- Член од
- 21 септември 2012
- Мислења
- 132
- Поени од реакции
- 50
Јас мојот Галакси с3 го користам 3-4 месеци, купен од Т-мобиле, перфектен телефон нема што. Но, пред неколку дена татко ми донел уште еден, во бела оригинална кутија, отварам кутијата и внатре се исто како кај мојот, значи буквално се, Made in Korea батеријата, телефонот Made in Vietnam, ставам картицата, работи сосема исто (значи буквално без никаква разлика) од мојот, и си реков оригинален е. Расчепкав се и открив дека има само 6 гига меморија, па ми стана сумљиво. Го регистрирам на Play, си ги симнувам сите апликации, дури и некои тешки игри (GTA Vice City), ги игра без проблем. Сеуште мислев дека е оригинален, и татко ми ми кажа дека уствари е копија.. Значи буквално никаква разлика освен меморијата (и да, дури и картицата 32 гб клас 10 ја чита), така да воодушевен сум од копијава и дури криво ми е што го платив мојот 30тина илјади.. а да, и тачот работи беспрекорно.