Македонија - Белгија [22.03.2013 - 20:45 часот]

  • Креатор на темата Креатор на темата Donatella Versace
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе победи?


  • Вкупно гласачи
    104
Статус
Затворена за нови мислења.
судијата беше се освен кепец lol
Како бре? Пенал за нас немаше ама немаше ни за Белгија. И мораше да биди построг за нив а за нас малку помек.
 
Tвое мислење.
Мене ми изгледаше дека баш се далеку од сите епитети изнаредени во последен период.Двата гола им ги поклонивме, не се глупи да не искористат.Штета не поминаа двете јаки шанси на почетокот и третата во 1/2 кога Пандев беше ‘краток‘.
Лазевски - МВП :нинџ:

Не ме сваќај погрешно, не велам дека се недопирливи, туку дека добрите екипи и кога играат лошо знаат да победат.Нас едноставно, не не' послужи среќата.
On the bright side, не сум видел Македонија вака добро да игра досега. :)
 
Некој ќе рече „не знаеш што е подобро - да играме крш и да изгубиме 2:0 или да играме супер и пак да изгубиме 2:0“.
Јас знам дека е подобро ова второто, затоа што после ваков пораз знам дека пак ќе отидам да ги гледам и бодрам нашите. Се гледа дека се трудеа, играа буквално до последниот свиреж. Јебешга, немавме среќа, прокоцкавме добри 4-5 шанси и казната си ја заслуживме. Тоа со судијата беше циркуз, воопшто не беше пресудно. Ни пресуди промашената шанса во првите 20 секунди, а потоа грешката на (кој беше тој што ја изгуби топката за првиот гол?) кој можеше и мораше да се избегне.

Тапа беше што стадионот не беше полн. Некој ќе рече „цената била висока“. Жими таквото - најпразни беа деловите со најевтините карти (200 денари)!
Секоја чест за тие што навиваа и си ги оставија гласовите. Ама факт е дека публиката станува се потапа и потапа. Мумлази, грицкаат семки и пратат фудбал како да гледаат театарска претстава. А на театар се кладам дека прават повеќе галама од на стадион. Стварно ми е жал за луѓето што дошле од Охрид, Битола, Велес и тн. после ваков пораз... Заслуживме барем нерешено. И играчите и публиката. Ама јебига, вторник е блиску - ќе има реванш! :)

Како не се најде некој паметен да направи упатство за навивање на национални натпревари. Или да оформи навивачка група за македонските селекции. На секои 20 метри да има по еден тапан и „воџа“. Сите да бидат синхронизирани во навивањето...
- Секогаш кога е противникот во напад, свири, урлај, прави галама, пцуј за сите неправди кои сме ги претрпеле, за тоа што ти касни платата, за тоа што те вара жена ти! Битно прави галама!
- Слушај го ритамот на тапанот. НЕ Е СРАМОТА ДА СЕ ПЛЕСКА И ПЕЕ ЗА МАКЕДОНИЈА.
- Грицките набутај си ги у гз! Рацете и устата се навивање, не за јадење за време на натпревар!

Момци, ако го читате форумов, да знаете дека сте ТОП и дека цела јавност ве поддржува. Продолжете со добрите игри, не замеруваме за вакви порази.
 
Моментално прополис барам по фиокиве за грлото, мојов сектор гласен беше, нема замерки :D
 
Еве едно коментарче од некое типче на неам појма која страна. Заеби страната, коментарот му е тотално на место!

Da ne sakate karti od 10 denari? Za Aca Lukas 1000 ne vi e mnogu, ama 200 za Makedonija bilo skapo...


6 х [Југ + Север(празните)] = Исток + Запад

Гостите урлаа повеќе од нашиве:eek:

И не ми е јасно, кој к*р почнаа сите УЕФА МАФИЈА кога ова е под ФИФА? Или му удрија меракот на гостинот?
 
Одличен натпревар изигравме, ама тоа е тоа Македонското, баксузот :facepalm:
Што наксузи ќе бевме човече, па онаа првата шанса на Јаховиќ ни самиот Куртоа не знае како ја одбрани :facepalm:
А и Јаховиќ требаше да биде многу посиугрен во таа шанса, пошто беше пдообра и од пенал.
Да поведевме тогаш ќе ги пресечевме и имаше да ги торпедираме до крај.
После и топката на Тричко не влезе...
Неколку пати убаво ги игравме во нападот, Пандев добро проигруваше, им одеа и дриблинзите на нашите, ама немавме човек што ќе заврши акција. Јаховиќ потфрли денес, ама толку му е силата. Ме изнервира кога не се извлече од офсајсд при една акција, сто госдини дремеше и на крај пак кога му ја додадоа во офсајд беше.
Се изнауткавме шанси :place:
Овој Куртоа имаше меч на кариерата се да му ебам :facepalm:
Пачовски :facepalm:
Добро бе што е со нашиве голмани, ќе се најде ли некој што нема да киксира?
Не знам зошто, али мислам дека Нурединовски сепак е најдобро решение за нашиот гол. Па сдури и Захов може да настапува, само што има пвореда во моментов...
Од нигде-никаде ни дадоа гол.
За голот виновни Лазевски и Пачовски.
Лазевски има пгоолема вина, изгуби топка во негов простор, но сепак Пачовски не смееше никако да си дозволи да прими гол на негова страна. Не знам што очекуваше, смшно е да се очекува дека играчот ќе додаде и да му ја оставиш цела страна празна за да даде гол.

Второ полувреме спласнавме малце, Мирко донесе малце свежина во нападот но не доволно...
И пак и со послаба игра имавме повеќе шанси од нив...
Судијата досуди контроверзен пенал, неможам да кажам дали беше или не ама мислам дека нашиот игралч стигна пред Хазард до топката...
За нас немаше пенал иако публиката протестираше. Мирко одглуми...
Ме изнервира намерниот лакт на Фелаини кога не доби никаков картон...
Судијата судеше за нив, но сепак тоа не го реши мечот.
Мило ми е што цел стадион скандираше УЕФА мафија, нека цркнат сите наконтени фаци што му го дудлаа на Платини.

Тоа е тоа, градиме добар стил на игра, но како за инает мнногу кискираме во одбрана. Има уште многу да се работи, ама бар во моментов играме фудбал.
СЕ НАДЕВАМ НЕКОГАШ И СРЕЌАТА ЌЕ БИДЕ НА НАША СТРАНА! :unsure:
 
Не ми се верува луѓево уште гласаат на анкетава,дал да плачам ил да се смеам.
 
да се испрдам еднаш и да речам ново сонце над слободата
 
лазаревски ја продаде утакмицата
 
лазаревски ја продаде утакмицата
Сите ја продадоа бе.Та тој Пандев кога игра за некој Италјански клуб знае да се растура од давање голови,а тука незнае ни еден гол да даде.Сам пред гол,топката му иде точно на глава само пет сантими требаше да ја подаде главата напред за да постигне гол,да не истегне некој вратен мускул случајно.Али стварта е што во странство го плаќаат милиони,а тука зема колку една просечна македонска плата,факт е дека нашите не се доволно мотивирани баш од овие причини.
 
Гледам се утепа давајќи голови Пандев оваа сезона.
 
Дали некој виде дека химната не беше како што треба кога се пееше...? Осеќам дека ќе ја мењаат. Инаку албанциве пак не пееле ко што слушам?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom