Туристички Реклами

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување

Дали еден спот би ве мотивирал за посета на едно туристичко место?

  • Да..

    Гласови: 9 45,0%
  • Не!

    Гласови: 8 40,0%
  • Можеби... / Ќе одговорам во темата.

    Гласови: 3 15,0%

  • Вкупно гласачи
    20
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Хм, се загледав нешто реклами за туризам и викам ај да отворам тема.

Најдобрата според мене и за тоа како се рекламираат земјите од регионов ( прва реклама), а како ние. Кај нас не заради тоа што туѓото е послатко, туку затоа што сепак реално ние во споредба со другите сме тиња!
Црна Гора​
Република Српска ( Босна & Херцеговина)​
Белорусија​
Турција​
Грузија​
Азербеџан​
Грција​
Р.Македонија​
( со грешки камера во кадар и платното во Преспа ?!)​
Првата реклама на CNN 2003?! и многу подобра од оваа другава​
Како треба да изгледа една туристичка реклама, како да привлечете повеќе туристи и што ние потребно да се прикаже во спотот? Пари имаме за фрлање не се проблем, проблем е само креативноста барем така мислам за сега. Повелете и вие...
 
Hip.Hop_MKD

Спото ... ебаго де прилеп :icon_mrgr: имаш грешка пријател.

Инаку нормално дека првиот впечаток за некои си одредено место е рекламата па постоа јас си барам слики по нет да разгледа што точно е од таа реклама ако веќе ме привлекла доволно. :)

Што се однесува до нашата земја пари има но има и креативност но нема доволно реклами за повеќето места најмногу се обврнува внимание на Охрид - Скопје а останатите градови? :)
 
Еден од најголемите пропусти. Кратово е занимливо, Куклица, Битола има што, Крушево итн. Промовирање само на Охрид и Скопје. Само на тоа се фокусираат, а има и други поубави места. Слабо се и промовира дури и селскиот туризам.
 
Тоа е главниот проблем во Мкд со рекламирањето пари има, исто има и креативност но главниот проблем е тоа што во Мкд има премногу убави места за туризам кои дури речиси воопшто не се ни рекламираат а зошто врска немам. Битола, кратово, берово, крушево исто и за шар планина, галичица, пониква, пелистер кои се преубави планини за планиниски туризам посебно за велосипедисти :) има доста Мкд што да покаже во туризамот но треба добра реклама за сите места и проекти со кои ќе се средат некои места за некои намени.
 
Еден од најголемите пропусти. Кратово е занимливо, Куклица, Битола има што, Крушево итн. Промовирање само на Охрид и Скопје. Само на тоа се фокусираат, а има и други поубави места. Слабо се и промовира дури и селскиот туризам.
А кои се тие места во Македонија поубави од Охрид???
 
Освен културното наследство, може да се сними и уште нешто , немора да се гледа само чистотата , треба малце да се заврти камерата и кон темната страна, да знаат туристите ко ќе дојдат овде што ги очекува, па исто може да се напраи и снимка од некој град, туку све во Охрид е скоцкано. Ќе помислат туристите освен Охрид овие изгледа друг град немаат, само културно наследство во Охрид им има останато немаат друг археолошки локалитет , цркви , манастири , плажи и т.н. Немора да е све цркви , цркви и цркви тоа ме бедира само во спотовиве. Кога ги гледам видеава се мислам , до толку ли е се розево во оваа наша мала Македонија ? :) Интересни видеа во секој случај незнам што друго би можело да се додаде.
 
За таа намена и служат рекламите :)
 
За таа намена и служат рекламите :)

Додуша шо велиш и тоа , еднаш доволно е да дојдат, веќе вториот пат ќе подразмислат дали Македонија или некое друго место кадешто нема недоделкан народ кој фрла ѓубре кај му стигне :)
 
Секогаш каде и да сум одела сум пребарувала детално за местото. Слики, видеа, коментари и те како ми се битни пред да одам некаде.
Секаде во свет гледаат да го изрекламираат најдоброто од својата земја, само кај нас најлошото. Кога веќе вложуваат толку пари за реклами, зошто не погледнат некое странско видео. Да видат како е средено едно туристичко место, па да знаат што недостасува во нашите туристички места. Толку удрија на реклама на Охрид, а ко ќе отидеш ќе сфатиш дека само центарот е среден. Не дај боже да тргнеш по селцана Пештани, Лагадин, св.Наум....одма се разочаруваш. Ѓубре на сите страни, распаднати куќи, патот крш, тревишта до небо, плажите запуштени:eek:
Ебате туризмот коа не се посветува доволно внимание на основни работи.
Од туризам може да ја полнат касата асално, ама изглеа не им одговара. Толку убавини има државава шо е жалосно што се толку запуштени.
Берово, Маврово, Крушево, Шапка, Крива Паланка, Дебар, Кочани, Дојран, Струга од нив можат да мкнат пари, ама да ги средат. Ко ќе отидеш да прошеташ да се осеќаш ко чоек, а не го животно.
Па тек од селски туризам колку пари може да врти државава. Ама они градовите ги запуштија бетер од села, а не па за селата да се погрижат.
Целото уредување на туристичките капацитети не чини многу, ама треба некој да вложи. Без влог нема добивка.
 
А кои се тие места во Македонија поубави од Охрид???
Мислам Охрид е најубаво место во Македонијава. Тоа езеро, тоа цркви во кој се плаќа за да влезеш. Едни услужни локали и сладок народ, тоа убавото езеро со плажи полно ѓубре, ма тоа една архитектура зачувана. Многу се грижите за Охрид, уште малце и аут ќе бидете од УНЕСКО. Има илјада места поубави од таму и кој вреди да се презентираат. Не туку биди нарцис.
 
Една реклама не може да те мотивира да заминиш да посетиш некоја земја.
 
Мислам Охрид е најубаво место во Македонијава. Тоа езеро, тоа цркви во кој се плаќа за да влезеш. Едни услужни локали и сладок народ, тоа убавото езеро со плажи полно ѓубре, ма тоа една архитектура зачувана. Многу се грижите за Охрид, уште малце и аут ќе бидете од УНЕСКО. Има илјада места поубави од таму и кој вреди да се презентираат. Не туку биди нарцис.
Не биди толку нарцис??? Очигледно е дека ниту ги познаваш убавините на Охрид ниту пак на другите места во Македонија. Охрид можел да биде заштитен од УНЕСКО поради својата уникатност, да биде инспирација за великани како Прличев, Миладиновци, цар Самоил, св. Климент и св. Наум, Охрид можеше да ги воодушеви Ден Долард, Џорџ Клуни, принцот Чарлс, Ерван Фуере и уште еден куп белосветски патници, но сепак за твојата префинетост Охрид е само една депонија се непријатни луѓе која треба да биде отпишана од УНЕСКО само за да можеш ти (и тие како тебе) да се ситиш и препуцаваш со охриѓани и оние кои навистина го сакаат Охрид. За жал нашиот менталитет и малограѓанство тешко дека ќе се променат во догледно време, наместо сите да бидеме горди на она што го имаме било да е тоа Охрид, Пелистер, Крушево, или Кокино, ние ќе продолжиме со плукање по се она што навистина нешто вреди во државава. Во Хрватска на пример, не постои човек (да речеме од Загреб) кој ќе рече лош збор за Дубровник, Сплит или Хвар, иако и таму се се плаќа (и тоа дебело), иако и таму постојат еден куп проблеми и несредени работи. А ние само го истакнуваме она што не чини, како убавото да не е вредно нити да се спомене, како да е нормално само да се критикува и куди, а никако да се пофали нечиј труд и успех и сето тоа од злоба и завист. Срамота!
 
Има и илјада причини за да се тргне од УНЕСКО. И така таму ве примија колку од сожалување, ама сега ќе ве тргнат ќе видиш.
deal-with-that
Има и многу многу други места кој заслужуваат да бидат на таа листа од Македонија. Ти реков, јас во Охрид еднаш бев и никогаш повеќе. Златна Струга!

Него немам намера да се замарам сега со Охрид, не ми е дури ни тоа темата. Факт е дека се промовира премногу.
 
Намера имаш, немаш ФАКТИ!
„има и илјада причини за да се тргне од УНЕСКО. И така таму ве примија колку од сожалување, ама сега ќе ве тргнат ќе видиш„
Ти не кажа нити една причина. А за жалење си ти, кој очигледно ја отвори темата само за да плукаш по своето, како нашето да е најлошо, македонците за ништо не ги бива и сл. За жалење е твојот начин на размислување, твојата злоба и завист. Инаку, УНЕСКО под заштита зема маста од сожалување, во право си :)
Неколку пати напоменуваш дека имало многу други места подобри од Охрид, а никогаш не спомена нити едно. А Струга можеби е златна и убава, се согласувам, само што реално Охрид е многу пати поубав и покомплетен.
П.С. Со тоа што ТИ никогаш повеќе немало да дојдеш во Охрид, ќе му биде нанесена ненадоместлива штета на градот, без тебе Охрид ќе пропадне и ќе биде исклучен од УНЕСКО
 
Во ред нарцису, трчам за Охрид да не пропадне и езерото ќе пијам вода повеќе да има да мочам, да го кренам на уште малце нивото. Недоделкан ја отера темава за Охрид де за Охрид. Ти рекоа сите премногу се напиња само за него. Излези малце прошетај ќе видиш дека има и дурги убави места.:tapp: Ме напна...
Немало потенцијал немало ова, па како сакаш да има на другите места туристи кога само на едно место се вложува. Еве нека направат една реклама за Гевгелија, нека го прикажат како коцкарница. Еве Берово нека иде да речеме на CNN или на некоја регионална телевизија, нека се претстави таму како убаво место за планински туризам, а истото може за Крушево. Друг пример еве за едно село Галичник и Мијачкиот дел, рај за селскиот туризам. Што да кажам повеќе? Еве за Битола, бил значаен центар во Турската Империја, град на конзулани претставништа, во тек со модата она, ова ете пак имаш над нејзе Пелистер и планински туризам. Тука е и моликата. Островот Голем Град, Преспа. Ќе повеслаш по езерото малце да стигнеш до таму, таму може еден ресторан и автентични макеоднски јадења. Џабе што имаш приказна кога не знаеш како да ја продадеш! Трета финта, нешто како што оние во Шкотска со замоците и духовите :pos:, жива глупост знам се палат туристи на тоа. Него заминав сега и јас во сосем друг правец. Има можности нема се мозок. Нормално сеа не може да бидеме лидер во регионот покрај една Грција чиј буџет се полни голем дел од туризмот, но кога можат другите и ние можеме да земеме од колачот. Има потенцијал, малце вложување треба, инвестиции, интересна приказна и добра реклама.
А има два начина да си слушнал за некое место. Првото е некој ти кажал, другото е си видел реклама и сакаш да испиташ на своја рака.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom