецот член на политичка партија ли е крив што сите државни институции каде што може да се вработи партиски се лоцирани во Скопје? И тој бара исто така работа и ја добил пред некој партиски скопјанец. За жал така функционираат работите во државава моментално. Да имало и во Битола таа и таа административна државна работа, а тој е од Кавадарци на пример, мислиш не би го вработиле во Битола пред Скопје? Не можеш да обвинуваш некого за тоа што бара подобар живот отколку што тој што му го пружа провинцијата, а и не можеш да очекуваш да се навикне нормален човек за 2 месеци на тој твој фамозен "Скопски" живот.
НЕ обвинувам де. Јасно ми е како иде тоа. Прочитај го цел тек на таа дискусија за да сватиш што збориме.

Литературно сигурно знае и применува на работа тоа е се што се бара.
 

Jaqen H'ghar

Faceless man
Член од
25 март 2009
Мислења
1.077
Поени од реакции
1.271
"Локал патриот" кој се иселил на другиот крај од светот пред повеќе од 10 години и објаснува дека го нервираат дијалекти и провинцијалци :facepalm:
 
Член од
18 јуни 2012
Мислења
477
Поени од реакции
612
F

FARANG

Гостин
"Локал патриот" кој се иселил на другиот крај од светот пред повеќе од 10 години и објаснува дека го нервираат дијалекти и провинцијалци :facepalm:

Каде живеам/работам нема врска со тоа како се чуствувам штета што и други не сваќаат тоа. Иначе доволно сум во Скопје за да ме нервира тоа што ме нервира :icon_mrgr:
--- надополнето: 26 март 2013 во 15:02 ---
Знаеш ли ти што е воошто тоа дијалект? :icon_lol:

Ај разгледај овде за дијалекти на англискиот јазик... да не одам ептен офтопик.

List of dialects of the English language
:facepalm: Јас знам, дали ти знаеш? Не го гледам либанскиот дијалект... За либански акцент знам. Исто ко и за македонски или балкански акцент кога се збори англиски.

Нормално дека има шкотски, филипински, ново зеландски или јужно афрички дијалект... Погоди зашто?
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.404
Никој не ти зема работно место тебе. Ако некој од "провинција" е поспособен од тебе, тоа не е негова вина. За тоа ќе си ја обвинуваш твојата неспособност. А и веќе добро познато е дека Скопје, уствари, го градат провинцијалците. Така да...
Да ми извиниш,(ја посра сега работата) еве ти и факти.
Точно дека Скопје го градат Паланчани,Кумановци, Поречани и др. и тоа повеќето се над 50 па има и над 60 години,многу поретко млади,и на ним не им се работи.
Но за првото да ти одговорам,Јас имам повеќе деца .Ама и тие имаат свој деца.
Јас не се фалам со јак речник,или со јако работно место,обичен Кв бравар сум 40 год
Мојте родители ни тоа не биле,само со основно,нешто српско нешто бугарско и после ратот нешто вечерно колку да може да се потпишат на поштарот.
Но некој од децата завршија и Факултет,иако јас не ни знам каде е тој факултет,ниту пак некој од фамилијата.Едно дете заврши,на истиот факултет и за магистер,во индексот има само една деветка.Доби после долго натегање и потврда ли се викаше,како најдобар студент на тој факултет со највисок просек. Еве е без работа веќе 10 години.
ТОЧНО ОД господини од другите места на оваа држава.Додека стидираше на многу им пишуваше.семинарски ли како се викаа дипломски работи,тие лица иако со 66666
666666666666666666666 и една 7 во индекс веднаш се запослуваа,кој во својте градови,кој овдека по на вујко му линија,или некоја друга за мене непозната.И дури са и професори таму некаде се поставени по средните школи.
Не ли треба да јаде не само тоа дете него и нивното,дал господ.Зошто кажи да не може да најде работа овдека,додека во меѓувреме по разни фирми и установи од истата струка се примат други од Струга или Велес, да ми извиниш НЕПИСМЕНИ,
ова колку да ве налутам,сигурно се пописмени и од моето дете ама писменоста ја донеле во торба или со оглав,па нашле работа.Од што е тој поспосебен,кога државата дала документ кој е најспособен,и тоа од УКИМ е факултетот. Е способноста овде е значи дијалектот,само поради тоа многу овдека се запослија и им го земаа лебот на некој наши деца како на мојте.Јас да сум ти некој директор или политичар можеби и ќе сум ги запослел. Сега јасно тие или треба документи.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Никој не ти зема работно место тебе. Ако некој од "провинција" е поспособен од тебе, тоа не е негова вина. За тоа ќе си ја обвинуваш твојата неспособност. А и веќе добро познато е дека Скопје, уствари, го градат провинцијалците. Така да...
Од каде тоа јас почнав да пишувам за моите способности, каде напишав па јас за моите способности??Друго, каде јас почнав да пишувам за твоите или пак за на некој друг способностите?Јас знам дека темата не гласи моите или твоите способностите или пак на некоја друга личност.Ако не знаеш да читаш добро не е срамно да признаеш, и да, простено ти е од мене.
Или пак сакаш твојата неспособност да ја префрлиш на мене?Немој со вакви евтини потфати, ти се гледаат само намерите кои ти се............али добро можеш како типичен пример за она што го говорев јас да послужиш ти, фала што се јави.Ништо лично спрема другите членови кои не се од Скопје.
--- надополнето: 26 март 2013 во 19:58 ---
Оваа тема нема никаква допирна точка со оваа тема што ја диксутираме. Сосема различно. А партиски вработувања има секаде, и во Скопје и во Прилеп и во Битола.. секаде.

„Му рекол зајакот на магарето имаш големи уши“ - така гласеше таа народна поговорка......
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
Никој не го оспорува фактот дека се доага во Скопје за поголема плата,за работа,женачка,мажачка итн,итн но никој не им го дава правото да го нарекуваат Главниот град на РМ дека е валкан,дека живеат сељаци,дека нема кај да се паркира,итн,итн...Треба да се разбере дека како што сите Охригани,Битолчани,Струмичани се горди на своето родно место така и Скопјани се посебно горди на своето родно место,и сметам дека треба да се почитува,нели....
Не можеш да се појавиш од некаде и да почнеш да се однесуваш како што тебе ти чини.Сепак тука живеат луге.А ако не ти одговара однесувањето на Скопјани и нивниот дијалект кој за жал веке го нема,тогаш ке се дружиш со оние кои ти одговараат.
Мислам дека Скопјани се најплукани од сите што живеат во Македонија.Но зошто е тоа така?Поради некој неизмиен мочко ке ги мразиш сите Скопјани?Мислам дека нема логика,и дека тоа е најголема глупост.Но и другите градови го имаат тој проблем.....Сервус
 

Jaqen H'ghar

Faceless man
Член од
25 март 2009
Мислења
1.077
Поени од реакции
1.271
Никој не го оспорува фактот дека се доага во Скопје за поголема плата,за работа,женачка,мажачка итн,итн но никој не им го дава правото да го нарекуваат Главниот град на РМ дека е валкан,дека живеат сељаци,дека нема кај да се паркира,итн,итн...
:pos: :pos:

Која глупост напиша, па тоа е вистината бе Џони. Не сме ние Сител па да зборуваме дека се е розово во Скопје.
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Интересно е тоа што тој тип на развој го има Словенија. Љубљана е затворен град. Мене ме напаѓаат овде оти тоа не им чинело. Дека секој нели има право да дојде во СК. Никој не сваќа дека ако го затворат СК откако ќе се среди СК и остатокот на МКД ќе просперира почнувајќи од градовите најблиску до центарот.
Мислам дека никој не се ни обидува да го „затвори“ Скопје, ниту, пак, некој се обидел некогаш.
Кензо Танге, ако не грешам, го проектирал како град за околу 200 000 жители, а денес има (неформално) околу 1 000 000.
Тоа создава проблеми, ама никој од „провинцијалците“ кои дошле да си го печалат лебот не е виновен што „некој“ ја „насадил“ Железара во Скопје (наместо во Тајмиште, на пример), што гради ТИРЗ во Бунарџик, а не било каде на друго место... Овие капацитети апсорбираат работни места, а во „провинција“ ги нема.

