Дежурна Ординација! #2

Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.805
Поени од реакции
3.059
пиев 3 дена еден антибиотик оспен, дали можам сега да сменам друг затоа што немам веќе тоа ? Инаку пијам затоа што сум малку настинат и грлото ме боли
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
пиев 3 дена еден антибиотик оспен, дали можам сега да сменам друг затоа што немам веќе тоа ? Инаку пијам затоа што сум малку настинат и грлото ме боли
Не, купи си оспен и продолжи со истиот толку дена колку што ти препишал докторот. Ако смениш сега само ќе си создадеш резистентни бактерии. Ако пиеш на своја рака, сепак продолжи уште два дена и во иднина не прави такви глупости.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.805
Поени од реакции
3.059
Не, купи си оспен и продолжи со истиот толку дена колку што ти препишал докторот. Ако смениш сега само ќе си создадеш резистентни бактерии. Ако пиеш на своја рака, сепак продолжи уште два дена и во иднина не прави такви глупости.
епа дека пијам на своја рака, немам рецепт, дали да запрам да не пијам веќе или да продолжам уште два дена со макропен ?
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
795
Поени од реакции
375
На кој начин може да се одстрани гинекомастија,само преку операција или има и некој друг начин ?
 
Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
На кој начин може да се одстрани гинекомастија,само преку операција или има и некој друг начин ?
Колку години имаш?

Еве сега ја прашав мајка ми, гинекомастијата се повлекува спонтано, но некад останува. Со упат од матичен за ехо преглед, ќе отидеш на преглед докторот ќе те опипа, ќе ти направи ултразвучен преглед и ќе ти предложи што понатаму. Ако имаш позади ареолата на дојката како грутка ондак тоа ти е гинекомастија.
Може имаш липомастија, што е зголемено масно ткиво како што разбрав.

После ќе треба и некои хормони да испиташ, за да се види да не стои некој патолошки процес па он да ја предизвикува гинекомастијата.

Најдобро е, ако те замара и ти прави проблем оперирај и терај си со животот. Инаку, се лекува само оперативно.
 
18 години имам иначе
 
Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
18 години имам иначе
Па мал си уште бе, нормално е да ти се јави физиолошка гинекомастија. Таму до кај 20 години би требало да се средат хормониве и да се повлече. Ама ако те замара тоа иди на матичен, кажи што те мачи, па ќе ти каже што понатаму. :)
 
Само да прашам тука,инаку имам гинекомастија уште од 13-14 години.
 
Член од
27 април 2011
Мислења
2.308
Поени од реакции
3.064
Вежбање.....исхрана и навики што го зголемуваат тестеронот...и на коњ си.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Бидејќи не добив одговор, а со надеж дека на друга тема постов можеби ќе биде позабележителен го копирам и тука.
На член од моето семејство (60 годишен) пред некое време му дијагностифицираа карцином на простата, кој е во поодмината фаза и се има проширено претежно во коските. Од она што разбирам а може лошо имам протолкувано, што од незнаење, што од вознемиреност, според Глисоновата скала е IV степен, а наведена е и цифрата 4-3. Досега не се забележани промени кај срцето, белите дробови и др. витални органи.
Операција засега не се препорачува, туку антиандрогена, хормонска терапија, и претпоставувам, зрачење, цитостатици и сл. Би бил неизмерно благодарен доколку некој упатен, дали преку искуство или образование, врз основа на изнесениве информации кои се доста оскудни, да напише нешто за успешноста на лечењето во подоцните етапи од развојот на болеста, евентуално да даде некаков статистички показател и сл. Да препорача некој лек, терапија. Секоја информација е добредојдена.
Благодарам.
 
Член од
23 јуни 2007
Мислења
368
Поени од реакции
333
Бидејќи не добив одговор, а со надеж дека на друга тема постов можеби ќе биде позабележителен го копирам и тука.
За овој карцином, со оглед на возраста во која се јавува, и траењето на болеста, се вели дека пациентите обично умираат со него, а не од него. Или практично, половина од пациентите со карцином на простата умираат од срце, а не заради карциномот. Секако вакви мудрости не ти значат ништо. Бидејќи прашуваш, а со тоа претпоставувам си подготвен да го слушнеш и одговорот, за вака напредна фаза на болеста, 5 годишно преживување се среќава кај околу 30% од случаите. Овој тип на карцином се разликува дури и во ист стадиум, во однос на инвазивноста, т.е. има случаи кои се многу инвазивни, но има и многу полатентни случаи, кој тип на третман ќе биде превземен, и дали радикални процедури се оправдани, треба да одлучи онкологот кој има увид во развојот на болеста, затоа ќе се воздржам од совети по тоа прашање, само ќе речам дека понекогаш е подобро да се остави човекот да го поживее на раат тоа време што му останува, одколку да се измачува со тешки постапки кои нема да имаат значаен ефект. Ви посакувам сила и само добро.
 
Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Бидејќи не добив одговор, а со надеж дека на друга тема постов можеби ќе биде позабележителен го копирам и тука.
Еве ја да пишам тоа го знам од дедо ми, тој на тие години исто беше дијагностифициран со карцином на простата, таа скалата ти покажува колку е променето ткивото на простата од она нормално како што треба да изгледа, ако добро се сеќавам.

Андрогени блокатори се лекови што го намалуваат лачењето на тестостеронот или целосно се прекинува неговото лачење оти патогеното ткиво кај овој карцином расне и се шири со помош на тестостеронот.

Дедо ми си живееше уште добри 12 години после тоа, последнава година малку лежеше, во меѓувреме го водеа на контроли и толку. Имаше проблеми со мокрење последниве 2-3 години носеше катетер, последнава му се зголемија болкиве па мораше да му даваат морфин, а штом ќе почнеш да му даваш човек морфин знаеш дека нема веќе назад.

Кај стари луѓе метаболзмот се успорува и ракот споро се шири и напредува, простатава е жлезда која има слаба прокрвеност па затоа и толку споро расне ракот, што е донекаде среќа у несреќа оти може да се купи некоја година.

Ако има во коски метастази, ако пациентот има болки се даваат биофосфонати, а лечењето најчесто е со надворешно зрачење со линеарен акцелератор. Но со отпочнување на андрогените блокатори некои метастази во коските може спонтано да се повлечат.

Во меѓувреме како биохемиски параметри да видите дали мирува карциномот или се шири може да се испитува PSA, free PSA, калциум во плазма, но за тоа ќе ви кажат докторите кога ќе го водите на контрола.

Бидете јаки и издржливи.
--- надополнето: 24 март 2013 во 12:28 ---
Па сето тоа го правам,2 години вежбам у теретана и имам изградемо добра и голема мускулатура :cool:
Може ти внесуваш храна која потикнува синтеза на тестостерон, но ароматазите го претвараат во естрадиол па ти прави проблеми. Во пубертетот овој ензим малку лудува, со хормониве се е така непредвидливо.
Тебе може нешто ти изгледа ко гинекомастија ама може и да не е, се додека не провери лекар ништо повеќе не може да ти каже некој на форум.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.900
Поени од реакции
73.082
Незнам дали е соодветна темава ама сепак да си прашам :)

Од секогаш сум имал проблем што во било какви патики многу ми се потат нозете (стапалата :D). Значи носам патики 2-3 саати не битно дали се движам или не, соблакам и гледам чорапите се водени.
Да не правиме муабет кога играм кошарка или фудбал, патикине како базен ми стануваат :facepalm:
Нормално е да ти се испотат, ама ваљда не до толку.
Некој ми кажуваше дека постоела некаква крема, која го намалувала потењето o_O
Чаре? :confused:
 
Член од
5 април 2010
Мислења
602
Поени од реакции
214
Ај да ве прашам овде.Веќе година дена периодично(некад се дешавало 1-2 месеца да немам ништо па ќе се појави пак еднаш во месецот некад и повеќе денови)имам болки во градите односо левата града кај пределот на срцето.Болката се појавува кога ке легнам значи пред спиење,и понекад кога ке се разбудам.Дали некој друг имал нешто вакво?Дајте совети што да правам.Иначе имам 18 год
 
Kajgana Shop

На врв Bottom