Лесно е да речеш да се „затвори“ Скопје, ама има ли барем јавен транспорт или патишта со капацитет да издржат дневно патување на илјадници луѓе?! Има ли ефикасен начин за патување до/од Скопје за 1 час до било која точка во земјава?
Нема.
Плус, сите услужни дејности се лоцираат во Скопје, разбирам, бизнис логика и сметки, ама ни институциите не се трудат да децентрализираат било што.
Ако се враќаме назад, работата е загрешена уште во 60тите, кога, намерно или ненамерно, почнало уништувањето на македонските села (ама да не го затупуваме муабетов).
Ако се прашувам јас, потребна е барем една смена на генерации за да се создадат услови за внатрешна (па и реверзна) мобилност на населението во Македонија заради работни места.
Од друга страна, не гледам дека институциите градат инфраструктура за поставување на таков правец, така што, Скопје уште повеќе ќе се „полни“ со луѓе од внатрешноста, да, заради работните места.... природно, ќе добива се поинаков лик од оној што го знаеш ти од твоето детство.
Тоа е тоа, тука не се може ништо.
Некои нови деца ќе си поставуваат свои правила.
Детството кое го лоцираш во некое Скопје од минатото е само твое, денешново Скопје веќе не е...

Поздрав.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.710
Да додадам: не е во ред да се обвинува ако некој е снаодлив. Такви има секаде. Тоа што Макеоднија е земја само за снаодливите, е друга приказна.
И факт е дека дојденците се поснаодливи. Студиите во СКопје се многу добар тренинг. (y)
 

Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
551
Да, али уште не ми е јасно каква враска има тоа со "провинцијалците" кои се доселуваат во Скопје и кои зборуваат на нивниот дијалект? o_O
Не се праи мутав па ти па стопати ти се објасни кај е проблемот и пак си тераш по свое.
Никој не ти вика зошто збориш на дијалект дома или со другари или со роднини итн.
Проблемот е кога работиш у Скопје и кога комуницираш со луѓе кои не ги знаеш,дали приватно или професионално да збориш литературно Македонски,НЕ СКОПСКИ. Никој не ти стаи нож под грло и да те тера да збориш така.
Според тебе и тие што размислуваат како тебе,значи ако одам да живеам со фамилијата у Србија,треба со тамошните да зборам Македонски? па шо,знам дека ме разбираат,шо има да им зборам Српски,ќе се замарам сеа како не. И тоа не значи дека и дома морам да зборам Српски со моите,ама надвор се знае,ако сакаш да се адаптираш и претопиш у средината мора да се прилагодиш а не да изиграваш локал патриот.
--- надополнето: 27 март 2013 во 00:19 ---
Мислам дека никој не се ни обидува да го „затвори“ Скопје, ниту, пак, некој се обидел некогаш.
Кензо Танге, ако не грешам, го проектирал како град за околу 200 000 жители, а денес има (неформално) околу 1 000 000.
Тоа создава проблеми, ама никој од „провинцијалците“ кои дошле да си го печалат лебот не е виновен што „некој“ ја „насадил“ Железара во Скопје (наместо во Тајмиште, на пример), што гради ТИРЗ во Бунарџик, а не било каде на друго место... Овие капацитети апсорбираат работни места, а во „провинција“ ги нема.

Лесно е да речеш да се „затвори“ Скопје, ама има ли барем јавен транспорт или патишта со капацитет да издржат дневно патување на илјадници луѓе?! Има ли ефикасен начин за патување до/од Скопје за 1 час до било која точка во земјава?
Нема.
Плус, сите услужни дејности се лоцираат во Скопје, разбирам, бизнис логика и сметки, ама ни институциите не се трудат да децентрализираат било што.
Ако се враќаме назад, работата е загрешена уште во 60тите, кога, намерно или ненамерно, почнало уништувањето на македонските села (ама да не го затупуваме муабетов).
Ако се прашувам јас, потребна е барем една смена на генерации за да се создадат услови за внатрешна (па и реверзна) мобилност на населението во Македонија заради работни места.
Од друга страна, не гледам дека институциите градат инфраструктура за поставување на таков правец, така што, Скопје уште повеќе ќе се „полни“ со луѓе од внатрешноста, да, заради работните места.... природно, ќе добива се поинаков лик од оној што го знаеш ти од твоето детство.
Тоа е тоа, тука не се може ништо.
Некои нови деца ќе си поставуваат свои правила.
Детството кое го лоцираш во некое Скопје од минатото е само твое, денешново Скопје веќе не е...

Поздрав.
Сакаше Трифун Костовски,кога беше Градоначелник на Скопје да го затвори градот за доселеници.Ова важеше за сите,не само за жители надвор од Скопје туку и за тие надвор од МК.
Да неможе да се добива жителство туку така,него по л.к. кај си роден таму и да останеш.
Но не му дозволија дали советниците дали од партијата,не ми текнува.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom